Закана за шведскиот јазик во Финска
Гетебoрг - Финската премиерка, Мари Кивиниеми, сака да ја влоши позицијата на шведскиот јазик во Финска. Тоа го тврди политикологот Јан Сундберг, пишува шведскиот дневен весник „Гетеборг-постен“.
Назадувањето на шведскиот јазик во Финска, според Сунберг, би можело да се спореди со етничко чистење.
Финскиот и шведскиот јазик се во рамноправна употреба во Финска, но во сите партии во таа нордиска з��мја има струења што го гледаат шведскиот јазик како пречка за еднојазична монокултура.
|