Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Баросо плаќа новинари за да му го поправат имиџот

Ќе има на располагање фотограф, телевизиски продуцент и лица што му пишуваат говори 24 часа дневно

На новинарите што се во придружба на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во странство, ќе им бидат платени трошоците што е дел од новата стратегија за јакнење на односите со јавноста, а тоа дано��ните обврзници ќе ги чини стотици илјади евра.

Баросо, поранешен португалски премиер, ќе има и фотограф и телевизиски продуцент на располагање 24 часа дневно, како и услуги од тим составен од четири лица што ќе му пишуваат говори, а кои може да ги повика во кое било време, се' во рамките на новата стратегија за јакнење на неговиот медиумски и политички профил.

Новите мерки за персонализација на неговиот имиџ „протекоа“ во писмото на Вивијен Рединг, комесар за правда, која е задолжена за комуникации во ЕУ.

ЕУ веќе остро критикуваше поради трошењето на над седум милиони евра за „забава“, обука и информирање на некои новинари минатата година, а со посебен акцент на тие од Ирска во време пред референдумот за Лисабонскиот договор. Сега Вивијен Рединг предлага јакнење на позицијата на Баросо во смисла на унапредување на комуникациските врски на Комисијата, истакнувајќи дека тоа е прв, но не и последен чекор во таа смисла.

Пакет-мерките вклучуваат тим од осум члена што ќе работи на Интернет-страница, потоа мониторинг и демантирање на критики на сметка на ЕУ, итна транскрипција н�� сите говори на Баросо, а од октомври ќе се плаќаат сите новинари што ќе патуваат со Баросо или други комесари „важни за состаноци во странство“. Меѓутоа, мерките се најдоа на удар на критики. „Трошењето пари за подобрување на рејтингот на Баросо е најнов од многуте проекти на ЕУ што се однесуваат на рејтинзи и суети, а тие трошоци мора да ги плаќаат даночните обврзници“, вели Сиан Херберт, истражувач при евроскептичниот истражувачки центар „Отворена Европа“. „Наместо да плаќа фотографи и видеозаписи на еден неизбран претседател на Комисијата, ЕУ треба да поработи на радикално подобрување на својот имиџ, со тоа што ќе почне да ги слуша своите граѓани и да престане да ги троши нивните пари“, рече тој.

Потегот на Комисијата предизвикува незадоволство, бидејќи голем дел од нејзината работа не се гледа во јавноста и затоа што повеќето нејзини главни претставници не и' се познати на пошироката европска јавност.

Баросо ќе одржи грандиозен говор „Состојба на Унијата“ во Стразбур, а притоа ќе ја изнесе својата визија за ЕУ за идната година, пред 736 пратеници.

Говорот, кој ќе биде прв од тој вид по примерот на годишното обраќање на американскиот претседател Барак Обама, поддржувачите на Баросо го оценуваат како голема платформа за претставување на идната стратегија на ЕУ како што го прави тоа и Обама.

Сепак, постои една разлика во однос на настанот пред Конгресот: пратениците ќе бидат парично казнети ако не седат 2-3 часа и не го слушаат говорот!

Лидерите на главните политички партии во Европскиот парламент одлучија да ги намалат дневниците на пратениците ако не останат во салата во текот на говорот, а тој предлог предизвика големи негодувања. Либералдемократот Сара Ладфорд рече дека тоа е апсурдно.

„Треба да бидеме демократски парламент во кој пратениците треба да бидат инспирирани да слушнат која било дебата за одредени интереси или да ја оценат нејзината релевантност“, рече таа.

Ладфорд додаде дека присилувањето на пратениците да го слушаат до крај говорот на Баросо под закана со дисциплински мерки, потсетува на сталинистичките и маоистичките методи од најлош вид.

Пратениците ќе бидат казнети со околу 60 евра за трошоците за храна и хотел доколку не останат во текот на говорот и подоцна во текот на дебатата. Говорот се совпаѓа со многу лош период за ЕУ. Еврото имаше кризна година, владите се под финансиска блокада низ цела Европа поради рецесијата, а според последните анкети ЕУ никогаш не била толку многу непопуларна, како што е денес. Меѓутоа, наспроти тоа, под притисок Баросо мора да одржи инспиративен говор.

Тимот на Баросо се надева дека новата медиумска стратегија ќе помогне да се трансформира неговиот имиџ.

Инаку, надвор од неговата земја Португалија, Баросо остави незначителен печат во текот на својата шестгодишна кариера во срцето на ЕУ, каде што е претседател на Европската комисија од 2004 година. Во младоста бил маоист, а подоцна и' се придружил на десничарската Португалска партија, па стасал и до местото премиер.

(Независне новине - Бања Лука)


#
Статијата е прочитана 503 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
За интеграција е потребно знаење на јазикот
9/11 Девет години потоа
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Терористот пристигнал од Ингушетија
И во белгиски цркви силувани малолетници
Солун викендов под полициска опсада
Закана за шведскиот јазик во Финска
Муслиманите на утринска молитва во центарот на Атина
ОН предложија „дијалог меѓу страните“
Србите најстар народ во Европа
Напредок во судството за членство во ЕУ
На улица 40.000 англиски полицајци