Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Хамбургер го избрка Лабадија по срамниот пораз од Хофенхајм

Управата на Хамбургер одлучи да го смени тренерот Бруно Лабадија по катастрофалниот пораз во неделата од Хофенхајм (1:5). Тоа беше втор пораз во последните три меча за Хамбургер во Бундеслигата, а кога на тоа ќе се додаде и бледиот меч против Фулам во полуфиналето од Лига Европа (0:0), јасно е зошто челните луѓе го загубија трпението.

Лабадија во последно време имаше судир со некои играчи, меѓу кои и Петриќ и Франк Рост, а наводно, постепено целата соблекувална се завртела против него. Сега тимот кој се наоѓа на седмото место во Бундеслигата, без шанси за пласман во европските натпреварувања, ќе го води помошникот на Лабадија, Рикардо Мониз.

Руни наЈдобар во изборот на сите играЧи

Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер Ј. и на англиската репрезентација, е добитник на наградата за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2009/12010.

Годишната награда ја доделува Здружението на професионални фудбалери од чии редови самите играчи го бираат најдобриот, а Гордон Тејлор, нејзиниот извршен директор, изборот го пропрати со следниве зборови: „Вејн сезонава, во својата нова улога, е апсолутно феноменален. Кога Роналдо беше во тимот улогата на Вејн беше споредна, а сега е напаѓач и стрелец број еден. Не само во Англија, тој е еден од најдобрите во светот“.

Досега повредениот Руни има постигнато 34 гола, од кои 26 во 30 одиграни натпревари во Премиерлигата. Иако има само 24 години, Руни зад себе веќе има три титули во Премиерлигата, два Карлинг купа, како и титула во Лигата на шампионите.

Минатата година најдобар во овој избор беше Рајан Гигс, а пред него два пати наградата одеше кај Роналдо. Во 2005 и во 2006 година Руни беше прогласуван за најдобар млад фудбалер, а сега тоа признание му припадна на Џејмс Милнер од Астон Вила. Тимот на сезоната изгледа вака: Харт, Ивановиќ, Вермален, Дан, Евра, Фабгрегас, Милнер, Флечер, Валенсија, Руни, Дрогба.


#
Статијата е прочитана 439 пати.

Испрати коментар

Од: darko
Датум: 27.04.2010 00:35:23
koga ke napisete nekoj zbor za CHELSEA FC. mnogu ocigledno na sportskiot urednik ne mu e po merak sto Chelsea gazi.I 20-0 da pobedime nema mesto za nas vo Utrinski.sramota.......

Најди! во Утрински
Спорт
Прв трофеј во Купот за ракометарките на Металург
Четири клуба на работ на баражот
Пандев нема дерман од Лотито и пред Барселона
Пацини ја облеа Рома во солзи
Партизан продолжува да владее со регионот
На Лион му треба меч од висок ризик
Вејд експлодира, Мајами избегна „метла“
Големо враќање на Винокуров во Лиеж
Ананд експресно му се реваншира на Топалов