Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ананд експресно му се реваншира на Топалов

Шампионот израмни на 1:1 во мечот за светската шаховска титула во Софија

По шокантниот пораз поради превид на стартот од мечот за светски шаховски шампион во Софија, бранителот на титулата Вишванатан Ананд веднаш се врати во игра, искористувајќи ги белите фигури за да израмни на 1:1 против предизвикувачот Веселин Топалов. Определувајќи се за отворање со д4, Индиецот иницира Отворена каталонска одбрана и во почетокот се чинеше како да е замелушен од варијациите избрани од противникот, но со постепениот маневар во продолжението стекна предност откако Бугаринот ја пропушти својата шанса со 16... Сц5. Еден потег претходно Топалов ја прифати понудената размена на кралиците, но во 28. потег ривалот ја врати материјалната рамнотежа на таблата со враќањето на пешакот препуштен во четвртиот потег. Остатокот од партијата го прикажа вистинското лице на Ананд, кој успеа да ја упрости ситуацијата на таблата, освои пешак и го принуди ексшампионот на капитулација по 43 потези.

Мечот со награден фонд од два милиона евра, од кои 1,2 милиона за победникот, се игра во 12 партии, но ќе заврши порано ако еден од ривалите стигне до 6,5 поени. По вчерашниот слободен ден, во денешната трета партија Топалов ќе го има почетниот потег.

Ананд - Топалов
1. д4 Сф6 2. ц4 е6 3. Сф3 д5 4. г3 д:ц4 5. Лг2 а6 6. Се5 ц5 7. Са3 ц:д4 8. Са:ц4 Лц5 9. О-О О-О 10. Лд2 Сд5 11. Тц1 Сд7 12. Сд3 Ла7 13. Ла5 Де7 14. Дб3 Тб8 15. Да3 Д:а3 16. б:а3 С7ф6 17. Сце5 Те8 18. Тц2 б6 19. Лд2 Лб7 20. Тфц1 Тбд8 21. ф4 Лб8 22. а4 а5 23. Сц6 Л:ц6 24. Т:ц6 х5 25. Т1ц4 Се3 26. Л:е3 д:е3 27. Лф3 г6 28. Т:б6 Ла7 29. Тб3 Тд4 30. Тц7 Лб8 31. Тц5 Лд6 32. Т:а5 Тц8 33. Кг2 Тц2 34. а3 Та2 35. Сб4 Л:б4 36. а:б4 Сд5 37. б5 Та:а4 38. Т:а4 Т:а4 39. Л:д5 е:д5 40. б6 Та8 41. б7 Тб8 42. Кф3 д4 43. Ке4 1-0



Георгиев трет во Бар



Првиот носител Владимир Георгиев (рејтинг 2575) го подели првото место на отворениот шаховски турнир во црногорскиот град Бар, со награден фонд од 9.100 евра. Во конкуренција на 64 учесници, Георгиев освои 6,5 поени од девет партии и четири рејтинг-поени, се' заедно доволно за третото место според Бухолц. Првата табла на репрезентацијата на Македонија беше подобар од Србинот Саво Гвозденовиќ (2129), од Црногорците Вељко Драганиќ (2268) и Марко Кривокапиќ (2429), како и од интермајсторот Лучан-Костин Мирон (2482) од Романија, кој го освои второто место. Ремизира со ИМ Горан Тодориќ (2394) од Србија и со велемајсторите Никола Ѓукиќ (2509) и Милан Драшко (2527) од Црна Гора, со Красимир Русев (2543) од Бугарија, како и со победникот, српскиот велемајстор Игор Миладиновиќ (2563).

Роберт Велески (2278), пак, со пет поени го подели 20. место и загуби 12 рејтинг-поени.

Конечна табела: Миладиновиќ, Мирон, Георгиев, Русев и Тошиќ по 6,5 поени, Драшко, Миљковиќ, Ѓукиќ, Чоара, Стојановиќ, Благоевиќ, Богут и Рајковиќ по 6 итн. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прв трофеј во Купот за ракометарките на Металург
Четири клуба на работ на баражот
Пандев нема дерман од Лотито и пред Барселона
Пацини ја облеа Рома во солзи
Партизан продолжува да владее со регионот
На Лион му треба меч од висок ризик
Вејд експлодира, Мајами избегна „метла“
Хамбургер го избрка Лабадија по срамниот пораз од Хофенхајм
Големо враќање на Винокуров во Лиеж