Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Вејд експлодира, Мајами избегна „метла“

Ѕвездата на „жешките“ постигна 46 коша, а неговиот тим го доби Бостон со 101:92 и намали на 3:1

Двејн Вејд ова лето ќе биде слободен играч и многу веројатно е дека ќе го напушти тимот на Мајами. Но, сепак, се погрижи да одигра барем уште еден натпреварот во дресот на „жешките“ во оваа сезона. „Експлодира“ во четвртиот дуел со Бостон, постигна 46 коша, што е нов клупски рекорд во мечевите од разигрувањето и ја предводеше својата екипа до победа со 101:92 со која намали на 3:1 во серијата до четири победи со селтикси. Во последниот период уфрли дури 19 вклучувајќи и три брзи тројки за резултатски пресврт и триумф на Мајами. На спротивната страна Рондо реализира 23 поени и девет асистенции, Гарнет забележа 18 коша и 12 скока за селтикси кои ги добија сите шест претходни дуели со „жешките“ во оваа сезона. Петтата плеј-оф пресметка меѓу овие два тима ќе се одигра во четврток во Бостон, а традицијата вели дека ниту еден состав досега никогаш не успеал да анулира негатива од 3:0 во разигрувањето за шампионскиот прстен.

Своја вечер имаше и Леброн Џејмс. Оствари трипл-дабл (37 поени, 12 скока и 11 асистенции) во победата на неговиот Кливленд над Чикаго со 121:98 за предност на кавалирси со 3:1 во серијата до четири победи. Одличен соработник Џејмс имаше во ветеранот Антоан Џејмисон кој уфрли 24 коша, најистакнати во составот на булси беа Јоаким Ноа со 21 поен и 20 скока и Дерик Роуз со 21 кош.

Во западната конференција Сан Антонио поведе против Далас со 3:1 по триумфот во четвртиот меч со 92:89, а идентична предност имаат и кошаркарите на Јута во серијата со Денвер, откако „џезерите“ ја добија четвртата пресметка со 117:106.

Резултати: Мајами - Бостон 101:92 (Бостон води со 3:1 во серијата до четири победи), Чикаго - Кливленд 98:121 (Кливленд води со 3:1),Сан Антонио - Далас 92:89 (Сан Антонио води со 3:1), Јута - Денвер 117:106 (Јута води со 3:1).


#
Статијата е прочитана 237 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прв трофеј во Купот за ракометарките на Металург
Четири клуба на работ на баражот
Пандев нема дерман од Лотито и пред Барселона
Пацини ја облеа Рома во солзи
Партизан продолжува да владее со регионот
На Лион му треба меч од висок ризик
Хамбургер го избрка Лабадија по срамниот пораз од Хофенхајм
Големо враќање на Винокуров во Лиеж
Ананд експресно му се реваншира на Топалов