Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Прв трофеј во Купот за ракометарките на Металург

Роберт Димитриевски

Својата доминација во домашните натпреварувања по симнувањето од сцената на Кометал Ѓорче Петров ракометарките на Металург ја потврдија со првиот трофеј во историјата на клубот освоен во 18. Куп на Македонија. Домаќинот на завршниот турнир што се одржа минатиот викенд во Автокоманда во финалето уште еднаш сезонава беше пресилен за единствениот каков-таков ривал Кале Кичево, овој пат славејќи со 35:23. Колкава е разликата во квалитетот меѓу кичевки и скопјанки, кои пред трофејот во Купот и теоретски го обезбедија и својот прв шампионски пехар во Скопско Суперлигата, покажа првото полувреме, кое Металург го доби со 17:5, а највисоката предност ја оствари во 50 мин., кога беше 30:14.

Средниот бек на победничката екипа Душица Ѓорѓиевска е прогласена за најдобар играч на финалниот турнир. Нејзиниот соиграч Драгица Митрова, пак, е најдобар стрелец со вкупно 13 гола, од кои шест во финалето, во кое толку пати во листата на стрелците се запиша и Елена Ѓорѓиевска. Реконвалесцентот Мирјета Бајрамовска постигна пет погодока.

По рутински одработениот Куп, во кој Металург стана трет освојувач по 16. трофеи на ѓорчепетровки и едниот на Вардар во 1994 година, тимот на Крсто Петрушевски се врти кон утрешниот реванш од полуфиналето во Челинџ купот против Букстехуде. Германките, кои во првиот натпревар во Скопје беа поразени со 22:21, за само еден гол беа елиминирани на стартот од плејофот во Бундеслигата. По победата од 25:22 во првиот четврт-финален дуел со Бломберг на домашен терен, составот на Дирк Лојн во реваншот загуби со 28:24. И тоа во драматичен финиш, кога на 16 сек. до крајот имаше двајца играчи повеќе, при што прво десното крило Фридерике Луц биеше во голманката Натали Хагел, за потоа Изабел Клајн четири секунди до последниот звук на сирената да упати удар над голот! Ако погодеше, Букстехуде ќе беше полуфиналист поради повеќе голови постигнати на гости.

ПЕЛИСТЕР ГО КУТНА ВАРДАР ПРО



По цели пет години, Вардар про падна во салата „Младост“ во Битола, каде што бранителот на титулата беше поразен со 29:28 од Пелистер во 23. коло од машката ракометна ВИП Суперлига. Со оваа победа екипата на Стефче Стефановски го зачува третото место на табелата од директниот конкурент Винарска визба Тиквеш, која славеше во Прилеп со 28:26 против Златен даб.

МРК Вардар ја совлада одамна отпишаната Преспа со 42:32, а Металург беше подобар од Тинекс Пролет со 25:17.

Табела: Металург 66, Вардар про 57, Пелистер 41 (-1), ВВ Тиквеш 40, МРК Вардар 30, Т. пролет 22, Златен даб 18 и Преспа -1.


#
Статијата е прочитана 364 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Четири клуба на работ на баражот
Пандев нема дерман од Лотито и пред Барселона
Пацини ја облеа Рома во солзи
Партизан продолжува да владее со регионот
На Лион му треба меч од висок ризик
Вејд експлодира, Мајами избегна „метла“
Хамбургер го избрка Лабадија по срамниот пораз од Хофенхајм
Големо враќање на Винокуров во Лиеж
Ананд експресно му се реваншира на Топалов