05.03.2012, 17:04 Скопје ќе се збратими со Белград
Град Скопје ќе се збратими со Белград. Градскиот совет вчера донесе едногласна одлука за збратимување со главниот град на северниот сосед. Планирано е двата града да соработуваат на сите полиња. Одлуката неодамна ја донел и Советот на Град Белград. Се очекува официјалното забратимување да се случи до крајот на месецов. Градоначалникот Коце Трајановски вчера најави дека делегација о�� Скопје ќе отпатува во Белград за да ја потпише конечната спогодба.
„Тоа ќе биде повеќе од симболика, имаме многу можности за соработка со оглед на тоа дека станува збор за два главни града и тоа на две соседни држави кои со збратимувањето само ќе ја потврдат блискоста и довербата на народите“, рече Трајановски заедно со амбасадорот на Србија во државава, Томислав Ѓурин, кој присуствуваше на седницата на градскиот совет. (Дс.Т.) |