05.03.2012, 17:03 Торино идеален модел за ГУП на Скопје
Градските власти имаа работна средба со делегација од градот Торино и одржаа повеќе презентации околу можното ниво на развој и меѓусебна соработка. За утврдување форма за пресликување на урбаниот и модерен модел на Торино, скопските власти увидоа дека недостига институција како што е „Урбан центар Метрополитано“, која ќе се грижи за проектот за создавање нов Генерален урбанистички план на Скопје. Освен утврдување на стратегиското партнерство меѓу двата града и развивање планска документација, на средбата беа презентирани резултатите од предлог-проектот „Јужен булевар - нова оска на развој на град Скопје“. (Б.Ш.) |