05.03.2012, 17:05 Изложба „Цртам за мојата мајка“
Детскиот културен центар „Карпош“ ќе ја реализира традиционалната изложба на цртежи на деца од предучилишните установи. Децата цртаа на тема „Цртам за мојата мајка“, а повод е празникот на мајката 8 Март. Изложбата ќе биде отворена во просториите на Центарот утре во 10 часот. За децата од градинките е организирана пригодна програма. (С.Р.) |