Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Македонија ќе добие акредитација за ИПА-фондовите

Македонија до крајот на месецов ќе добие акредитација за користење средства од третата компонента (регионален развој) на ИПА-фондовите на Европската унија. Ова вчера го соопшти Министерството за финансии, додавајќи дека Македонија добила позитивно мислење и за апликацијата за акредитација за четвртата компонента, развој на човечки ресурси, при што се очекува наскоро издавање акредитација и за оваа компонента.

Во програмата на ИПА (Инструмент за претпристапна помош на ЕУ) за периодот 2007-2013 година, за Македонија се предвидени вкупно 507,2 милиони евра за сите пет компоненти.

Притоа, за користење на средствата од првата и од втората компонента (транзициска помош и прекугранична соработка) не е потребна акредитација, а за другите е неопходна. Како ќе бидат искористени предвидените средства, ќе зависи од државата, бидејќи за нивно одобрување е потребен соодветен проект. Користењето на средствата е според принципот кофинансирање, при што за проекти од првата и третата компонента, 75 отсто од финансирањето е од фондовите на ЕУ, а 25 отсто се на Македонија. За втората и за четвртата компонента, 85 отсто финансира ЕУ, додека за петтата (рурален развој) соодносот е 50:50. (Макфакс)


#
Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Текстилците ќе се пребројуваат во септември
Заменета носната нога на „боингот“ на МАТ
„Жито Вардар“ предаде околу 3.000 тони јачмен
Комбинатот „Силмак“ повторно работи
Партнерство меѓу ССК и Прокредит банка
Според ММФ, почеток на крајот на рецесијата
ОПЕК прогнозира долготраен излез од кризата