ОПЕК прогнозира долготраен излез од кризата
Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) ги ревидираше најниските прогнози за светската потрошувачка на нафта во претстојните години, па за 2013 година предвиде дневна потрошувачка од 87,9 милиони барели, што е за 5,7 милиони барели помалку отколку во претходната прогноза.
ОПЕК оценува дека светската економија нема да успее за четири години да го достигне нивото на потрошувачка на нафта од 2008.
Заклучокот, кој е неочекуван за голем број експерти, е резултат на се' посигурните ставови на аналитичарите дека започнатиот излез на светската економија од кризата губи во динамиката и оти се очекува уште еден тежок пад. (МИА) |