Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Партнерство меѓу ССК и Прокредит банка

Сојузот на стопански комори и Прокредит банка ја продлабочија соработката склучувајќи договор за партнерство. Цел на овој меѓусебен договор е засилувањето на поддршката на бизнис-заедницата, преку организирање заеднички активности кои во фокусот ќе ги имаат претпријатијата. Во рамките на партнерството, Прокредит банка и ССК ќе организираат и неколку бизнис-форуми, чија основна цел ќе биде размената на искуства и можности за развој на бизнисите.

„Речиси повеќе од 80 отсто од кредитното портфолио на ПроКредит го претставуваат бизнис-кредитите. И понатаму нашата мисија ќе биде поддршка на претпријатијата и на економскиот развој на Македонија. Имајќи ја предвид нашата мисија и мисијата на Сојузот на стопански комори, партнерскиот однос беше сосема логичен“, истакна генералниот директор на Прокредит банка, Јованка Јолеска-Поповска.

Соработката ќе биде насочена кон претставување на услугите и на можностите на Прокредит банка за финансирање на стопанството, бизнис- средби со фирмите-членки на ССК, како и организирање работилници за сметководители и финансиски менаџери на мали и на средни претпријатија. (Ек.Р)


#
Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Текстилците ќе се пребројуваат во септември
Заменета носната нога на „боингот“ на МАТ
Македонија ќе добие акредитација за ИПА-фондовите
„Жито Вардар“ предаде околу 3.000 тони јачмен
Комбинатот „Силмак“ повторно работи
Според ММФ, почеток на крајот на рецесијата
ОПЕК прогнозира долготраен излез од кризата