„Жито Вардар“ предаде околу 3.000 тони јачмен
Во силосите на АД „Жито Вардар“ од почетокот на жетвата до вчера се предадени околу 3.000 тони јачмен.
Во наредните денови се очекува откуп на уште 3.000 тони. Јачменот е на земјоделците од велешките села Иванковци, Кочилари, Сујаклари, Мамутчево и Лозово, а се складира во фабриката за сточна храна на „Жито Вардар“ во Градско. Одредени количини се најавени и од ЗИК „Пелагонија“.
„Жито Вардар“ од идната недела планира да почне и со складирање пченица. Според првичните процени, прибрани ќе бидат 10.000 тони. (МИА) |