Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Становите пропаѓаат, измамените во очај

Само за скандалот со „Фи-ком“ се водат близу 200 постапки, а 90 отсто од нив се однесуваат на докажувањето на сопственост на купеното

Љубиша Станковиќ

Десетици измамени граѓани кои купуваа станбен или деловен простор од неколкуте градежни компании, чии сопственици завршија в затвор, и натаму чекаат и се надеваат на позитивен исход од судските постапки, кои се во тек. Знак за надеж можеше да биде првата пресуда што пред само три дена требаше да биде изречена во Основниот суд Скопје 2 , но тоа не се случи затоа што полномошникот на оштетените го проширил тужбеното барање и сега, освен барање за утврдување на сопственост на становите, побарал да се утврди и паричното побарување. Токму поради оваа причина судот донесе решение, со кое наместо пресуда случајот повторно го отвора од почеток. Нашите сознанија велат дека недосудената пресуда се однесува на судија од еден суд во Источна Македонија, кој е измамен во мега-скандалот наречен „Фи-ком“.

„Точно е тоа дека судот требаше да донесе пресуда, но поради проширувањето на тужбеното барање судот има такво право повторно да го отвори претресот од почеток. Не знам каква пресуда ќе донесе судот и не сакам да прејудицирам ништо. Во овој момент можам само да потврдам дека се активни околу 200 постапки и оти 90 отсто од нив се докажување на сопственост, а две постапки се однесуваат на хипотеките и по нив судот ќе постапува кон крајот на септември“, вели стечајната управничка на „Фи-ком“, Весна Спирковска.

Во септември скопскиот граѓански суд ќе треба да решава за двата „најгорливи“ објекта, кои ги градеше брачната двојка Никола и Весна Николиќ. Станува збор за објектите „Антигона“ и „Антигона 2“, во кои има повеќе од 100 станови и неколку деловни објекти и од каде што тргна „отпорот“ по обелоденувањето на скандалот со неколкукратното препродавање на ист стан.

Иако и случајот „Фи-ком“ е заглавен во правните лавиринти, сепак, тој е најдалеку во поглед на евентуалното разрешување. Сите други станбени афери, кои се настанаа во текот на изминативе години, се далеку во однос на „Фи-ком“ и нивната иднина е крајно неизвесна. Еден од нив е случајот со градежната фирма „Самарија“. Имено, за сопственичката на „Самарија“ веќе има судска пресуда. Кон крајот на мај минатата година пресудата против Луиза Миноска стана правосилна и таа веќе е на издржување на четиригодишната затворска казна.

„Точно е дека Миноска е на издржување на казната. Бидејќ�� веќе не сум нејзин бранител не можам да кажам дали за неа има и други кривични постапки или пресуди“, рече адвокатот Стеван Павлевски.

Нашите непотврдени сознанија говорат дека сопственичката на „Самарија“ и во друга кривична постапка, наводно, била осудена на идентична казна и оти против неа во тек се неколку судски постапки. Но, без оглед на пресудите донесени против Миноска, факт е дека десетиците измамени граѓани, кои купувале станови или договарале изградба чекаат пред судниците. Зад името на Луиза Миноска, односно компанијата „Самарија“, стојат објектите и плацовите за градба на улиците „29 Ноември, „Козле“, „Киро Крстевски“ и „Доситеј Обрадовиќ“.

„Не знам што веќе да направам. Неодамна поднесов пријава до управата за спречување перење пари. Му се обратив и на премиерот Груевски и на јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска. Сега чекам одговор од нив, но веќе не знам на што да се надевам“, вели еден наш соговорник, кој сакаше да остане анонимен.

И сопственикот на градежната фирма „ГИА инженеринг“, младиот Ѓорѓи Шоптрајанов, наесен повторно ќе се суди во скопска „единица“ откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда. Повисокиот суд констатирал суштествени повреди при изрекувањето на првостепенета пресуда, со која Шоптрајанов беше осуден на четири години затвор. За Апелациониот суд пресудата е нејасна и неразбирлива, а во содржината на образложението нема „доволно факти со кои би се утврдила кривична одговорност на обвинетиот Шоптрајанов“. Сето ова значи дека на Шоптрајанов ќе му се суди од почеток, но веќе се зборува дека тој успеал да обесштети најголем број од измамените.

Ѓорѓи Шоптрајанов се најде под кривичен прогон кога купувачи на станови во зградата број 10 на улица „Емил Зола“, во скопската населба Кисела Вода, пријавија дека ист стан им бил продаван на повеќемина купувачи. Со пријавата тој се сомневаше за измами со станови и во станбен објект, што воопшто не бил негова сопственост и оти целата афера „тежи“повеќе од 141 милион денари.

Во големото друштво на измамници со продажба на станови се јави правното лице „Конартис“. Со отворањето на скандалот со објектот наречен „Вардарче“, лоциран на улицата „Владимир Комаров“, сопственикот на „Комартис“, Гоце Зеленковски тврдеше дека ќе најде решение и ќе се ослободи од хипотеките со кои ги задолжувал продадените станови. Аферата покажа дека станувало збор за скандал тежок половина милион евра. Во август минатата година измамените станари ја добија правната битка со „Конартис“. Судот им го прифати тужбеното барање и тие ги добија становите, но Зеленковски не одговараше за она што го направил. За него се зборува дека од пред извесно време е во Србија каде што не само што живее, туку и води свој бизнис.

Не е познато што се случи со измамата направена уште во 2001 година, кога „Конартис“ станал сопственик на земјиште со површина од 1.500 квадратни метри, а за кои сопственикот на земјиштето требало да добие компензација со стан со површина од 170 квадратни метри? Веројатно и овој случај ќе остане нерешен, како и сите други, а измамените граѓани со години ќе докажуваат дека за она што платиле требало и нешто да добијат, макар тоа било и од стечајната маса.


Статијата е прочитана 1540 пати.

Испрати коментар

Од: OSTETEN
Датум: 13.07.2009 00:51:39
E makedonsko sudstvo, kogo stiti vo aferata SOPTRAJANOV, dojde vreme da se kaze otvoreno, kade zavrsija parite od ludjeto. Gogo fraerot slobodno seta a covekot moze da si dozvoli i obezbeduvanje, od kade pari za toa a i koi se obestetenite, dolzno objasnuvanje na avtorot.
Од: mihajlo
Датум: 13.07.2009 03:50:41
Ne treba da se vo ocaj stanarite.Sega ministerot Manevski (mozda so soveti od zenata mu Filimena) ke go resi problemot.Taka se resavaat problemite vo edna pravna drzava.Vo megjuvreme stanarite mozat da si potpevnuvaat : "moj Zelenko lego je da spava....." KATASTROFA!!!!!!!
Од: Izmamen
Датум: 13.07.2009 08:00:37
Sopratajanov obestetil nekogo? Nema sansa, sam si puta prikazni,. Toj slobodno seta niz gradov namesto da odi vo zatvor.kako moze da go vratat predmetot na apelacija zaradi nedovolno dokazi?Sudstvoto e mnogu korumbirano, no pravdata mora de se zadovoli.
Од: osteten
Датум: 13.07.2009 08:36:05
Slucajot so "Soptrajanov" e fenomen. za ovoj kriminalec nemalo dovolno dokazi!!!!!!E sude sude.... Bruka ziva..seta tipot niz grad i muva ne go lazi. Nikogo toj ne obestetil. No, cei zleze se na videlina naskoro zosto e seto ova vaka....
Од: DOLAR-EVRO
Датум: 13.07.2009 10:44:17
Iako istrazen sudija ima podneseno baranje do MVR,za dostapnost na Goce Zelenkovski,MVR poveke od edna godina ne go izvesuva Istrazniot Sudija.MVR krie Krivicna Prijava protiv Zelenkovski. Zosto MVR ili lugeto od VLASTA,se plasat od aferata KONARTIS..NO naesen so ime i prezime koi luge se Zamesani vo KONARTIS. A portparolot na MVR neka laze deka nema KRIVICNA Prijava protiv KONARTIS.

Најди! во Утрински
Хроника
Охрид во тага по двете момчиња што се удавија во езерото
Од гром загина говедар
Од бизнисмен ограбени 50.000 евра
Македонец претепан во Минхен