Од бизнисмен ограбени 50.000 евра
Две маскирани и вооружени лица ограбиле сопственик на менувачница, од кого одзеле 50.000 евра. Разбојништвото се случило во петокот околу 22,15 часот на улицата „Џон Кенеди“ , поточно во влезот од зградата каде што живеел Ќ.А. (1976), сопственик на менувачница во ТЦ „Чаирчанка“. Според МВР, Ќ.А. во 22 часот ја затворил менувачницата и со својот автомобил заминал дома. Пред зградата го чекале две лица со маски, кои по главата го удриле со кундак од пиштол, а потоа истрелале еден куршум во влезот. Му ја одзеле кесата, во која, според сопственикот на менувачницата, имало 50.000 евра и побегнале. (Г.А.) |