Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Охрид во тага по двете момчиња што се удавија во езерото

Роберт Трајчевски и Никола Јосифовски во саботата беа погребани во Охрид

ОХРИД - Охриѓаните Роберт Трајчевски (20) и Никола Јосифовски (19), во петокот околу 17 часот, се удавија во езерската вода во близина на хотелот „Парк“ во Охрид. Тие заедно со уште едно момче се возеле со педалинка, која се превртела и паднале заедно во водата, а едното момче, кое веројатно не знаело да плива, почнало да се дави. Тогаш едниот другар се обидел да го спасува, но и него го повлекол во длабочините на водата. Третото момче почнало да плива кон брегот и да бара помош за спасување, но обидот бил неуспешен.

„Откога слушнавме повик за помош, неколкумина капачи тргнаа кон местото каде што потонаа момчињата, а веднаш се вклучи и човекот кој беше во обезбедениот дел на плажата пред хотелот ‘Парк‘“, раскажува очевидец. Тој вели дека тешко било да се пронајдат телата зашто водата ги повлекла на дното. Во спасувањето се вклучила и екипа од Единицата за безбедност на вода на Црвениот крст од Охрид. По речиси еден час потрага, телата на момчиња биле извадени од водата, но тие не покажувале знаци на живот.

Удавените момчиња во саботата беа погребани во Охрид, а во јавноста со знак на тага се предупредува дека во текот на летната сезона капачите треба да одат на обележаните и обезбедени места на охридските плажи. Се напомнува дека овој случај треба ги предупреди и концесионерите на плажите да ги обезбедат и да ангажираат обучени спасувачи од Единицата на Црвениот крст во Охрид. (С.И.)


Статијата е прочитана 2062 пати.

Испрати коментар

Од: Alex
Датум: 13.07.2009 04:04:17
Steta sto dva mladi zivoti zgasnaa od nevnimanie. No ne se samo tie krivi za nivnata smrt. Vo site porazvieni zemji sopstvenikot na plovniot objekt e dolzen za sekoj patnik da obezbedi pojas/ elek za spasuvanje. Vo pomalite plovni objekti kako pedalinka, kajak isl. osobata mora da go stavi elekot na sebe pred da vleze vo plovniot objekt., bez razlika dali znae da pliva ili ne.
Од: goce
Датум: 13.07.2009 10:01:57
prevoznicite na matka, koi so chamci vrshat prevoz na posetiteli do peshterata ili tura po ezeroto, mora da obezbedat bezbednosen elek za sekoj od patnicite!
Од: Jovce
Датум: 13.07.2009 15:01:53
Da ama kaj nas ne vazi nikakov standard i propis, se e na divo.. Ako se sprovedat site zakoni nema da moze da funkcionira drzavickava bedna, jer ke mora da se zatvorat 90 % lokali a i poveke od pola politicari da otidat vo aps. toa e diva liga, steta za mladite luge.,takva tragedija od nevnimanie.
Од: tina
Датум: 13.07.2009 15:14:43
Zal za zagubenite zivoti. No za da ne se povtori, sega treba da se tuzi toj shto im ja izdal pedolinata bez pojasi za spasuvanje... Barajte si go pravoto roditeli! Bog da gi prosti, da si otidat od nevnimanie na "biznismeni".

Најди! во Утрински
Хроника
Становите пропаѓаат, измамените во очај
Од гром загина говедар
Од бизнисмен ограбени 50.000 евра
Македонец претепан во Минхен