Македонец претепан во Минхен
Тројца швајцарски малолетници се обвинети за обид за убиство, откако пред две седмици во Минхен претепале Македонец, чија возраст и идентитет не се соопштени. Според германските медиуми, 16-годишниците биле на екскурзија во Германија, по што без повод и причина крвнички го претепале нашинецот кој паднал во несвест. Тинејџерите, кои биле под дејство на алкохол и на дрога, потоа нападнале уште две лица, пишуваат германските весници. |