Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Компаниите немаат пристап до финансиите

Компаниите поради недоволна информираност тешко доаѓаат до финансии, проблем што може да се надмине преку усвојување на некои од најдобрите практики од дел од земјите-членки на ОЕЦД и од државите што неодамна пристапија кон ЕУ. Ова го оценија учесниците на вчерашната работилница на тема „Пристап до финансиски средства“, организирана во рамките на тригодишниот проект на ОЕЦД за подобрување на конкурентноста во Западен Балкан.

„На деловниот сектор му се потребни знаења и информации што ќе му обезбедат неговите барања за финансиска поддршка поднесени до банките и до изворите на неформално капитално финансирање да имаат поголеми шанси за успех“, заклучија учесниците.

Фокусот на проектот за подобрување на конкурентноста е на текстилната, автомобилската индустрија и ИКТ како индустрии, за кои, според анализите на ОЕЦД има заинтересирани инвеститори. Тие индустрии поради ограничениот пристап до финансии не можат да ги искористат предностите и да вложуваат во себе за да можат да се натпреваруваат со силната конкуренција.

„Текстилната индустрија во Западен Балкан, и покрај спротивните очекувања, е привлечна за странски инвеститори. Предностите со географската близина, блиските врски со европските пазари, конкурентноста на трошоците, долгата традиција, знаењето и искуството, може да ги искористат само со усовршување на оперативните процеси и технологија. Една од најголемите бариери што ги спречува фирмите да напредуваат е тешкотијата да најдат финансиски средства“, изјави заменик-министерот за економија, Методиј Хаџи Васков. (МИА)


#
Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Отпор спрема мерките за штедење во Германија
Бум ТВ реагира за дивото реемитување на ТВ Пинк
Граѓаните во дилема
Надоместоците за невработените ќе зависат од трошоците
Втора среќа за закупци за зоните
Французите типуваат на нашите планини
ЕУ ќе ги превоспитува земјите-должнички
Странските инвестиции намалени за 50 отсто
Естонија од 1 јануари во еврозоната
Георгиевски
Шпанците штрајкуваат против штедењето