Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Надоместоците за невработените ќе зависат од трошоците

Надоместоците што ги земаат лицата од Агенцијата за вработување да се усогласуваат согласно со трошоците за живот, а не како досега согласно со порастот на просечната плата во државата, предвидуваат измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, за кои вчера се расправаше на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Станува збор за надоместоците за лица што ги примале подолго од 12 месеци, а се на возраст од околу 60 години. Заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, истакна дека измените се во насока на воспоставување единствен концепт за пресметување на висините на надоместоците, со оглед на тоа што, како што појасни тој, е веќе воведен во неколку други закони.

За разлика од ваквиот став на заменик-министерот, опозицијата смета дека на ваков начин Владата само признава дека нема пари во буџетот и оти сака да ги намали трошоците, бидејќи, како што посочија, имало тренд на пораст на платите, па на таков начин би се зголемувале и надоместоците. „За разлика од тоа, статистика подолг период нема излезено со податоци за пораст на трошоците за живеење, иако ние секојдневно гледаме дека има пораст на цените на производите. Со измените нема да се покажуваат надоместоците, туку ќе можат и да се намалуваат“, рече Роза Топузова-Кареска од ЛДП.

На ова реплицираше Ристовски, кој истакна дека одредбата е прецизна и вели дека надоместоците ќе се усогласуваат согласно со порастот на трошоците за живот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 606 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Отпор спрема мерките за штедење во Германија
Бум ТВ реагира за дивото реемитување на ТВ Пинк
Граѓаните во дилема
Втора среќа за закупци за зоните
Французите типуваат на нашите планини
Компаниите немаат пристап до финансиите
ЕУ ќе ги превоспитува земјите-должнички
Странските инвестиции намалени за 50 отсто
Естонија од 1 јануари во еврозоната
Георгиевски
Шпанците штрајкуваат против штедењето