ЕУ ќе ги превоспитува земјите-должнички
Нови санкции против државите што се премногу задолжени завчеравечер договорија министрите за финансии на Европската унија, со цел да го зачуваат Пактот за стабилност. Претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј, по средбата изјави дека министрите се согласиле да воведуваат санкции кон задолжените земји и пред нивниот буџетски дефицит да ја надминат сега определената граница од три проценти од БДП.
Санкциите што се' уште не се дефинирани може да бидат воведени доколку некоја земја не ги зема предвид предупредувањата на своите партнери за нејзините јавни сметки или доколку глобалното ниво на нејзиниот долг расте со голема брзина. Ова е нова идеја на ЕУ, а тоа е да се следат не само годишните дефицити, туку акцент во иднина да се стави и на следењето на општиот долг, кој не би требало да биде поголем од 60 проценти од БДП. (Ек.Р.) |