Естонија од 1 јануари во еврозоната
Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната ја одобрија кандидатурата на Естонија за прием во блокот на еврото од 1 јануари наредната година. Премиерот и министер за финансии на Луксембург, Жан-Клод Јункер, кој е и претседавач со еврозоната, изјави дека Естонија ги исполнува сите услови од Мастрихт за воведување на еврото како национална валута. Естонија ќе стане 17. членка на еврозоната. Се очекува нејзината кандидатура да биде одобрена и од лидерите на Европската унија на самитот што ќе се одржи на 17 јуни во Брисел. (МИА) |