Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Французите типуваат на нашите планини

Потребни се, обично, мали семејни инвестиции и бенефитот, секако, ќе биде најголем за локалното население

Миркица Поповиќ

Планинскиот и алтернативниот туризам ќе бидат меѓу најважнитте гранки на Балканот во иднина, а Македонија има голем потенцијал за развој на планинскиот туризам. Ив Фук, обучувач од Центарот за европски истражувања во областа на туризмот, со дел од соработниците на проектот за децентрализирана соработка меѓу францускиот регион Високи Алпи и Тетово, уште од 2006 година работи на истражување на туристичко- планинскиот потенцијал на Македонија. Посебен акцент е ставен на Тетово и Шар Планина со помош на француското Министерство за надворешни и европски работи.

Фук истакнува дека кај нас не треба целосно да се оттргне фокусот од масовниот туризам, туку едноставно да се посвети повеќе внимание на развивање одржлив алтернативен туризам, со поголемо почитување на животната средина. „Ваквиот туризам не бара големи странски инвестиции. Потребни се обично мали семејни инвестиции и бенефитот, секако, ќе биде за локалното население. Кратко или среднорочно, овој вид туризам ќе создаде нови работни места и приходи што ќе го подигнат стандардот на руралното место“, вели Фук, додавајќи дека овој тип туризам е се' уште непознат на Балканот, пред се', поради неверувањето дека може да успее. Самиот Фук потекнува од Алпскиот регион Бријансон, кој има 130.000 жители и по 30 години работа со планински туризам го има издигнато на ниво на индустрија со годишен приход од една милијарда евра.

Заклучоците на групата француски туристи од пределот Високи Алпи, кои 11 дена шетале низ Македонија, е дека државата има импресивна природа и планинарски пешачки патеки за развој на планинарскиот туризам. Како што потенцира Фук, генерално, ваквиот вид туристи од западните земји не сакаат големи хотели, туку сакаат поинтимно искуство, повеќе сакаат да дојдат во контакт со локалното население, да пешачат, да уживаат во природата и да ја проучуваат локалната флора и фауна. Самите контакти на локалното население со туристите ќе им помогнат на мештаните подобро да ги разберат потребите на гостите и посоодветно да ја приспособат туристичката понуда.

Во врска со означувањето на планинарските патеки, Јован Божиновски од планинарскиот клуб „Љуботен“ вели дека во државата се маркирани 70 отсто од спортските планинарски патеки. „Меѓутоа, за овој вид туристи е потребна и друга инфраструктура, полесни патеки и пешачки тури до 3 часа, места за одморање, информативни табли за типичната флора и фауна на пределот. Такви има неколку, пред се', во националниот парк ’Маврово‘“, вели Божиновски. Понатамошен чекор би било градење повеќе планинарски домови и мали куќички за засолнување и преспивање на патеките на пешачење. „Такво нешто би било поволно доколку сакате да пешачите од врвот Љуботен по гребенот за да стигнете до Маврово“, додава Божиновски. Тој истакнува дека засега речиси и нема интерес за финансиска поддршка на вакви проекти, но дека планираат да аплицираат за ИПА-средства, а за зголемување на интересот ќе контактираат и со факултетите за туризам.

„На Македонија и' недостига имиџ“, заклучи Фук со образложение дека имиџот може да се подобри преку директен контакт на туристите со локалното население, новинарски репортажи во списанија и веб-страници насочени кон групи заинтересирани за планинарски туризам, а не преку видеоспотови од кои веќе се заситени туристите од западните земји.


#
Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 09.06.2010 00:18:53
Nasite planini ima sto da ponudat, pogotovo ako se investira vo niv. Planinski vozdusni spa centri, welnes centri, izolirani od guzva i vreva koj ke nudat mir, tisina i cist vozduh, a relativno blisku do gradovite(hit vo svetot). Podobro nesto za razvoj na turizam vo Makedonija nema.Ohrid e precenet i toa od samite nas.Site za Ohrid zboruvame so godini, a fakt e deka na strancite Ohrid ne im e interesen za poveke od den-dva,neretko nekoj stranski turi(sosedni)prestojuvaat vo Ohrid samo po nekolku casa i si odat, a seta energija za razvivanje na turizmot, tamu ja trosime.

Најди! во Утрински
Економија
Отпор спрема мерките за штедење во Германија
Бум ТВ реагира за дивото реемитување на ТВ Пинк
Граѓаните во дилема
Надоместоците за невработените ќе зависат од трошоците
Втора среќа за закупци за зоните
Компаниите немаат пристап до финансиите
ЕУ ќе ги превоспитува земјите-должнички
Странските инвестиции намалени за 50 отсто
Естонија од 1 јануари во еврозоната
Георгиевски
Шпанците штрајкуваат против штедењето