Странските инвестиции намалени за 50 отсто
Виена - Директните странски инвестиции во Источна и во Јужна Европа се намалени за половина во 2009 во однос на 2008, а во Бугарија и во Романија, како и во други држави од Јужна Европа, се очекува уште поголем пад во 2011, покажа истражувањето на виенскиот Институт за меѓународни економски студии.
Минатата година директните странски инвестиции во државите од Источна и од Јужна Европа изнесувале 58,54 милијарди евра во споредба со 115,36 милијарди евра во 2008 , посочува Институтот. Така, инвестициите во регионот во 2009 се сведени на исто ниво како во 2005. (МИА)
|