Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Компанијата презема мерки за зачувување на брендот

Скопје - Менаџментот на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) денеска со соопштение до јавноста ги демантира наводите на новинарите од „Утрински весник“, во кое се наведува дека она што тие го изнесоа на прес-конференција, не соодветствува со намерите на компанијата, целите на нејзината деловна политика, како и уредувањето на весникот.

„Обидот преку повикувањето на јавноста и пласирањето неосновани политички инсинуации го оценуваме како непримерен притисок врз правото на една приватна компанија да ги уредува сопствените односи внатре во куќата согласно со нејзините економски интереси и развојни цели. Мерките за рационализација, преземени на ниво на целата групација по налог на сопствениците, веќе даваат позитивни финансиски ефекти во одделни друштва и со самото тоа го оправдуваат нивното донесување и примена. Никој на ниво на групацијата не е изземен со мерките на штедење и рационализација, така што тоа не може да биде и во случајот на ’Утрински весник‘“, пишува во соопштението од МПМ.

Овие мерки, посочуваат од компанијата, се преземаат и се неопходни токму поради тоа да се одржи брендот „Утрински весник“ во рамките на целата групација, но, се разбира, не по секоја цена, туку сообразно со принципите на здравото финансиско работење и економската стабилност на компанијата.

„Менаџментот е во постојана комуникација со главниот и одговорен уредник на весникот и со претставникот на Синдикатот со цел да се обезбеди непречено и стабилно одвивање на активностите во Редакцијата. Таа конструктивна соработка е и ќе биде важен фактор и во спроведувањето на мерките на рационализација и штедење што се без алтернатива, вклучувајќи го тука и почитувањето на правата на вработените согласно со постојните законски норми“, се наведува во соопштението од менаџментот на МПМ.  


#
Статијата е прочитана 2555 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 24.06.2011 23:55:22
I vie se vmro-izirate. Ne ste vekje za citanje...
Од: trpe original
Датум: 25.06.2011 01:33:16
Ke otpustite 10 novinari, koi se najcitani. Ke opadne tirazot (kako e so Dnevnik?) i gotovo. Pa ke vrabotite samonareceni novinari od poznatiot tip, i tirazot uste poveke ke padne. Ke peeme: gotovo e gotovo.Nema svrha glavnata urednicka da se pravda so povisokite celi. Se e procirno. Ama siseto ne se zaborava, koga togas ke izleze na videlina.
Од: Е да бе!
Датум: 25.06.2011 01:46:24
Ај сега ќе се убедуваме дека германците основале ВМРО МПМ партија. Иди бегај...
Од: od nekoj
Датум: 25.06.2011 01:51:40
Edinstven vesnik sto go citav ama po se izglea veke nema.Neka vi e nazdravjee!!!
Од: Ѕвездан
Датум: 25.06.2011 02:42:53
Колеги, штом го објавувате ова деманти, помисливте ли дека е фер да објавевте барем во неколку реда што се кажало на таа прес-конференција што веднаш се демантира. Вака...
Од: Oskar
Датум: 25.06.2011 07:26:44
Zalam sto zgasna mojot vesnik. Ova sto denes mi se nudi ne zasluzuva vnimanie. Me cudi sto Gl. urednik ne se pojavi so svoj stav. Strajk-breherite nikogas ne bile na cena. Odgovorot na upravata na MPM e neiskren i neubedliv. Sudbinata na vesnikot bese zapecatena poradi kritickiot stav kon vladinata politika i nemanjeto cuvstvo kaj citatelite za vrednostite na vistinata i kritikata. Direktorot na MPM iskreno kaza, vrtime kon desno, tamu se parite, drugo nisto ne e bitno. Dozvolivme so nasi pari da ne manipuliraat. Cao.
Од: kapitalizam
Датум: 25.06.2011 07:53:59
Ova se pravilata na igra vo kapitalizamot. Mislam deka VAC treba da im go prepusti Vesnikot na novinarite i tie neka rabotat pazarno sami. Pominaa vreminjata koga drzavata, a sega sopstvenicite da finansiraat neproduktivni vesnici. Dokolku toa ne e taka, togas veniskot ke moze sam da se izdrzava od vernite citateli.
Од: читател на неутрални весници
Датум: 25.06.2011 08:00:15
Се случува истото како и со ДНЕВНИК каде преку ноќ се појавија ВМРО-вци и веднаш се препознава неговата неутралност. СРАМОТА за еден бренд кои излегува повеќе од 20 години.
Од: Секула
Датум: 25.06.2011 08:27:55
Грешка на штрајкувачите. Отидоа да плачат во А-НУЛА. Бог да чува! А-НУЛА и лоповот Велија ли ќе ве спасуваат кога и нив им се спрема клуч заради криминалот. Отидоа да се молат во погрешна црква (или во џамија). Со такви погрешни потези, со побратимување со А-НУЛА, ваквите новинари и заслужуваат да добијат отказ, а весникот со избалансирано известување има шанса да си го задржи брендот. Угледајте се на Нова Македонија - ем ја критикува ем ја фали власта - ама од пропаднат весник, се накрена и си стекна стабилна публика.
Од: Asan od Krivolaka
Датум: 25.06.2011 08:57:11
Ej vie neustrasivi novinari od Utrinski, uste Rodendenskata zdravica ne vi e zavrsena, a situacijata vo koja se najdovte se vlosuva. Pak se povtoruva ona Stemnilo mi se smracilo, ili uste pojasno: Crna mi se Cuma zadala... Ocigledno e vo prasanje vasata Gilotinja, no nemojte da se predadete. So vas e narodot vo celata drzava. Ke ve podrzi i Evropa i celiot Svet. Bidete hrabri i zestoki vo borbata za vistinata i koja sto ja vodite protiv eden korumpiran i uplasen Rezim. I jas sum so Vas.
Од: Marshalov napad
Датум: 25.06.2011 09:31:47
Tie se naviknati na Spic, Vreme i do vchera Utrinski, izbalansiranost ili sprotivno mislenje za niv ne postoi, tie se cheda na totalitarizmot! Za niv spas nema.
Од: забеган.
Датум: 25.06.2011 09:49:54
Поарно да згасне Утрински него да се потчини некому.Свесни сте нетреба ние ЧИТАТЕЛИТЕ да ви солеме памет.Ако некому нешто должете е тука ви нема спас.
Од: toni
Датум: 25.06.2011 10:10:35
kogo lazete be prodadeni dusi,ve pikna vo sise!!!nikogas vekje nema da ve kupam ili procitam!!! tipikus makedonskam rabota se prodavate po niski ceni...
Од: MIKI
Датум: 25.06.2011 10:46:39
Zalno, zalno i strasno sto se lsucuva na mediumskiot pazar. Po 25 godisno novinarsko iskustvo mozam da recam novinarstvoto vo Makedonija e mrtvo! Gazdite sakaat plitkoumni novinari koi grebat so kvazi analiticnite tekstovi po povrsina i nisto poveke. Imav prilika godina dena da pominam vo novata Nova Makedonija na gazda Minco i uzas - polupismeni novinari se smetaat za zvezdi, se raboti vo strav, ozboruvanja, kodosenja, site molcat, a molcea i na toa sto za nekolku meseci otkazi dobija (bez pricina) dvaesetina novinari. Kolegi od sprotivnata strana na MPM izdrzete i ne veruvajte vo lagite deka brendot ke se zacuva.
Од: Aleksandar Talevski
Датум: 25.06.2011 15:18:32
Navistina e trgicno,glupavo i apsolutno nemenadjerski na ovoj nacin da se resavaat problemite sto gi ima t.n.doktor Kerim. Vesnikot si ima svoja citatelska publika i toa treba da se pocituva. napravete analiza na platite na dovcerasnite menadjeri i ke vi bide jasno od kade se problemite. P.S. Nikoj ne gi saka/pocituva saboterite na strajkovi!!
Од: Za Sekula
Датум: 25.06.2011 16:19:34
Sekula tresna i ostana ziv.Znae Sekula sto se slucuva samo taka mu odgovara da pisuva, toj e na platen spisok na plukaci po demokratijata.
Од: bezanec
Датум: 25.06.2011 19:48:41
Е на запад не како што ќе му текне на некој ВМРО-вец,гони ги тие луѓе ќе вработиме наши. Шрво и основно е разговор со синдикатот,а сето друго се што следува. Ме радува што тамошниот синдикат застанал на страната на штрајкачит,влева надеж истрајте .
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.06.2011 23:01:47
Компанијата превзела мерки да го уништи раритетниот бренд кој размислува слободно,самостојно и поинаку и да го принуди да наликува на сите останати!Наликувањето на другите,ќе се согласите,нема допирни точки со називот бренд,туку е истороден со зборот полтрон на власта,кој секогаш пишува хвалоспев за неа!

Најди! во Утрински
Насловна
Денот започнува со „Утрински весник“ 12 години
Печатено
Насловна
За името повторно се разговара во Брисел
Парламентарците доаѓаат утре
Славата, митот и крвта на ВМРО (22)
Суперзен во суператмосфера
Како растеше Александар
„Утрински весник“ излегува
Кико и Ивица ги збудалија девојчињата
Грците знаат кој е воинот
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Задоцнета реакциЈа на ММФ
Македонија игра на своето славно минато
Искреноста е невозможна мисија
Хрватска доби зелено светло за присоединување кoн ЕУ
Секси дама со остар ум
Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан
На плажа во Куба или со брод до Америка
Кливленд го избра Ирвинг за прв пик
Стил
Мекејн
Онлајн вести

"""