Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Парламентарците доаѓаат утре

И во овој парламент повторно ќе бидат голем дел од досегашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА

Нови личности, но и многу познати лица утре ќе се појават во пленарната сала, 20 дена по одржувањето на предвремените парламентарни избори за да ја одржат конститутивната седница на седмиот парламент. Ова Собрание првпат ќе брои 123 пратеници (120 плус тројца од дијаспората). Заседанието треба да почне точно напладне и со него ќе раководи највозрасниот пратеник, лидерот на СП, Љубисав Иванов - Ѕинго. Тој и Тито Петковски од НСДП, инаку, се доајени меѓу пратениците, членови на сите досегашни собраниски состави.

Всушност, и во новиот парламент повторно ќе бидат голем дел од досегашните пратеници од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Исто така, повторно ќе ги гледаме и сегашните пратеници од албанскиот блок - Али Ахмети, Мендух Тачи, Арбен Џафери, Ермира Мехмети, Теута Арифи, Џеват Адеми, Талат Џафери, Имер Алиу, Мерал Ферати.

Во Собранието ќе има и нови лица, меѓу кои и атрактивната Наташа Савова, директорка на Центарот за комуникации на СДСМ и ексшефица на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Седумтемина градоначалници што беа избрани за пратеници се откажаа од мандатите, а на нивно место доаѓа следниот од кандидатските листи. Па, така, на местото на Изет Меџити од ДУИ ќе седне Рафет Муминовиќ. Васко Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, а Ане Лашкоска наместо Марјан Ристески од Прилеп и Веле Ѓорѓиевски на местото на Ивица Коневски од Аеродром. На пратеничкото место на Стевчо Јакимовски од СДСМ доаѓа Станка Атанасова, а Борче Ставров на местото на Зоран Заев. На местото на Руфи Османи од НДП, пак, доаѓа Фламуре Демири-Креци.

Инаку, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на овие втори вонредни избори доби 56 пратеници, опозицискиот сојуз предводен од СДСМ - 42, ДУИ - 15, ДПА - осум и Национална демократска преродба на Руфи Османи - двајца пратеника. Па, Собранието сега ќе има шест пратенички групи - две од власта (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) и четири од опозицијата. Освен социјалдемократите и ДПА, парламентарна група ќе имаат четворицата пратеници од НСДП заедно со Ивон Величковски од ЛП, како и тројцата пратеници од ПЕИ на Фијат Цаноски и довчерашните новинари на А1 телевизија, Ленче Николовска и Сафет Бишевац.

Во овој парламент нема да го гледаме долгогодишниот пратеник - либералот Стојан Андов, кој беше претседател на првото повеќепартиско Собрание, а беше на чело и на вториот и на третиот собраниски состав (по половина мандат). Андов не се кандидираше за пратеник и пред изборите се повлече од политиката. Во новиот парламент нема да ги гледаме ниту либералдемократите и пратениците од Нова демократија на Имер Селмани, кои доживеаја дебакл на изборите.

На утрешната конститутивна седница пратениците ќе седат според вообичаената шема. Односно, претставниците од опозицијата на левата страна, а оние од владиното мнозинство во централниот и во десниот дел од собраниската сала. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се сместат во средната редица и во партерот десно во горниот дел. Веднаш зад членовите на Владата во заминување. Пратениците од ДУИ, исто така, ќе седат на старите места, во горниот дел на десната страна од салата. На левата страна ќе бидат опозиционерите од СДСМ, НСДП, ЛП, ПЕИ, ДПА и НДП.

Според Уставот, по конституирањето на Собранието, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го даде мандатот за состав на влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.


#
Статијата е прочитана 1147 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Денот започнува со „Утрински весник“ 12 години
Печатено
Насловна
За името повторно се разговара во Брисел
Славата, митот и крвта на ВМРО (22)
Суперзен во суператмосфера
Како растеше Александар
„Утрински весник“ излегува
Кико и Ивица ги збудалија девојчињата
Грците знаат кој е воинот
Компанијата презема мерки за зачувување на брендот
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Задоцнета реакциЈа на ММФ
Македонија игра на своето славно минато
Искреноста е невозможна мисија
Хрватска доби зелено светло за присоединување кoн ЕУ
Секси дама со остар ум
Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан
На плажа во Куба или со брод до Америка
Кливленд го избра Ирвинг за прв пик
Стил
Мекејн
Онлајн вести

"""