Промоција
Кико и Ивица ги збудалија девојчињата
Христијан Тодороски-Кико и Ивица Велоски, дел од македонските идоли, на заедничка промоција ги претставија своите први песни и спотови и ја официјализираа соработката со новата продукција „Мак мјузик“. За сефте на продукцијата зад која стојат Јован Јованов и Кристијан Стефановски - „План Б“, вчера точно напладне во „Експиријанс кафе“ на градскиот плоштад, беа промовирани песните „Ти би знаела“ на Ивица (Јован Јованов - музика, Борче Димитров - текст, Јован Јованов и Дамјан Лазаров - аранжман) и првенчето на Кико - „Пекол и рај“ (музика и аранжман - Јован и Иван Јованови, текст - Борче Димитров-Рафинерија), придружени со видеозаписи зад кои се потпишува Дарио Јанковиќ. Тешко дека некој од новинарите виде ништо од спотовите - што поради техничките проблеми, што поради разулавените девојчиња, кои газеа се' пред себе за да стасаат до автограм. (К.Ш.) |