Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Женски муабети

Секси дама со остар ум

Александра Слаѓана Милошевиќ

Александра Слаѓана Милошевиќ беше и остана синоним за екстраваганција - таква е во однесувањето, појавноста, такви и' се и песните

Валентина Тодоровска

Кога ќе и' се обратите со „легенда“, ќе ве дочека со зборовите дека кај нас овој поим се употребува лесно и неодговорно - се закачува на ревер како да се работи за најобичен беџ.

Александра Слаѓана Мил��шевиќ ја знаат сите што растеа во времето на Југославија. Беше и остана синоним за екстраваганција - таква е во однесувањето, појавноста, такви и' се и песните. Нејзиниот официјален старт на музичката сцена значеше и бомбастично привлекување на јавноста - кон крајот на 70-тите години хитот „Ау, ау“ е продаден во тиражот од 90.000 примероци, а потоа следуваа „Секси дама“, „Симпатија“ и „Амстердам“.... Всушност, успехот во музичката смисла се должеше на претходното искуство со продадени милиони албуми во просторот на Советскиот Сојуз
.

Сепак, шокантно беше појавувањето на Слаѓа во времето на едноумието - духовите до таа мера се вознемирија што оваа музичарка постојано беше атакувана, и на убав и на грд начин. Животот и' стана толку динамичен што во редењето на ликовите и случките не може да издвои ниту едно сеќавање. Признава - човек има тенденција премногу да ги памети грдите работи, но знае и да ја разубавува реалноста.

Во ова интервју ја имаме Слаѓана Милошевиќ од сосема друг агол.

За Вас се знае се', а всушност, не се знае ништо. Како успеавте да ја зачувате приватноста, да Ве нема во жолтиот печат - како фрлате ѓубре без шминка, со мрсна коса и слично?

„Ха, ха, го фрлам ѓубрето само доцна ноќе! Тоа вообичаено е обврска на мојата домашната помошничка или моите пријатели ми прават услуга. Шегата настрана, најважно е каков став има човек за себе. Ако немате самопочит, не очекувајте го тоа од другите. Ако сте нарцисоидни, ќе сакате се', па и својата интима да ја делите со другите. Доколку сте болно алчни и ако со вас владее желба за моќ, ќе сакате својот живот да и' го продадете на јавноста, бидејќи не цените ништо друго, освен пари. Бидејќи ниту една од горенаведените работи не се однесуваат на мене, го живеам својот живот на свој начин. Не можам да кажам дека фактот што сум 35 години јавна личност не му штети на мојот живот, но се обидувам да не се навлегува во мојата интима!“

Што мислите на новинарството денес, за поединците што ги полнат страниците на весниците, за форма без содржина?

„Убаво заклучивте. Целиот свет заталка во површноста. Модерно е да се нема мозок, со што помалку природни делови од телото. Новинарите што се занимаваат со темата забава, се со слична конституција. Притоа во медиумите владее висока корупцијата и за тоа никој не зборува. Неколку лобија, поддржани од страна на политичарите на власт, владеат со целата културно-забавна сцена во Србија. Тие воспоставија пазарно-потрошувачки систем, ги измерија понудата и побарувачката за одредени видови производи и тие самите ги произведуваат со што го покриваат целиот пазар. Во нашиот шоу-бизнис владее она што стручно се нарекува чист монопол. Монополистите се толку силни што никој не може да се појави на пазарот и да се натпреварува со пари, продукција, бројот на медиумите што ги поседува. Монополот е проширен надвор од Србија. Балканот е распродаден и за никого веќе нема место. За жал, во нашето општество не постојат контролни механизми, антимонополски, заштитни закони за кои се борам 10 години, а кои би го отвориле пазарот и би дозволиле уметниците со повисок квалитет да станат видливи за јавноста“.

Секогаш изгледавте поинаку, пред своето време, а во сета ваша појавност има и дозиран сескапил. Вие сте една од оние личности што ја уриваа теоријата дека убавите жени освен тој адут, немаат ништо друго.

„Не знам колку сум убава, а критериумите се различни. Мислењето за убавите и глупави жени е навистина надминато. Психологијата докажува дека убавите луѓе имаат повеќе квалитети од другите, и тоа го нарекоа ефект на ореолот. Се потврди дека убавите луѓе се поталентирани и поинтелигентни од другите“.

Како се негувате? Дали имате некои ритуали, строги правила што се смее, а што не, колку сте декадентни во трошењето на животот?

„Се обидувам да се придржувам до рецептот за умереност во се'. Моите потреби се скромни. Основно правило е да си опуштен, а не да се грижиш за парченце чоколадо, благо или за други забранети работи. Не сметам дека е многу важно дали ќе бидам полничка, слаба со затегната кожа или исончана. Моите приоритети се наоѓаат во друга сфера. Се брзам за да научам, да разберам, да прочитам, да напишам, да се подобрам... друго не е важно“.

А феминизмот? Што велите за фактот дека сте им идол на жените што немаат храброст да излезат од „стадото“?

„Моите ставови можат двојно да се толкуваат. Како што веќе спомнав, секој од нас треба да ги искористи своите потенцијали, да ги најде задоволството, среќата, смислата на живеење, партнерот, убавината... Родот на кој му припаѓаме не би требало му биде пречка. Фактот е дека жените во социјалната смисла се наоѓаат во инфериорна положба и дека треба силно да се борат за подобро место на жената. Во таа смисла сум јасна и детерминирана. Меѓутоа, не им припаѓам на екстремните струења, на барањата за воспоставување матријархат или на уништување на спротивниот пол. Сметам дека сме потребни едни на други и дека нашите разлики поттикнуваат. Треба да го постигнете договорот дека со светот заедно ќе владееме во хармонија и во меѓусебно почитување“.

Уметноста, според Андриќ, ниту рани ниту брани. Вас, сепак, ве одбрани од натрапниците и од епизодистите. Денес ја држите страната на младите бендови. Како ги разбирате денешните млади луѓе и како тие гледаат на Вас?

„Да си уметник е најризична професија. Ама и не е професија, туку одѕив на силата што е посилна од уметникот, силата на инспирација, создавање, потрага по ново или можеби божественото создавање што го пренесува уметникот на човештвото. За уметноста не размислував во старосни категории. Имам уште многу да кажам, но, сепак, се сеќавам колку во почетокот беше тешко да се претставам себеси. Од таа причина, секогаш им помагам на младите, им давам шанса, а тие треба да покажат колку вредат или колку го заслужат просторот. Не сметам дека младоста има големо значење за уметничко создавање. Уметноста бара и зрелост и младешка енергија подеднакво и не ве прашува колку години имате“.

Колку им верувате на луѓето со кои немате заедничко минато? Кои стари пријатели се се' уште со Вас? Сакав да ве прашам колку сте опкружени со оптимисти, веселби луѓе, кои се' повеќе Ве уверуваат дека животот е навистина чудо?

„Моите најблиски пријатели останаа со мене и тука и во Лондон, Лос Анџелес, Осло, Пекинг, Барселона... Одржуваме контакти, се среќаваме, се допишуваме... Многу ретко пуштам многу луѓе во свој свет. Слично беше и во детството. Значи, славата не ја смени мојата вродена воздржаност... Главно, во своето опкружување бев со оптимистичко гледање на реалноста, но се изненадив колку пријателите во многу тешки и интимни моменти ме разбираа и ме поддржуваа. Кога почувствуваа дека ми се потребни, просто, потрчаа кон мене и безрезервно ми се дадоа. Опкружена сум со прекрасни и благородни луѓе. Инспиративни, талентирани, истрајни, морални, со нозе цврсто на земја... Кога подобро ќе размислам, моите пријатели и соработници се моето вистинско и најголемо богатство. Ова не е фраза, туку вистина. Треба да се загледате во луѓето што ве опкружуваат и да им дадете признание за се' што ви даваат и за се' што делат со вас“.

Кога ќе се каже лето, на што прво помислувате?

„Летото не ме возбудува. Повеќе ја сакам зимата. Не сум типичен Балканец, можеби затоа што во мене има крв од север“.

 


#
Статијата е прочитана 8018 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Денот започнува со „Утрински весник“ 12 години
Печатено
Насловна
За името повторно се разговара во Брисел
Парламентарците доаѓаат утре
Славата, митот и крвта на ВМРО (22)
Суперзен во суператмосфера
Како растеше Александар
„Утрински весник“ излегува
Кико и Ивица ги збудалија девојчињата
Грците знаат кој е воинот
Компанијата презема мерки за зачувување на брендот
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Задоцнета реакциЈа на ММФ
Македонија игра на своето славно минато
Искреноста е невозможна мисија
Хрватска доби зелено светло за присоединување кoн ЕУ
Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан
На плажа во Куба или со брод до Америка
Кливленд го избра Ирвинг за прв пик
Стил
Мекејн
Онлајн вести

"""