Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

На плажа во Куба или со брод до Америка

Желбите на македонските туристи за нови и далечни дестинации секоја година се се' поразлични

Сања Наумовска

Егзотични острови, Африка, Јужна Америка, Северна Европа... се дел од дестинациите што се' почесто ги посетуваат македонските туристи. Туристичките агенции се подготвени за желбите на секој граѓанин. Тврдат дека не постои точка на Земјата до која не можат да организираат летување, зимување, крстосување или само патување. А барањата се секоја г��дина се' поразлични и поспецифични за посета на нови и уште подалечни дестинации.

„Дубаи е веќе видено за нашите туристи“, велат во агенциите. Дотаму во последните неколку години се организираа голем број чартер-летови, преку кои за пристојна цена летуваа многу наши граѓани. Дубаи е далечна, но достапна дестинација бидејќи може да се посети во кое било време во годината.

Има тури и за новогодишните празници и во пролет.

Подолг период особено на цена се аранжманите за Куба, Бали, Доминикана, Малдивите... Најчесто интересот за овие дестинации се зголемува кон крајот на летото, во август и во септември. Тоа се поскапи дестинации, првенствено поради високите цени на авиобилетите. „Ако аранжманот чини од 1.200 до 1.500 евра, две третини од цената е за авиобилетот“, велат во туристичката агенција „Аурора“. На Куба има хотели каде што може да се преспие од 18 до 27 долари. Но, скапо е да се стигне до Куба бидејќи треба да се сменат три авиони, објаснуваат во агенцијата.

Ниту хотелите на Бали или Малдивите не се многу поскапи од оние во истата класа во Италија или Шпанија и чинат од 40 до 70 евра за една ноќ. Но, проблемот повторно е скапиот превоз до овие далечни места. Сепак, нагласуваат во агенцијата, има македонски граѓани што можат да си дозволат и поскап одмор, а тие се тука за да им го организираат. Иако се работи за индивидуални аранжмани, агенциите нудат комплетна услуга, организирање на патувањето, престојот, па и тури со водичи до локалните знаменитости.

Во последните неколку години хит кај македонските туристи се и крстосувањата со прекуокеанските бродови. Понудата е навистина голема и примамлива. И цените на поголемиот број од крстосувањата, особено по Медитеранот, се приспособени кон можностите на нашите граѓани.

Луксузните и далечните крстосувања, велат во туристичката агенција „Савана“, од Европа, преку Атлантикот, до бреговите на Северна и Јужна Америка или, пак, кон Африка чинат од 800 до 2.500 евра и се помалку барани. Но, затоа крстосувањата од Јадранот, до Грција и Турција или, пак, од Италија до Шпанија и Франција, па и оние кон северноевропските држави Германија, Данска и Норвешка се многу повеќе атрактивни.

„Крстосувањата по Медитеранот чинат од 300 до 600 евра, што, всушност, е во ранг на хотелски аранжман со авионски превоз до која било дестинација во Европа. Поради тоа и се многу интересни за нашите граѓани. Не се скапи, а сепак, се можност за егзотично искуство и за поинаков начин да се помине годишниот одмор“, објаснуваат во „Савана“.


#
Статијата е прочитана 2549 пати.

Испрати коментар

Од: dedo dimo
Датум: 24.06.2011 06:09:18
Mashala ,Makedoncite vo Kuba ili USA ? pa vie stalno kukate deka ziveete mnogu polosho i po bedno a od kade pari za da se odi na ovie mesta .Neshto ne jasno ?.
Од: k2
Датум: 24.06.2011 12:58:43
Dedo Dimo ako se napravi edna lista za kukanje Makedoncite sigurno ke se na prvo mesto...poznati sme po toa....samo se zalime.....
Од: danilo
Датум: 24.06.2011 13:01:13
За јасно да ти биди не оди цела Македонија,туку само некој што макотрпно со труд си заработил пари(на пример работел во Стил,Рек како работник) а легачите остануваат во шема

Најди! во Утрински
Насловна
Денот започнува со „Утрински весник“ 12 години
Печатено
Насловна
За името повторно се разговара во Брисел
Парламентарците доаѓаат утре
Славата, митот и крвта на ВМРО (22)
Суперзен во суператмосфера
Како растеше Александар
„Утрински весник“ излегува
Кико и Ивица ги збудалија девојчињата
Грците знаат кој е воинот
Компанијата презема мерки за зачувување на брендот
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Задоцнета реакциЈа на ММФ
Македонија игра на своето славно минато
Искреноста е невозможна мисија
Хрватска доби зелено светло за присоединувањ�� кoн ЕУ
Секси дама со остар ум
Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан
Кливленд го избра Ирвинг за прв пик
Стил
Мекејн
Онлајн вести

"""