|
|
|
|
|
|
За името повторно се разговара во Брисел
Средбата Груевски - Папандреу е политичка порака дека постои расположение за решение за името, вели Милошоски
Македонскиот и грчкиот премиер вчера попладне требаше да се сретнат во Брисел, првпат откако и двајцата ја добија довербата - Никола Груевски од народот, а Јоргос Папандреу од парламентарците за формирање нови влади и продолжување на нивната политика во водењето на земјите. Со новите мандати за влади што ги добија двајцата премиери добија и зелено светло да продолжат во спроведувањето на политиката што ја имаат за прашањето околу името и за градењето на меѓусебните односи. Средбата, која беше најавена за вчера попладне, македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски како дел од македонската делегација, изјави дека „средбата со грчкиот премиер е одлична политичка порака дека постои расположение од двете страни за изнаоѓање решение за спорот со името“.
Груевски за спорот за името разговарал и на вчерашната средба со еврокомесарот Штефан Филе, кого го информирал дека новата влада има силна волја и посветеност за решавање на деценискиот спор со Грција. Филе му го повторил ставот на ЕУ на Груевски дека решавањето на спорот за името останува суштинско прашање. Тој нагласил дека двете страни треба да се ангажираат или под покровителство на ОН или, пак, преку директни разговори за решавање на спорот.
Филе на средбата на Груевски му ја пренел пораката дека Европската комисија очекува без проблеми да се формира новата македонска влада, а земјата да се врати на спроведувањето на реформите.
Како што информира кабинетот на Филе, еврокомесарот нагласил дека препораката за преговори е на сила, но за да продолжи да важи, земјата ќе мора да продолжи со напредокот во спроведувањето на неопходните реформи. Притоа била подвлечени реформите во јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и обезбедување на слобода на изразување на медиумите. Во соопштението по средбата се наведува дека од Македонија се очекува да биде меѓу земјите од регионот, кои предводат на патот кон евроинтеграциите, со оцена дека 2011 година ќе биде година на можности за процесот на проширување за Западен Балкан.
Грчките медиуми, пак, најавата за средбата Груевски - Папндреу ја оценија како можност на неформалната средбата да се разговара за изборите кај нас, за името, но и за последниот потег со споменикот. Весникот „Вима“, оценува дека се работи за многу брз, неочекуван потег од страна на двајцата премиери. Според него состанокот меѓу Папандреу и Груевски е показател дека можеби нешто повторно се случува, придвижува за спорот за името, бидејќи повеќе од јасно е дека ЕУ и САД бараат крај на овој пеколен спор меѓу двете држави. Весникот смета дека сега Груевски мора да се соочи со спорот, затоа што веќе нема изговор за одбегнување на ова прашање со предвремени избори. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 2217 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Avstralia |
Датум: 24.06.2011 00:35:43 |
|
Do site novinari vo Makedonija,ke ve molam koga pisuvate za imeto pisuvajte toa da bide vo prilog na Makedonija a ne da im ugodite na Grcite,koga veke 132 zemji ja imaat priznaeno Republika Makedonija od vkupno 200 kako mozete da podlegnuvate na evtini stosovi od Grckite vesnici ili ne potvrdeni izjavi,narodot glasase,Gruevski dobi mandat da ne menuva ime zarem Evropjanite ne gledat,tuku za da se zavrsi ovaa banalna prikazna,mozeme samo da im poustime tie Grcite da ne vikaat kako sakat a ostanatiot Svet Se razbira Republika Makedonija,i uste ednas nie da smenime se pak ke imame problem so Inaetlivite Grci,ziveam so niv onie ucenite mozes da se razberes onaa prostata raja ti e kako na kamen da mu kazuvas, tie imaat strav vo genite od policija i vlast i ako kazat nesto protiv onaa sto oficijalnata vlast go propagira,tie gledat niz prozor nekoj da ne gi cue gi zalam ama taka e. |
|
|
|
|
|
|
Од: "Nepismen. |
Датум: 24.06.2011 04:37:38 |
|
Ти си од УЧЕНАТА раја???Па напиши поучено ако не си прост... |
|
|
|
|
|
|
Од: steve |
Датум: 24.06.2011 09:11:46 |
|
Za daim se ugodina grcite treba da se slozime da ne postoime da nema makedonija i makedonci e ako vi doslo dotuka predajtese vo 21vi vek vo atomska doba koga covecki prava ima za site drugi osve za makedoncite,grcite se fatile kako fustan na kapina i nikako da se oslobodat.Vreme e moi dragi sonarodnici da se razbudime i da bedeme poslozni zaedno prptiv fasistite ke uspeeme a ne razdeleni. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vukasin Joveski |
Датум: 24.06.2011 09:56:07 |
|
Makedonija i Makedoncite nemaat problemi so imeto. Grcite i nivnite evropsi pomagači imaat problemi so obelodenuvanjeto na genocidit vrz Makedoncite vo egejskiot del od Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: anarhist |
Датум: 24.06.2011 09:56:30 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: australijanec |
Датум: 24.06.2011 10:40:05 |
|
Чоекот убаво си кажува за Аустралија, а тој неписмениот не е неписмен во наводници туку во стварност, ајде бе брат те видиме колку си писмен, покажи се, има тука и писмени луѓе што дошле токму дека се писмени, ако си писмен повели конкурирај па да тевидиме дали ќе бидеш писмен да дојдиш ваму |
|
|
|
|
|
|
Од: Ристо Андов, Скопје, Македонија |
Датум: 24.06.2011 10:56:23 |
|
Лагите и измамите наменети за Македонците каде и да живеат еве продолжуваат. Во предизборието сите борци за власт ветија дека нема да го промени името на државата, Ама еве Гриевски разговара со Папндреу, наводно, барајќи решение за спорот. Ете и на европските мудреци им ветува брзо решение! Господа и господине, за што може да се разговара со Грците кои еве со деценеии, всушност, со милениуми дивеат заради постоењети на Македонци? Всушност,уценуваниот, понижуваниот, негираниот и изложениот на геноцид народ, какво разумно решение може и смее да прифати за своето име!?
Освен тоа, имаат ли право Македонците во Р. Македонија да прифатат било каква промена на името за да станат дел од ЕУ, но ете да ги остават на цедило Македонците во колониите пиринска и егејска Македонија!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 24.06.2011 11:46:32 |
|
Dosta veke da ve vlecat za nos kako goveda.
Za koj rabotite? Ne vi e jasno za koj? Za sram.
Ocaj vo srcata nam gi nosite, do kogo ke bideme robovi na gnsna politika. I ova e Kristijanska vera vo evropa?
Se rodivme vo maki i ke umrime so maki, cekaki za pravda. Sramota na Diplomati, i Akademici.
Zboruvat vistina koga ne se vo drzavna rabota, a koga ke bidat, togiska lagi na sekade. Cudno.
Nerazbirlivo. Nema mir, nema spokojstvo.
Oti site na koi im veruvame, ne se Makedonci.
I zato ne gi pravat rabotite vo nasa cel. |
|
|
|
|
|
|
Од: Adem |
Датум: 24.06.2011 13:25:40 |
|
No i makedoncite polovinata se drva bre luge. Slicno prosto pleme kako i komsiite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 24.06.2011 14:56:46 |
|
Taka e, brate "Risto Avstralia", novinarite se krvi, BC e kriv sto Nikola pregovara vo Brisel. Predavnicite se krivi koga vlasta ve ubiva na plostad. Strizi Nikola strizi. Lukav e Nikola, znae deka sopstvenoto stado najlesno se strizi. |
|
|
|
|
|
|
|
|