Раул Кастро во прва посета во странство
ХАВАНА - Кубанскиот претседател Раул Кастро одржа разговори во Венецуела за време на својата прва посета откако ја презеде функцијата од брата си Фидел во почетокот на годината. Кубанскиот лидер се состана со претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, главен сојузник на комунистичката островска држава и долгогодишен обожавател на Фидел Кастро. Посетата се случува само неколку недели пред 50-годишнината од кубанската револуција, а Чавез и оваа посета имаат „исто значење“ како првата интернационална посета на Фидел Кастро - исто така на Венецуела - откако победи во 1959 година. (Би-Би-Си)
|