Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Иранците навредени од Кушнер

Париз - Иранскиот министер за надворешни работи Манушер Мотаки во саботата не присуствувал на вечерата организирана од францускиот колега Бернар Кушнер, најверојатно, во знак на протест поради критиките на Франција упатени на сметка на Техеран, објавуваат денеска француските медиуми.

Кушнер упатил покана за вечера до сите министри кои допатуваа во Париз за да учествуваат на меѓународен форум посветен на Авганистан.

Според дипломатски извори, Мотаки не ги објаснил причините за непојавувањето на вечерата туку, едноставно, само најавил дека нема да присуствува. Во четвртокот Иран вложи протестна нота до францускиот амбасадор во Техеран поради „неумесните изјави“ на претседателот на Франција, Никола Саркози, кој оцени дека шефот на иранската држава, Махмуд Ахмединеџад, „не го претставува Иран“ и дека не може да се поздрави со него поради неговите тврдења дека Израел треба да биде избришан од картата на светот. (МИА)


Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 15.12.2008 01:38:08
Sarkozi i e Evrein od Ungarija. zatoa tolku mu se nalutil na mahmud :)
Од: Abdula
Датум: 15.12.2008 07:48:04
А иа мли некој кој го сака Бедри Куши и Луј Де Фин. Тие се само за снимање на криминални филмови и бурлески.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Монако нема да ја проширува територијата поради кризата
Милион луѓе без струја среде ледена бура во САД
Протестите во Грција се претвораат во општонародно незадоволство
Трка меѓу Германците и стара Европа за Русија
Какво потекло имаат Шпанците?
Буш во проштална посета на Ирак
Полските имигранти открија дека дома се живее подобро
Најмалку 51 загинат во Египет откако автобус падна во канал
Браун ги обвини пакистанските милитанти за Мумбаи
Раул Кастро во прва посета во странство
Благоевиќ можеби ќе се повлече денес?
Формирана руска „Солидарност“