Протестите во Грција се претвораат во општонародно незадоволство
Министерот за образование, Стилијанидис, ги повика младите „да ги симнат маските и да говорат слободно“
АТИНА - Продолжуваат безредијата во Грција во знак на протест поради убиството на 15-годишно момче од страна на полицијата пред осум дена. Насилнички судири избувнаа во главниот град Атина во саботата навечер откако во текот на денот се одржаа главно мирни бдеења за Александрос Григоропулос. Младите демонстранти фрлаа молотови коктели врз банки и врз полициската станица каде што работеше полицаецот обвинет за убиството на тинејџерот. Полицијата одговори со солзавец.
Во меѓувреме, во Солун, втор град по големина во Грција, десетици млади луѓе вандализираа гимназија за време на демонстрациите, јавува новинската агенција АФП. Бесот поради убиството на тинејџерот се рашири во чувство на гнев од владата на Грција последнава недела. Илјадници Грци излегоа на улиците во земјата, повеќе пати судирајќи се со полицијата и ветувајќи дека ќе ја соборат владата. Многумина од нив се идентификуваат како анархисти, подготвени да употребат насилство, како што истакнуваат тие, во легитимни протести против владата.
Најмалку 70 лица се повредени во протестите предизвикани од убиството. Безредијата се раширија низ земјата и доведоа до повици за оставка на грчкиот премиер Костас Караманлис и неговата влада. Караманлис изјави дека неговата позиција нема да биде разнишана од протестите, инсистирајќи дека на Грција и' е потребно искусно раководство во време на економска криза.
Грчкиот министер за образование и религија, Еврипидис Стилијанидис, ги повика младите луѓе кои последнава недела учествуваат на протестите низ Грција „да ги симнат маските и да говорат слободно“.
Во интервју за весникот „Адезмефтос типос“, Стилијанидис нагласи дека ниту една екстремна младинска група нема право да ги користи младите генерации за промовирање на „идеи што се отфрлени од самото општество“.
„Ако ме прашате што би сакал да им кажам на тие деца, одговорот е само еден. Тоа е одговорот што би го дал секој родител кој го сака своето дете. Тоа е одговорот што би го дал секој учител кој е свесен за својата должност. Симнете ��и маските! Никој нема право да си го крие лицето... Говорете слободно и ние ќе ве слушаме“, потенцира Стилијанидис.
Тој воедно ги повика сите студенти и ученици во Грција кои „сакаат да бидат слушнати“ да ги испратат своите мислења на електронската пошта на Министерството за образование.
Судирите во саботата навечер беа најсериозни последниве денови. Протестите во знак на сеќавање на смртта на Александрос Григоропулос минатата сабота во Егзархија започнаа мирно. Учениците од училиштето на тинејџерот присуствуваа на тивкото бдеење во текот на денот на плоштадот „Синтагма“. Неколку часови подоцна неколку стотици други млади луѓе запалија свеќи на тоа место, додека други се собираа на местото на убиството. Меѓутоа, подоцна околу сто млади луѓе фрлаа молотови коктели и камења врз полициската станица во квартот Егзархија, каде што работеше полицаецот кој го застрела тинејџерот, а сега е обвинет за убиство. Демонстрантите извикуваа: „Убијци, надвор“. Потоа демонстрантите, носејќи качулки и маски, го свртеа вниманието кон комерцијалната област во близина на Националниот технички универзитет во Атина, познат како Политехнички, превртувајќи возила и подметнувајќи пожар во три банки. Неколку продавници и канцеларијата на Министерството за животна средина, исто така, беа нападнати. Специјалната полиција распоредена на уличните агли во таа област одговори со солзавец кон демонстрантите.
Рестораните во Егзархија беа рано затворени поради очекуваното насилство. Во меѓувреме, сопствениците на продавници ги оковаа прозорците. Полицијата смета дека причината е бдеењето на плоштадот „Синтагма“ во близина кога учесниците одбиле да се оддалечат од зградата на парламентот и од Гробот на незнајниот јунак. (Би-Би-Си)
Procitajte vo denesen Latasov "Vecer" i da se cudite i krstite. Zamislete.: Vecer lansira teza deka Bush mu e lut na Gricija, radi toa sto ne kupuvala oruzje od SAD ,no od drugi zemji , a posebno casata se prelila koga Grcite stavile veto za nas priem vo NATO, pa resil do krajot na mandatot da mu go zgorci zivoto na Karamanlis i da mu gi priredi ovie rusilacki demonstracii,bidejci tie po masovnost i traenje imale amerikanski pecat. Mu pisav komentar, no normalno Latas objavuva samo komentari koi go " obozestvuvaat"Pa dobro bre tie vo Vecer da ne imaat jadeno buniki ili se pijani pa tresat vakvi "zeleni"Pa toa e uvreda i za SAD.Eve Latas bil mnogu uplasen od zakanite na Zaev , pa ce odel na grobot na Tito da go prasal za sovet, sto da pravi za da mu pomine uplavot. Mozebi e dobro na vracanje da pomini i vo Pozarevac , kaj negoviot dobar poznanik Slobo, cii gord ordenonosec e , pa i toj da mu dade sovet za uplavot. Pa dobro bre ima li spas od ovaa beda od novinarsko skrabalo ili ne?!
Од: prilepchanec
Датум: 15.12.2008 08:45:36
do Latasvo uplav!Abe prijatel chitajki se go tvojot komentar bi trebalo ti da imash uplav oti komentarash posle 00.chasot,oti normalnite lugje po toa vreme se odmoraat a badijalgjiite kako tebe dremat cela nokj pred kompjutorot i izigruvaat seznajkovci i politichari i davaat soveti koi i samite ne gu razbiraat!Pozdrav od Prilep!
Од: Dr.Mihail Sorko , Ohrid.
Датум: 15.12.2008 16:41:12
* POLITIKATA e vozbudliva i opasna kako vojna , ama vo vojnata moze da se pogine ednas , a vo politikata poveke pati .* Sir Winston Leonard Spenser CHURCHILL 1874-1965 g britanski Admiral,politicar,drzavnik,pisatel i dobitnik na Nobelova nagrada za literatura.