Најмалку 51 загинат во Египет откако автобус падна во канал
КАИРО - Најмалку 51 лицe загинаа, а десет се повредени вчера во египетската провинција Минја, кога автобусот со кој патувале падна во канал, јавија безбедносни извори. Тие потврдија дека автобусот бил полн кога се случила несреќата и очекуваат билансот на жртвите да се зголеми откако нуркачите ќе ги извлечат телата.
Еден извор јави дека возачот, кој преживеа, свртил за да го избегне возилото што идело кон него и автобусот паднал во каналот Ибрахимија, еден од најголемите канали за наводнување во светот. Повеќето од загинатите се удавиле, додаде изворот.
Невнимателното возење и лошите услови на патиштата се причина за многу сообраќајни несреќи во Египет. Серија сообраќајни несреќи последниве години доведоа до повеќе јавни негодувања околу успесите на владата за безбедност во сообраќајот. Владата започна да спроведува нов сообраќаен кодекс во август, но по кусите првични мерки немаше продолжување и улиците останаа хаотични. (Ројтерс) |