Буш во проштална посета на Ирак
Ирачки новинар неочекувано го фрлил својот чевел врз претседателот на САД
Web Update
Ирачки новинар неочекувано го фрлил својот чевел врз претседателот на САД Џорџ Буш, додека тој се ракувал со премиерот Нури ал Малики, јави АФП.
Новинарот веднаш бил изнесен од салата.
Буш се наведнал и не бил погоден. По инцидентот тој се пошегувал, дека единственото нешто што го видел, било дека чевелот бил со големина 10.
По инцидентот, тој продолжил да одговара на новинарски прашања.
Текст од печатеното издание:
Багдад- Американскиот претседател Џорџ Буш вчера ненајавено го посети Ирак, што воедно е и негов последен официјалн престој во оваа земја за време на неговиот мандат.
Според најавите, Буш требаше да се срете со највисоките претставници на ирачките власти на разговори за безбедноста во Ирак и за соработката меѓу Вашингтон и Багдад. Буш четири пати го посети Ирак во својство на претседател на САД. (МИА) |