Со кампањата на Владата нема да бидат опфатени над 50 отсто од средношколците во стручните училишта
Билјана Јовановска
Учениците од средните стручни училишта, освен оние од прва година, ниту добиле ниту ќе добијат бесплатни учебници. Без оглед на рекламната кампања на Владата дека бесплатни учебници ќе има за сите средношколци, значи и за оние од стручните училишта, во практика, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Или, најчесто, купуваат скрипти со сомнителен квалитет што ги продаваат фотокопирниците во близина на училиштата или, оние посреќните, ги добиваат бесплатно од професорите. Ова второво, не е правило и тоа зависи од креативноста на професорите, бидејќи најголем број од нив не изготвиле скрипта, туку децата „учат“ без книги, од белешките што ги фаќаат на часови.
Иако и децата и родителите ветувањето на Владата за бесплатни книги го примија како завршена работа, сега се чудат како ќе им се одвива школувањето. Годинава без учебници сигурно ќе останат 58 отсто од средношколците во стручните училишта или секој втор ученик, пред се', од втора, трета и делумно од четврта година. Книгите не се ни на повидок, а кога ќе ги има, никој не може ни приближно да одговори. Стручното образование е поскапо од гимназиското, зашто треба многу различни книги и тоа за помал број ученици. За разлика од нив, гимназијалците имаат книги и таму нема вакви проблеми.
Па, сепак, бесплатните учебници не ги добија ниту средношколците од прва година. Се' уште ги чекаат, иако помина речиси цел месец од почетокот на учебната година. Оттаму, учениците и родителите се разочарани, затоа што не само што учебниците нема да бидат бесплатни, туку, воопшто, ги нема. „Состојбата не е од годинава, без учебници сме десет години наназад“, ни објаснува Небојша Живковиќ, директорот на скопското економско училиште „Борис Кидрич“, меѓутоа нагласува дека „за поголем број предмети нашите професори им излегуваат во пресрет и им даваат бесплатни скрипти“.
Министерот за образование, Никола Тодоров, вчера не одговараше на телефонските повици, но неофицијално дознаваме дека бесплатни стручни учебници ќе има кога ќе се изготват новите наставни планови и програми, според кои подоцна би се направиле и книги. Така, годинава, со бесплатни книг�� ќе бидат „покриени“ само гимназијалците и средношколците од прва година стручно образование, додека сите останати ќе останат без она основното - учебниците. Зошто Владата се фали со нешто што и самата знае дека не може да го реализира, знае само премиерот Никола Груевски. Меѓутоа, да ги насочеа парите од рекламните кампањи во откупување на ракописи за книги, овој проблем немаше да постои. Сега средношколците се ставени пред свршен чин - школувањето не е ни бесплатно ни квалитетно. Ако се има предвид дека најобична скрипта во фотокопирниците чини по 300 денари, а стручните училишта имаат и по 12 предмети, излегува дека „бесплатното средно образование“ ќе ги чини најмалку 3.600 денари. Притоа, квалитетот на скриптите може само да се претпостави, бидејќи се работи за диви изданија, неуспешни компилации на главно српски автори, кои немаат никаква допирна точка со она што се бара и учи во македонскиот образовен систем.
Родителите сега со право реагираат дека Владата, која средното образование го направи задолжително, претходно морала да се позанимава и со создавањето основни предуслови за „старт“ на оваа новина. (Б.Ј.)
ja sum 4ta godina vo gimnazija vo skopje, i do denes imam dobieno samo ucebnici po makedonski i fizika...denes ni kazaa deka ucebnici veke nema, i ne se znae koga ke stignat(ako voopsto stignat)...ni vikaat da ne kupuvame, da pocekame, a testovi i isprasuvanje veke zakazaa za slednata nedela... tolku neorganizirano nesto ne sum videla...a cela godina na tv zborat za toa kako ke davale besplatni ucebnici...nisto od toa...ne znam do sega kolku potrosiv za skripti i fotokopii...i duri i da dobieme ucebnici, profesorite veke imaat predavano po 5-10 lekcii, i ke treba po site predmeti odma da ucime po 50-60 strani i da ne isprasuvaat...neka ni e so sreka...
Од: загрижен родител
Датум: 18.09.2009 00:21:56
А што да правиме сега кога децата ги испративме во градовите,сметајќи на ветеното.Наскоро ќе настане хаос кога лавина средношколци ќе вршат преселба,презапишување.Растурање на цела една инфраструктура.Единствен излез е владата да ги покрие барем сите трошоци во "снаоѓањето"на професорите.Изгледа проектот задолжитечно оди кон рецесија.Набрзо ќе се види дека рецесијата сепак е виновна за се.
Од: vasco beleski
Датум: 18.09.2009 00:24:29
kako da dobijat besplatni ako ucebnicite ne postoojat nemozam da veruvam kakvi novinari ste koi pisuvate samo kontra ne e vazno so samo protiv vladata na r.makedonija...procitajte pogore i ke vidite sto piuivat "najgolem del od profesorite ne izgotvile skripta pa decata ucat bez knigi" novinarot si protivreci samiot sebe ili ne!Poraka: sakajte ja makedonija i za vase dobro e....
Од: s.m.
Датум: 18.09.2009 00:39:57
nasiot premier izkoci za nekogo majka a za nekogo makea !!!!!!! no nisto cudno bidejki sekoe cudo trae samo 3 dena !
Од: Donald Duck
Датум: 18.09.2009 00:47:44
Ostvaruvame - Veter i Magla :)
Од: srednoskolec
Датум: 18.09.2009 01:08:16
epa eve ovde se gleda umesnosta na ovaa vlada, ovde se gledaat rezultatite od toa sto tie "raborat"24/7 ovde e mototo znaenjeto e sila znaenjeto e mok i ovde e mototo ostvaruvame - vlada na republika makednija. epa narode vreme e da se svestime i da prestaneme daveruvame vo ona sto mediumite namertno ili ne ja favoriziraat ulogata na vladata vo sekoj pogled. bravo za utrinski vesnik za objavenata statija, vprocem tie se ednite od retkite koi poobjektivno informiraat.
Од: Acko
Датум: 18.09.2009 01:11:27
Aman te bre lugje sekoj den ke nema ucebnici za site toa pa toa verglate vo mesto so e rabotava ne mi e jasno treba pak li da si gi plakame i da se namirite veke ednas taka i so toa kempjuterite ke ima ke nema ete za site ima i knigi ke ima samo ete po nalog ke sirite lazna histerija da mu pomognete na vas Branko.Za da mu pomognete ke vi dadam besplaten sovet neka uci od Gruevski a ne uste sega da se zakanuva deka ke brkal od rabota ke ja namaluval administracijata.
Од: lidija
Датум: 18.09.2009 07:25:35
knigite gi nema a tie i ponatamu tvrdat deka ke gi ima neka kazat nema pa koj kako ke se snajde barem da se znae poz..
Од: Nina
Датум: 18.09.2009 08:16:23
Da imaa nesto ispolneto ovie portokalovive, pa da im poveruvav i za ucebnicite.
Go prelazaa narodot na minatite 2 izbori, a sega nikoj veke nema da gi glasa. Ic neka ne si se lazat so namesteni anketi.
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 18.09.2009 08:28:02
Многу (не) ме изненадува Текстот! Па зарем во основното се веќе поделени учебниците?! Една цела генерација е Осакатена со Незнаење (од силата и моќта)! Оние кои беа 6. одделение, лани, исто така немаа учебници (и покрај ветувањата за едномесечно доцнење) сè до Март, што ќе признаете е доцна за покажување успех на некакви Бладини екстерни тестови! Кој си Игра со Нашите Деца?? Истата генерација и во 7. одделение оваа година ќе „учи“ за (не)знаењето на Бладините „експерти“ од тетратки!(!?) Огромниот Профит со „бесплатни“ учебници, стана игра за Осакатување на Знаењето! Да не говорам дека во учебниците не смее да се појавуваат текстови од типот „Медоносна репа“, „Бела Млеч“, „Албански херои од Втора Светска Војна“ и сл. Претпоставувам дека овие основци ќе може директно да ги внесеме на Факултет, со огромна заслуга на Бладината Кампања за Знаењето, како сила и моќ! А можеби, бидејќи сите си имаат бладин компјутер (подобните и по два-три), не треба воопшто ниту да одат во Училиште?! :)Р
Од: Каме
Датум: 18.09.2009 08:28:06
Многу ме интересира и затоа ја молам почитуваната новинарка Јовановска во утрешниот број на Утрински Весник да ни напише дали некој премиер или министер од СДС некогаш му доделил бесплатно барем една тетратка на некој ученик. Однапред благодарам.
Од: tanja
Датум: 18.09.2009 08:43:29
ziveam vo grcija so semejstvoto mojot sin e 4 god sredno uci ovde vo gr do sega ne sum dala nitu eden denar za ucebnici se e besplatno prv den odat decata na uciliste i vednas gi dobivat site knigi do edna veke 4 godini sinmi uci ovde i ne se slucilo da ne im dadat ucebnici toa e sramota so se pravi kaj nas vo mk i se manipulira i so decata i so roditelite
Од: Gostivar
Датум: 18.09.2009 08:56:46
Ucenicite od cetvrto odelenie vo osnovnoto uciliste Goce Delcev vo Gostivar uste gi nemaat dobieno vetenite knigi. Ne znam kako ke ucat decata bez knigi, dali voopsto ke gi dobijat.
Од: natasa
Датум: 18.09.2009 09:27:43
i ova e usta edna golema laga na grujo.mojot sin e treta godina vo strucno obrazovanie do denes nema dobieno nitu edna kniga.pocnaa da kopiraat materijali da mozat da ucat .vazno e grujo da se slika da frla lopati ja zgesil profesijata definitivno za se go biva samo za drzavata i za narodot ne.zosto im bea lagite ne znam no ova e sramota za nas i nasite deca dosta si igraat so nas ne gi biva neka se mavnat da ne gi gledame dosta ni e od lagi,neka odat vo holivud samo za filmovi gi biva fleki.
Од: Tina
Датум: 18.09.2009 09:40:07
Ne e tocno deka gimnazijalcite od prva godina gi dobile site knigi. Jas sum majka na ucenik vo gimnaziska paralelka vo srednoto uciliste Marija Kiri, i tocno e deka dobija ucebnici no samo 6 od vkupno 13. Eden od ucebnicite e po fizicko obrazovanie. Ucebnici nema vo knizari, nitu na staro, i decata prakticno ne ucat nisto po tie predmeti za koi nemaat ucebnici. Ova e seriozno prasanje go molam ministerstvoto da prezeme merki i da go ispolni vetuvanjeto.
Од: Kumanovo
Датум: 18.09.2009 10:59:07
Besplatni ucebnici. Ministerstvoto za obrazovanie ne moze da go ostvari toj proekt koga e sabotiran od izdavackite kuki i abnormalni pobaruvanja na t.n. avtori na ucebnicite
Од: Трпе
Датум: 18.09.2009 11:22:47
Ова што го нема ,ниту царицата неможе да го јаде.Но нашата ЕПП влада работи како магарето кое обекало на магарицата дека прлето заедно ке го одгледуват.Но си завршило работа и веднаш заминало да бара друга магарица.Дали некој веруваше дека и овој проект ке биде успешен.Но центрифугата мора да работи.Овој случај е многи сличен со компјутерите во училиштата ,поточно монитор за секој ученик кој сеуште не е до крај завршен.Но кинескиот ХАИЕР,пристигна за поделба на пленот.
Од: skopje
Датум: 18.09.2009 11:36:46
Lagi za mali deca kakvi besplatni ucebnici,moeto dete e vtoro oddelenie i nema knigi.Pricina ucese vo opstina Aerodrom a sega vo opstina Gorce petrov i ne ni davaat knigi direktorkata ni kaza druga opstina i nema za nas knigi pa taka sami si gi kupivme knigite.
Од: јас
Датум: 18.09.2009 12:45:01
Кај сте портокалчина пак да го пофалите пастирчето за „уште една голема победа“???Нешто ве нема со фалбите???И вам Ви текна дека ќе мора да дадете ваши пари за „бесплатните “ учебници?! Абе наведете една успешна работа што вашитт пастир ???Само да нее
тоа ограбувањето на сопствениот народ..
Од: b
Датум: 18.09.2009 13:18:03
Каме бре, во кој век живееш. Каде во светот се дели нешто бесплатно. Само вакви како овие кај нас можат да замајуваат, зошто постои народ како тебе. Толку ли неможеш да укапираш, дека треба да ти обебедат услови за живот, да работиш и заработиш, а ти сам ке си купиш тоа што ти треба.
Од: Komentator
Датум: 18.09.2009 18:56:31
Eeej, vo koe vreme nekoi luge ziveat. Dodeka elektronski verzii, besplatni sekako :- ) se naogaat na websajtot na Min Obr. Nekoi luge, samo mladite sega sfakaat, kolku nparedna i dalekuvidna ovaa ideja e. Ke svatata koga nashite deca ke bidat konkurentni vo svetski ramki so upotreba na kompjuteri vo nastavata. A nekoi ushte lektiri Vozot V Sneg od Mato Lovrak sonuvaat i odtamu podaleku ne mrdnale :-) A svetot daleku otide dragi moi.