Каде и дали погрешија работниците од битолската Шеќерана, што нивниот штрајк за поголеми плати и за колективен договор резултира со 23 отказни решенија? Во колкава мера синдикатот е виновен за тоа, а каде е вината на раководството? Факт е дека Судот деновиве, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која го забрани штрајкот и им ја одби жалбата на работниците, која се однесуваше на тоа дека за време на штрајк не треба да се вработуваат сезонски работници. Работниците-синдикалци, како и лидерите на штрајкот, на крај заработија откази, а над 50 штрајкувачи се испратени на годишен одмор. Само третина од нив се вратени на работа. Работниот процес треба да се одвива и одлуката на раководството е сосема во согласност со Законот за работни односи.
Откако се донесе новата верзија на Законот во 2005 година, кога станува збор за штрајк, речиси се' е на страна на работодавците, односно во нивни интерес. Оттогаш работодавецот има право да ги отстрани работниците кои штрајкуваат, ако тие го попречуваат процесот на работа, има право да им даде откази ако тие постапувале спротивно на штрајкувачките законски норми и ако на оние работници што не сакале да штрајкуваат им забранувале влез во просториите. Има право за тие денови додека се штрајкувало да им се одбие одреден процент од платата, има право да бара од штрајкувачите и надоместок за предизвиканата штета за време на штрајкот, што во случајов раководството на Шеќерана и ќе го бара од штрајкувачите, може да вработува сезонски работници на местото на оние што не сакаат да работат, како и многу други работи, кои се многу повеќе во заштита на интересите на работодавците отколку на работниците.
Така, лончињата некако се измешаа во случајот со Шеќерана. Штрајкувачите требаа многу помудро да настапат и да не дозволат да се случи тоа што се случи, вработени да добијат откази. Синдикатот на фирмата направи грешка во чекори уште на почетокот на организирање на штрајкот. Прво требаше да се исцрпат сите можности, преку преговори да се дојде до заедничко решение со раководството за нивните барања, па потоа да се оди со најрадикалната мерка, штрајк. На тоа упатува и Законот за работни односи. Потребно беше да се соработува со Агросиндикатот при ССМ, каде што припаѓа синдикалната организација на Шеќерана. Затоа што тогаш сигурно ќе беше запазена правната рамка, па на крај и да имаше откази или други немили работи за вработените, секој суд ќе се ставеше на страна на законите и на правото, односно на вработените. Во случајов штрајкувачите не требаа да се повикуваат на старите барања од ланскиот штрајк, туку да почнат нова процедура. Токму затоа, меѓу другото, судот и го забрани штрајкот. И тоа не е преседан со Шеќерана. Тоа судските органи го правеле и порано, како во велешки „Киро Ќучук“, на пример.
Сепак, не може да се избегне и еден друг факт, а тоа е дека синдикалната поставеност во државата, таква каква што е, во овој случај се покажа како погрешна. Не може синдикална организација да носи сама решенија и одлуки, без консултација и поддршка од гранскиот синдикат, особено не во случај на штрајк. Тоа е спротивно на секој синдикален статут. Од друга страна, пак, гранските, матични синдикати немаат моќ да ги диктираат постапките на синдикатите во фирмите. Затоа што синдикалното организирање во земјава функционира на доброволна база, а не на принуда.
По се', подебелиот крај го извлекоа работниците, кои добија откази. И сега прашањето е во кој и во каков синдикат утре ќе веруваат работниците што останаа на улица. Тоа или слично важи и за стотина вработените во образованието, кои изминатиот месец, место решенија за работа, добија откази. Иако Синдикатот за образование, наука и култура пред неколку месеци им ветуваше дека ќе застане зад нивните барања и оти тие ќе засноваат редовен работен однос до крајот на август, излезе дека тие, наводно, и не исполнувале услови за вработување. Така, повторно испливува прашањето колкава е, всушност, силата и моќта на македонските синдикати за да ги заштитат работничките права?
Sekeranata e "stranska" investicija i nemojte strancite da gi lutite(Bugarite). Se sto e ovde "stransko"(pogotovo Grcko i Bugarsko) ne smee da se iritira, tie ovde moze da si rabotat kako sakaat. A rabotnicite? Pa i onaka nikoj ne gi esapi.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2009 09:12:30
Се прашувате кој ќе ги заштити шеќеранците јас го проширувам прашањето и на останатите работници кој се членови на синдикатот, на чие чело се наоѓа преседател кој на времето бараше министерско место во владата на СДСМ 2002-2006 год и кој е толку популарен а да незборуваме колку е моќен кога неможе да собере ни 500 луѓе да протестираат.Со можеби највисока плата на избраните лица во Македонија,комодитетот секогаш бил пред синдикалната борба.Затоа шеќеранците и другите работници само господ може да им помогне.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 18.09.2009 09:29:19
Останува горчливиот вкус во устата, поради Губењето на Сите Права! Оние што постојано излегуваат на избори зашеметени од опијумот на лажните ветувања од бившите „Комунисти“, денес префарбани во лажно демократско руво и дисперзирани во сите партии, го изгубија и основното право: Право на Побуна против Неправдите, Право на Изразување Незадоволство! Значајно е и Кумството на ССМ со ваквите состојби, поради состојбата во која лидерството во ракавици е Неспособно да се избори за Правата на Работниците! Неспособни се воопшто и да соберат поголема маса која би го затресла добро угнездениот владеечки старо-нов „естаблишмент“! Вчера соблечените Опинци е тешко да се напуштат и покрај големината на Џиповите, Палатите... Тие оставаат белег во однесувањето, некултурата, духовната празнина со заглавен прст во синусните шуплини! За нивна жал, големината на стекнатите материјални добра е секогаш недоволна за бришење на белегот!
Од: vani
Датум: 18.09.2009 09:48:56
i kaze ne cinela titina drzava nemalo demokratija da ti bem ovakva demokratija bez pari i pravdine
Од: terezija
Датум: 18.09.2009 11:04:05
Vaka se sozdadoa i Brigada Rosso ,vo sedumdesettite godini od min.vek vo Italija...P.S./Kazete mi koj Sindikat bi funkcioniral i KAKO vo eden vakov totalitaren rezim...?!
Од: Трпе
Датум: 18.09.2009 11:33:37
Кој кажува дека нема,кој да ги заштити работниците?Нели си имаме народна влада која остварува во 100 чекори и тоа проширено.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 18.09.2009 16:22:18
Rabotnicite sami ke se zastituvaat,ta neli baravme vakov(kapitalistcki)sistem.Sakavte gledajte,no seuste ne ni e zakazano toa sto doprva doagja.Da povtorime za se ova se krivi "komunjarite" .