Атмосферата дополнително се подгрева, изборите да бидат одржани заедно со референдумот за името
Светлана Унковска
Идејата за одржување на уште едни предвремени парламентарни избори, иако ја негираат политичките партии, се' повеќе е присутна во јавноста. Информациите кои некако забрзано протекуваат од разни извори укажуваат на фактот дека партиите зад кулисите, сепак, се подготвуваат за изборното соочување. Дополнително атмосферата се подгрева вонредните избори да бидат одржани заедно со референдумското изјаснување за прашањето со името, кое би се искористило за поентирање. Ова значи дека од начинот како ќе биде поставено прашањето, автоматски би можело да биде искористено во полза на изборниот скор на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Атмосферата што се создава и од владејачкиот и од опозицискиот табор, со кампањи и нови програми, само го потврдува фактот дека работите одат кон тоа дека за нецела година повторно ќе ни претстои гласање. Експертските процени се дека владејачката партија, најверојатно, ќе го искористи поволниот исход од неколкуте позитивни моменти, кои ќе и' се случат на Македонија со извештајот од Европската комисија, како и визната либерализација од почетокот на идната година. Истовремено, рестартирање на мандатот власта, најверојатно, ќе посака да и' се случи, пред опозицијата да успее во намерата за нејзино консолидирање. Во меѓувреме, нема да запре ни секојдневното удирање камен-темелници од кое малку вистински се реализира, а за сите активности на премиерот со својата владина свита фотографиите се ставаат на профилот на премиерот Никола Груевски на „Фејсбук“.
„Моментот е на некакво политичко исчекување на надворешните моменти на нашава политика околу одлуката во Брисел за извештајот, а потоа и за визната либерализација, па се чини како да виси во воздух сето ова. Ако партиите на власт калкулираат со сценарио со позитивен исход, кое ќе биде на крилата на некаква позитивна еуфорија, тогаш тоа ќе биде еден вид плебисцит за потврдување на уште еден мандат“, вели професорката Билјана Ванковска.
Се' погласни се размислувањата и на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, кој во интервју за „Дневник“ вели дека евентуалната варијанта за распишување на и��борите заедно со референдумот за името е апсолутно неодговорно и чиста глупост.
Професорката Ванковска не го оправдува референдумот, туку избори кои ќе бидат еден вид плебисцит откако Владата ќе донесе решение за името.
„Би оправдала избори ако Владата и' соопшти на јавноста дека, дефинитивно, е донесена одлука за името и ако излезат со јасен владин став. Едноставно, да побараат од народот повторна доверба и тоа да биде наместо референдум. На овој начин, Владата би можела тогаш да побара доверба, затоа што е историско прашање и има национална тежина. Бидејќи тоа е клучно прашање, и јас би била лично заинтересирана да излезам и да гласам“, истакнува Ванковска.
Но, кои ќе бидат одлучувачките фактори на предвремените избори и како Груевски ќе го оправда пред граѓаните повторното непотребно трошење енормно народни пари? Ако претходните вонредни избори ги оправда со потребата од поголема поддршка во парламентот за да можат поефикасно да работат, прашање е како сега ќе го оправдаат повторното организирање избори, кои на народот веќе им дојдоа и преку глава од избори?
„Владејачката гарнитура ќе ја фрли истата мамка околу тоа народот да каже кои се подобри и дека, еве, и' дава шанса на преструктурираната опозицијата, иако знае дека таа се' уште е во мат-позиција. Бидејќи знаат дека со текот на времето тие би можеле да се консолидираат во една поинаква форма, дотогаш нема да сакаат да чекаат. Сега околностите ќе се искористат да се добие продолжен мандат и власта ќе оди на факторот изненадување на опозицијата. Многу мириса на избори“, вели професорот Стефан Буџаковски. Тој се согласува и дека ќе биде искористен и позитивниот момент со визната либерализација и со извештајот на ЕК.
aman be neka go ostaat narodot na raat barem tri godini.dosta so izbori,sto e ova crna gora-milo cukanovik li ke go imitirame.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 18.09.2009 02:23:28
Ovcarot ima patoloski uplav od B.C. Retko gledam kolumni na Latas ili Gjorcev koi ne se posveteni na plukanje na B.C. Kako site nivni kompleksi da se povrzani so nego... Iskreno kazano, vo momentov vo FYROM ne gledam potencijal za napredok. Ima samo dve seriozni partii, edna kjora, druga sakata.
Од: nacional-patriot
Датум: 18.09.2009 03:00:20
Odluka za imeto nema potreba da se donesuva.Se znae imeto na nasata drzava,Makedonija i nikako poinaku.Vankovska kako da ne e od tuka.
Од: Brian, Canada
Датум: 18.09.2009 04:01:25
Dobro be lugje, giotepavte tastaturite od pisuvanje za prevremeni izbori i referendum. Nitu ednoto nitu drugoto ke go ima. Referendum ke nema od prosta pricina sto nasata vlada insistira na dvojnata formula (sto e i mnogu za Grcite), a tie toa ne go prifakaat. Znaci ptvo treba da ima dogovor okolu imeto (a ke gonema), pa duri potoa da se odi na referendum. Mislam deka i g-gja Unkovska toa go znae, pa navistina ne ja znam zosto ja pisuva statijava.
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 18.09.2009 05:42:36
Izbori i referendum vo ovoj moment se nepotrebni na rRM,bidejki samo ke go odlozati i prosirat problemot so koj se soocuva RM,ednostavno samo teba da se soopsti na narodot deka izlezot e vo ovoj ili onoj problem i da vedanas se pocne kon pravilno resavanje,a mojot predlog kon rasavanje na ovoj problem e naj adekvaten i tocen CENTRALNA REPUBLIKA MAKEDONIJA i da pocnat rabotite da tecat kako sto treba ,kade sekoj graganin moze ova da go razber i e celosno tocno gledano od geografski i istoriski aspekt, slicno kako USA severna,centralna i juzna ,a nie sme so isklucok imame uste dve nasi strani gledano feografski i istoriski vo dalecnoto minato i samo so golema sloga moze da go resime ovoj problem,a problemot e vo gore navedeneto ime .POZZ OD GEOGRAF ORCE MAKEDONSKI.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 18.09.2009 05:50:41
Mnogu pametno ! Zosto da se pravat dva referendumi koga mozi so eden .Troskovite se namaluvaat na drzavata. Apsolutno nee tesko od koga ke izglasam za koja partija se odlucuvam vo isto vrema ke potpolnam livce i za imeto na drzavata toa se 5minuti.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2009 08:21:36
Пак се коментира за вонредните избори и референдум за името.Ова е петти пат,се извинувам за упорноста во броењето на уплавот и паничноста во СДСМ а напишано во утрински.Спасителот ја покажува сета моментална немоќ да ги победи поморанџестите и покрај стиснатата тупаница.Уплавот го стори своето и ова е едина опозиција која несака избори и тоа вонредни.Тоа личи на наместен пенал од 2м а се нема ,,пуцач лопте,,.А за референдумот па кој сте вие да решавате во име на преку два милиони народ,никој не ви го дал мандатот и на едни и на други за менување име.
Од: dedo dimo
Датум: 18.09.2009 08:26:07
Drugari i drugarki ,se izbira vlada koja i nosi napredok na drzavata a ne stagniranje na drzavata . SDSM tolku godini beshe na vlast ,ve prashuvam kazete edna dobra rabota shto napravija za MAKEDONIJA I MAKEDONSKIOT narod ?.Jas lichno ne sumni vo ednata partija ni vo drugata ali realno mora da se zboruva i misli .Gruevski vo mometov e stolb na MAKEDONIJA za da e odbrani od najloshoto a raboti po zelbite na mnozinstvoto vo R,MAKEDONIJA i vo opshto za siot MAKEDONSKI narod.SDSM do sega ke e prodadeshe nashata zemja za evtini pari.Izvinete ali toa e moe gledishte od nadvor na MAKEDONIJA.
Од: Maja
Датум: 18.09.2009 09:16:38
Do dedo Dimo.
Malku ve momam porabotete na matematikata pa ke vidite koj e podolgo na vlast koj vo opozicija. ne bi se složila so vašata konstatacija deka od SDSM nema nikakvi boniteti za narodot.
Vtoro dodeka vo našata država vladee populist kako Gruevski i centralist do togaš ne očekuvajte podobro utre.
Од: Каме
Датум: 18.09.2009 10:43:46
Добро е да има избори и референдум. Така граѓаните на Македонија истовремено засекогаш ќе им кажат збогум и на промената на името и на предавниците.од СДС.