Тетово смрди на смет. Над 10.000 тони отпад се акумулирани на дива депонија во центарот на градот. Сметот се распаѓа и создава неподнослива реа. Проблемот е присутен повеќе од четири месеци. Никој не реагира. Решенијата се чекаат од Министерството за животна средина, од градоначалниците на Тетово и на Гостивар и од уште седум нивни колеги од руралните полошки општини. Како што стојат работите, не се гледа излез. Одговорните немаат ни срам ни перде од дадените ветувања дека ќе најдат решение.
Регионалната депонија „Русино“ на која се носеше тетовското ѓубре е надвор од функција и којзнае кога ќе биде употреблива. Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, наместо да се зафати за прописно уредување, ги поттикна локалните жители на блокади. Инсистира на стандарди, но и на дополнително финансирање од оние кои ќе ја користат. За првиот човек на Тетово, Сади Беџети се шпекулира дека своевремено останал покус за некоја зделка токму во „Русино“.
Министерот за екологија, Неџати Јакупи, роден гостиварец, кадар на ДУИ, не само што во конкретниов случај ништо не направи, туку како да е настрана од „неговиот проблем“. Истиот тој пред нецел месец вети дека ќе ги седне на заедничка маса градоначалниците на Тетово и на Гостивар за да ја средат работата. Но, нема информации дека се случила ваква средба. Ситуацијата станува повеќе од загрижувачка затоа што ридовите со ѓубре стануваат се' поголеми.
Тетовци со право коментираат дека од ѓубрето не се шири комунална смрдеа, туку политичка реа. Добро упатените во Тетово тврдат дека хаосот со сметот е производ на политичка пресметка на најодговорните. За жал, преку грбот на граѓаните, чие трпение за конкретниов случај почнува да ги напушта.
Zarem moze nesto dobro da dojde od Nazaret,il moze li nesto dobro da ima vo Nazaret!
Од: Kolo Diamantot
Датум: 18.09.2009 05:55:18
Seto e do gradonacalnikot pod hitno da se smeni preku referendum .
Од: mite
Датум: 18.09.2009 08:33:45
Kako be ne ti e sram KOLO, ti si nasol da zboris za gradonacalnikot, kogaj gi vadese na glasanje tvojte DPMNOVCI i toa da glasaat za covekot so krv na racete i koj napravi za negoviot mandat 1.000.000evrinja, Ostajte go Sadi, da raboti i sigurno ce bide reseno se......i pozzzz do tebe Koljo i tvojte sopartijci koi uste malku ste na vlast.
Од: tetovec
Датум: 18.09.2009 13:47:22
sramota za site nadlezni, a nie graganite se gusime vo smrdea i potencijalni zarazni bolesti