Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
„Владата“ на СДСМ ќе излезе од сенка по Нова година

Цели тимови ќе покриваат различни области, согласно со ресорите во вистинската Влада на „Илинденска“

Александра М. Митевска


Откако ќе ја прошетаат целата држава со новата програма „Решенија за Македонија“, социјалдемократите планираат да го стават под уште поголема лупа функционирањето на власта, на која би требало да и' се спротивстават и со влада во сенка. Таа идеја би заживејала во почетокот на следната година, а засега се наѕираат само нејзините контури. „Владата“ на улица „Бихаќска“ ќе се базира на кабинетски модел, така што цели тимови ќе покриваат различни области, согласно со ресорите што функционираат во „вистинската“ Влада на „Илинденска“.

Иако ќе биде кабинетска, владата во сенка би требало да ги исфрли на виделина луѓето на кои би можел да смета Бранко Црвенковски во случај да се врати на власт или, пак, кога би се нашол во ситуација да партиципира во власта.

Најавата дека СДСМ ќе формира влада во сенка ја заинтригира јавноста, која, сепак, уште извесно време само ќе може да нагаѓа кои личности ќе им бидат „двојници“ на Ставрески, Јанкулоска, Милошоски или на Османи, Бесими... ? Кој ќе биде министер во сенка за евроинтеграции, а кој за земјоделство...? Секако, под претпоставка дека Црвенковски ќе биде премиер во сенка.

Секретарот на СДСМ, Андреј Петров, вели дека неговите сопартијци моментно се сконцентрирани на афирмација на програмата што беше усвоена минатиот викенд. Владата во сенка, пак, би требалa да биде следниот потег од постконгресното дејствување на најголемата опозициска партија.

„Одиме чекор по чекор. Сега примарна цел ни е да им ја доближиме на граѓаните нашата програма. Тоа ќе ни биде главна обврска до Нова година, а потоа би можеле да пристапиме кон промоција на владата во сенка, што ќе претставува нов концепт на политичката сцена“.

Влада во сенка не направи ниту една опозициска гарнитура во досегашните пет состави на парламентот, иако имаше неколку слични идеи што не доживеаја реализација. Ваквиот модел на опозициско дејствување, всушност, е најкарактеристичен за Велика Британија, каде што секој министер си добива свој ривал во сенка од опозицискиот табор, кој има задача што поуверливо да ги критикува потезите на владејачкиот министер и да понуди алтернативни мерки за одредени прашања, а се' со цел да ја натера извршната власт на поквалитетно работење.

Сепак, треба да се има предвид дека британскиот парламентаризам, не само што е со далеку поголема традиција од македонскиот, туку е и многу поразличен од нашиот. Таму има две големи партии што се менуваат на власт и кои, најчесто, обезбедуваат апсолутно мнозинство во претставничкиот дом, така што коалиционите влади се мошне ретки. Освен тоа, парламентот во Британија има мошне значајна улога во политичкиот живот во земјата, така што парламентарците, без разлика дали се од власта или од опозицијата, секоја недела ја бомбадираат Владата со прашања.

Актуелнава македонска Влада, пак, иако е коалициска, е под силно влијание на ВМРО-ДПМНЕ, така што, очекувано, парламентарното мнозинство не се наметна како коректор на извршната власт. А, безусловната поддршка што ја добива Владата од парламентарното мнозинство би требала да претставува предизвик за опозицијата да излезе од „ладовина“. Оти од многу седење во сенка може да се добие хронично воспаление, особено ако власта се одлучи да оди на редовни парламентарни избори

Црвенковски неодамна посочи дека планираната влада во сенка ќе ја сочинуваат луѓе од СДСМ, бидејќи партијата како опозициска не е во коалиција со други партии, ниту, пак, засега е на повидок некое поформално сојузништво. Претседателскиот кандидат Љубомир Фрчковски во последната колумна ги посоветува социјалдемократите засега да не форсираат никаква коалиција со други партии. Бидејќи „тоа е лоша порака, ориентирана на математика за власт, а таква нема засега“.

„Опозициските министри“, всушност, ќе бидат промотори на новата програма на СДСМ, која има цел да понуди алтернативен концепт на тој што го практикува Владата. Тие ќе треба да ја убедат јавноста дека опозициските кадри и решенија заслужуваат доверба.

„Ова не е изборна програма, бидејќи не сме пред избори. Ова е програма во која се посочени генералните насоки. Во оној момент кога ќе се знае кога ќе се одржат изборите, ’Решенија за Македонија‘ ќе се трансформира во изборна програма и тогаш ќе бидат наведени и рокови и динамика за остварување на целите“, изјави Црвенковски во постконгресното интервју за А1.


#
Статијата е прочитана 2732 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 18.09.2009 00:15:49
Црвенковски вели „не сме пред избори“ и секако дека целосно се лаже со тоа. Ако опозицијата не е во предизборие, во предизборие е власта, и тоа во полна пареа! Само Груевски знае кога повторно ќе му текне со нови предвремени избори, а тој ден не е далеку! Значи, ако опозицијата има намера да биде фактор - конкурент на оваа погубна власт на ДПМНЕ подобро да не се занимава со детски ири од типот на „влада во сенка“ затоа што не сенка, ами мракот ќе ја изеде уште малку. Фашистот Груевски нема да застане додека не уништи секој вид опозиционо дејствување од страна на други партии, па и опозиционо дејствување во рамките на сопствената партија! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: МК
Датум: 18.09.2009 01:00:46
"Владата" во сенка на СДСМ веднаш ќе эапочне со отпуштање на нови 300 000 вработени, ќе го смени новото државно энаме, ќе го промени уставното име во Северна Македонија, ќе ги намали эемјодлеските субвнеции на 2 милиони евра колку што иэнесуваа до 2006, после продажбата на ЕСМ на ред ќе им бидат и дрвените бандери што не цветаат во пролет, ќе пропаднат уште неколку банки и штедилници како ТАТ, ќе эаживее криминалот и корупцијата, нови тенковски делови од 4 милиони евра, Зоран Заев ќе си "присвои" уште 8 милиони евра, нови корупциски "бачила", автоматски по најбрэа постапка ќе се албаниэира Кичево и Куманово, ќе се официјалиэира алибабанскиот јаэик на целата територија, ќе се легалиэира повторно албанското энаме, полицијата под Бранко Црвенковски повторно ќе го тепа Македонскиот народ како Во Струга 2004, ќе се ветува по еден вработен од секоја эграда бидејќи се виде дека од секоја фамилија во 2002 се отпуштија од работа илјада фамилии, и на крајот ќе ја предадат целата држава.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 18.09.2009 04:22:32
Stotuku ke izleze od senka pa ke vleze vo tunel ili jama . Nebiva nisto bez Nikola popovski Gorgi Spasov i red drugi sto bea kvalitetni luge na SDSM. Vo vecita opozicia ke ostane ovaa partia . So deca matanica nese srka.
Од: KBR
Датум: 18.09.2009 06:00:38
Da im e ziva i zdrava Vladata vo senka i sto godini da im ostane vo senka.
Од: tome sad
Датум: 18.09.2009 06:46:56
Ako prodolzi SDSM na celo so Makarduli,Stankovic,Buckoski Sekerinska sigurno daleku ke doguraat?
Од: kristo
Датум: 18.09.2009 07:05:53
pa normalno ke kopiraat od popametni od niv.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2009 08:09:36
Докторите на болните и анемични пациенти им препорачуваат поголема изложеност на сонце за да закрепнат.Стоењето подолго време во сенка посебно групно (како влада) предизвикува изразено бледило и анемија.Што поскоро сончева влада,па избори па доваѓање на власт,така се прави во триумфалниот повраток.Само при враќањето малку корегирајтеја плавкастата програма визави ЕЛЕМ.Да повторам ЕЛЕМ да не се продава.За коментаторите плавци значи ЕЛЕМ а не ЕВН како што беше коментирано вчера.
Од: Mihajlo
Датум: 18.09.2009 08:13:41
Znaci, prva partija se vo Makedonija sto promoviraa programa bez da ima izbora. Prva partija ke bidat sto so otvoreni karti ke se sooci so javnosta preku vlada vo senka kako alternativa na vlasta. Sto da kazam, osven deka ocigledno se menuva SDSM na mnogu podobro i ja ima mojata poddrska
Од: jovan
Датум: 18.09.2009 08:23:17
Kako i sto rekov: Prvo cekaa da zavrsele izborite, pa rekoa na leto ke prevzemele nesto, pa potoa Septemvri go odredi za "pohod", sega odlozija za Nova godina, za nova godina ke ni soopstat deka Mart e vreme za "ustanak", vo Mart pak ke cekaat leto i se taka Branko ke mu kupuva vreme na Grujo. (Poraka do Branko: Za Nova Godina nema nikade senka za da izleguvas od nea,a ako stvarno si resil da izleguvas, izleguvaj sega, kolku tolku ima sonce).
Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.09.2009 09:04:02
Се јавува реален страв поради големината на сенката, да не ни се случи да останеме во Мракот, затрупани во снег, Смрзнати! Одложувањето е Уште еден доказ дека наместо блада во сенка, имаме блада во Дебела Ладовина! На Злото се реагира веднаш, секое одолжување може да се разбере како Соучесништво во Убиството на МК!
Од: Alex
Датум: 18.09.2009 09:30:50
Znaci, mora da ima silna i konsolidirana opozicija za da imame silna pozicija, toa e fakt, Kolku i da ima mnozinstvo pozicijata sepak nekoj treba da ukaze na nejzinite grski t.e. ne moze da pravi bas sto saka. Taka da pozitivno e opsto za funkcioniranjeto na celata drzva SDSM da se izgradi povtorno vo stabilna i konsolidirana partija, Da ne se zalazuvame seuste se toa dvete nagolemi partii (VMRO i SDSM)
Од: ivica
Датум: 18.09.2009 09:37:19
na grujo i sea mornici mu lazat od senkata na branko, a ne pak za vlada vo senka
Од: taip abdula-konce
Датум: 18.09.2009 09:37:36
Ne sum simpatizer na SDSM-no turskata multietnicka zaednica od pocetokot na stvaranjeto na nezavisna RM od sekogas bese na stranata na SDSM-sto se sluci da turskata multietnicka se otkaze od SDSM prvo kadrovskite promeni vo vrvot na SDSM sto eden Georgji Spasov namesto da bide predsedatel na RM-zamina ambasador vo Anglija i drugi gluposti veke e kasno dodeka da izleze od senka ke fati pak zima a sto e naj vazno gospodinot Zaev e golem provokator zaluben vo samiot sebe so eftini politicki stosovi bara da go vrati reitingot na SDSM-sto za toa turcite od Istocna Makedonija vo nikoj slucaj ne sme krivi shto e naj vazno predsedatelot na TDP vo RM,K.Hasipi nema nikakva vrska od politika i e pod vlijanie na politicarite od Tetovo i Gostivar mislam deka toj kako licnost ne bi mozel ponatamu da gi vodi turcite vo RM i ako ima golema podrska od AKP-Tayip Erdogan (na koj Tayip mu se broeni denovite)
Од: spiro kumanovo
Датум: 18.09.2009 09:56:01
Ja neznam dali ovie od sdsm se normalni kakva vlada vo senka neli gledaat deka so gujo nema zaebancija .Prvo branko voopsto ne trebase da doadja na celo na partijata katastrofalna greska ,vtoro velat deka se smeneti 80% od rakovodstvata vo opstinskite komiteti no toa ne e tocno eve vo Kumanovo se site isti sto bea pred 3-4 godini koi bea na funkcii koga sdsm bese na vlast a sega se vo lokalnata samouprava .Jas sum vo sdsm od 1996 i mene nikoj ne me prasa dali Nada, Oliver, Viktor , Cic,Goran i dr. treba da bidat na celo na opstinska ogranizacija .Znaci se e po staro a taka nemozat na grujo da mu se fatat i taka politika ne se vodi . Mislev deka partijata celosno ke se reformira ke se napravi sosema nova partija so ludje bez hipoteki, ludje nepoznati na javnosta po aferi i korupciski skandali .Jas vi garantiram poraz slednive 7-8 godini na sekakvi izbori zatoa sto nikogas ne go slusate narodot Brane treba da svati deka treba da go pravi ona sto narodot go saka a toa se vika populizam
Од: неопределена
Датум: 18.09.2009 09:57:36
СДСМ е осудена на пропаст и само тоа мислење ми се провлекува низ главата. Со такво владеење на власт само кога ке помислам на арогантниот однос што го имаат членовите нивни кон останатите граѓани во Македонија се згрозувам и посакувам засекогаш да ги снема како партија и да исчезнат од политичката сцена еднаш за секогаш.
Од: prjatel
Датум: 18.09.2009 09:59:44
СДСМ е спасителот на Македонија.Напред ја имате подршката од народот,бараме јавно да ги обелодените сите криминали на оваа влада фасистицка и тоа поединачно за секој град и село,големо зло нанесоа на народот.
Од: Каме
Датум: 18.09.2009 10:41:22
ВМРО е сонце, а СДСМ толку се исплашија од избори што одлучија да си седат во сенка за да не изгорат.
Од: јас
Датум: 18.09.2009 12:23:33
Е портокалчина едни, од страв сте станале премногу злобни во вашите коментари...А и понатаму врска немате што тр��пате ( што, не ви дадоа вашите портокалови портпароли напатствија што да пишувате па трескате безврска?).Портокалчина мои Влада во сенка во чекор ја следи постојната Влада , укажува на сите нејзини грешки и пропусти и дава напатствија што требало да се направи за да биде подобро ...Бранко ( пак се стресовте , само на поменување на ова име) си работи упорно и кога тогаш ЌЕ ВИ ДОЈДЕ КРАЈОТ.А како што работите , СЕ' ПОБЛИСКУ ви е ..Што барате од СДСМ , насилно да ја превземе власта??Бранко ( пак „бррр“ ) е далеку попаметен , па тоа нема да Ви го дозволи..Сами ќе падните, со ваква апашка работа..
Од: aleksandar
Датум: 18.09.2009 12:30:22
pa taka treba da otpusti vraboteni vo administracijata.zs ima eden kup legaci sto ne zarabotile ni 30 % plata so rabota ,i uste nesto ima nekoi koi ne odat na rabota i zemaat plata.od bivs vmrovec
Од: nepartiski
Датум: 18.09.2009 12:36:04
Znaci po Nova godina da ocekuvame ,,FEVRUARSKI POHOD,, . Na zdravje narode!
Од: Bitola
Датум: 18.09.2009 12:50:39
Програмата „Решенија за Македонија„ се вистинско чудо .Во неа е вткаено се најдобро и најквалитетно од интелегенцијата во СДСМ и Македонија.Најдобра е и е на виско научно ниво.Предвидува резултат и решенија.Победа со Бранко, напред СДСМ, а ДПМНЕ можи слободно до утре сабајле да ја критикува не е во право напротив лажат и само сакаат да си прават рејтинг со туѓи перја да се китат со народни пари.Во една држава најважно за луѓето да се чувствуваат безбедно и слободно.Само тогаш луѓето ќе си ја сакаат својата земја.Ако му е страв на Груевски од СДСМ слободно може да си замине има кој да го замени.Способни, млади квалитетни луѓе со визија за Македонија во ЕУ и НАТО, СЕ ДРУГО Е ЛАГА И ФОРМА.
Од: nekogo
Датум: 18.09.2009 13:05:28
Luge vcera na TV ja vidov najdegenskata reklama ili neznam sto bese...VMRO-ovcite padnale tolku nisto sto nemozam da poveruvam. Neznam dali uopste smeejat da pravat takvi raboti, ne sme vo izborna kampanja a tie pustile reklama na TV "Na 15 septemvri" i so edna kupa navredi upateni kon Branko. E da znaat deka me ubedija da glasam na slednite izbori za SDSM.
Од: evropeec
Датум: 18.09.2009 13:09:30
зајакот на магарето упло му вика, ми се смачи и од вмровци и сдсмовци и се едни исти 20 години, па има оваа држава сигурно некој неизвалкан паметен... до кога се со овие ќе се занимаваме ....
Од: Jane
Датум: 18.09.2009 13:22:54
Конечно добри потези од СДСМ.Само уште Црвениот да си замине.Од она што ми е достапно од медиумите,Петров би можел да го победи Груески на редовни избори(доколку Црвениот веднаш замине).Самата помисла на Спасов,Попоски,Митрева е грешка.Чистење на Макрадули,Иваноски,Шеќеринска,Заев(жигосан),Зечевиќ. Во Словенија црвените ја внесоа во ЕУ, па истат година ги загубија изборите.Така да;безвизен режим и датум не се доволни за победа.Словенија имаше и членство и стандард, но немаше доволно правда и правичност, па црвените загубија.Поради овие причини, сметам доколку Црвениот веднаш замине и му остави време на Петров да си направи тој влада во сенка,Петров на редовни избори сигурно победува, доколку го критикува судството и УДБА.Треба да најде компетентни кандидати за правда и УДБА(СДБ,ДБК,УБК).Се разбира;веднаш треба да заборави на продажба на името, бидејќи од анкетите произлегува дека ни членовите на СДСМ тоа не го сакаат.Да притиска Груески да спроведе лустрацијата, бидејќи тој не ќе мож
Од: Antonio
Датум: 18.09.2009 14:12:34
Neopredelena,tvojot komentar bas i ne korespondira so psevdonimot zad koj se kries. Spored moeto ubeduvanje ti si apsolutno opredelena, t.e. jasno e vo cija tikva duvas.
Од: IKI
Датум: 18.09.2009 14:30:58
Se dobro sto zamisluva SDSM da pravi e OK ama koj da gi razbere ovie nivni potezi, za ovoj prost narod koj po priroda e'' bukvalist '' ova nisto ne im znaci posebno na priucenite vmr-ovcicki koj se zabuleni vo istorijata i nemaat blaga vrska za se sto zboruvaat od SDSM zatoa moja preporaka ostavete ja vladata vo senka i zastanete na branikot za spas na Makedonija i so prosti zborovi pridobiete gi ovie napateni i ugneteni dusicki koj sakaat da umrat od glad po cena GRUICA DA IM E ZIV pa neka za vas samo toa e dobro gladuvajte i jadete spomenici i anticka istorija.
Од: До Каме
Датум: 18.09.2009 15:26:25
Да,сонце со штетно UV зрачење за Македонија!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (5)
Бугарски пасош како награда
Зденко
Избори со референдум - мамка или реалност
Бесплатни учебници, сепак, нема за сите
Обама се откажа од ракетниот штит во Европа
Работниците нема кој да ги заштити
Претседателот Иванов ја чека Грција на полпат
Срамни ветувања
Маглива идила
Кој нема ХАСАП - од 1 октомври казна или клуч