Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Си велам...

Бугарски пасош како награда

Ерол Ризаов

Доживеавме да се радуваме на бугарско државјанство

Колку чини животот на еден Бугарин. Се разбира, нема цена, како што нема цена животот на кој било човек на планетата Земја. Ама, ако Македонец спаси Бугарин - еден, двајца, тројца... тогаш бугарската влада ќе му издаде паспорт по итна постапка. Таква голема радост ги облеа деновиве тројца храбри Македонци кои спасуваа луѓе од водите на Охридско Езеро по потонувањето на бродот „Илинден“, кои само случајно беа Бугари. За хуманиот подвиг на трите момчиња, кои несфатливо останаа анонимни за македонската јавност, бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската влада им возврати со примерен гест. Тројцата охриѓани нема да чекаат со месеци како што чекаат другите стотици Македонци, туку ќе станат нови благонадежни Бугари веднаш. Ете, и тоа го доживеавме. Да се радуваме на бугарски пасоши и бугарско државјанство. А, зошто да не, кога е тоа за многумина единствен прозорец кон светот. А, зошто да не и кога во Македонија на момците никој не им обрна внимание, не ги пофали и не ги награди за овој, би рекол, најхуман потег на годината. Наместо јунаци опкружени со публицитет и внимание, наместо пример за храброст и хуманост, овие момци од Охрид станаа анонимни и лојални Бугари. Сигурно не само од идеолошки, туку од многу прагматични животни причини. Најавената визна либерализација не ја спласнува трката по бугарски пасош. Голема е разликата меѓу пасошите на луѓето од земјите-кандидатки и од земјите рамноправни членки на ЕУ.

И додека ги бараме нашите македонски корени во антиката во вековите пред Христа, додека градиме антички храмови, споменици на Александар Македонски, мостови, стадиони и музеи, додека трагаме по нашето славно минато и по нов старомакедонски антички идентитет, илјадници граѓани стануваат словенски Бугари со паспорт во џебот. Ете колку е силна политичката квазикампања за нашиот генетички код кој се протега од цивилизациите пред нашата ера до денес, а најчесто не знаеме како ни се викаат прадедовците. Некои нови проповедници, вредностите на конзервативизмот и демохристијанството кај нас ги темелат на Александар Македонски, црквата и силната државност, а не знаат ни кои се основачи на десницата во Македонија, па им се случува јавно да го напаѓаат и навредуваат проф. д-р Гане Тодоровски, основачот на десницата во Македонија. Бати таквата грижа за традицијата и докажаните македонски вредности. Но, во Македонија со плукање на големи имиња и на признати вредности се станува министер. Такви примери имаше повеќе. Дежурните антички ’македонствујучи‘ генијални десничарски патриоти само ја доотворија вратата за уште посилен наплив на провинцијализмот и примитивизмот. Големиот патриотизам, под удар на сиромаштијата и бесперспективноста, стана прав и пепел пред бугарскиот паспорт. Ме фаќа страв кога ќе помислам колкави редици за туѓо државјанство ќе се направат ако Србија и Албанија влезат пред нас во Европската унија, што се' повеќе станува реалност. Какви ли вета и барања ќе ни испорачаат Албанците и Србите ако не' престигнат на европскиот пат за Брисел. Нашиот семафор одамна свети црвено.

Уште пред дваесетина години напишав, а потоа тоа го повторив повеќе пати, дека Македонија ќе стане рамноправна членка на ЕУ оној ден кога тоа на нејзините граѓани ќе им биде сеедно. А, за да им биде сеедно треба да имаме невработеност под 10 проценти, а не како сега близу 40 отсто, национален доход по глава на жител барем десет илјади долари, да имаме правна држава каде што сите ќе бидеме еднакви пред законот, чиста човекова околина, пристоен личен и општествен стандард, добри комуникации и инфраструктура. Малку од тоа остваривме за изминатите 20 години.

Зошто досега не успеавме со евроатлантските интеграции, најголем дел од вината, сите знаеме, е во грчката националистичка и шовинистичка политика која го блокира македонскиот пат кон НАТО и ЕУ. Но, мора да признаеме дека дел од вината е во нашите политички елити, особено последните три години кога се запрени речиси целосно нашите евроатлантски интеграции на ниво на кандидат за ЕУ. Словенија и Хрватска со посредство на Брисел најдоа решение за да се отстранат пречките за влез на Хрватска во ЕУ. По тој повод, нашиот претседател Ѓорге Иванов веднаш даде изјава. Лично очекував дека со истенчен политички манир претседателот на Македонија ќе ја поздрави флексибилноста на Словенија и на Хрватска, но и на Брисел, да се отворат патиштата за Хрватска кон членството во ЕУ. Иако случајот ни оддалеку не е ист, иако не се исти Словенија и Грција во своите демократски дострели, како што не се исти и Хрватска и Македонија, сепак, секое решение кое ги урива бариерите за пристап во европското семејство оди во наш прилог. Наместо тоа, претседателот Иванов во својата прва реакција изненадувачки ригидно ја исклучи можноста за решение на сличен начин, наместо нетолерантноста да им ја препушти на Грците, па да се види дека тие го лажат светот кога тврдат дека, наводно, се за компромисно решение кое е прифатливо за двете страни. Добро е што Иванов ја увиде својата грешка, па веке во второто изјаснување во интервјуто за ДПА ја поддржа словенечко-хрватската варијанта.

За жал,Грчко-македонските односи систематски се уништувани со децении. Особено по прогласувањето на независноста на Република Македонија. Точно е дека Македонија и нејзините граѓани се жртви на ирационалните грчки ултиматуми, но што е со нашиот дел од вината. Таа треба да се бара во нашата Влада, која ги зазеде сите главни институции за производство на минатото. Со помош на својата службена верзија и партиска доктрина, обезбеди нов идеолошки монопол кој до пред неколку години го држеа комунистичките рецидиви. Што мислите - што е полошо. И двата монопола заговараат амнезија за различни делови од историјата. Во Македонија битката за интерпретација на минатото не е предмет на науката, туку на политиката. Ја предводат шарлатани. Погубно. Тоа е така, само затоа што политичките водачи целосно се впрегнати во трката за превласт и кога имаат апсолутна власт со стабилен тригодишен мандат.

Предизборната кампања како да е во полн ек. Секој по нешто прави во регионот за својата држава, а Македонците прават секоја година избори. Моментно најинтересно ми е што ВМРО-ДПМНЕ јавно покажува уплав од Бранко Црвенковски, за кого велат дека е веќе виден и потрошен филм, дека е најголемиот виновник за се'. Ако е така, зошто тогаш се емитуваа скапи десетминутни спотови за ликот и делото на Црвенковски низ целата транзиција. Негативната кампања секогаш значи страв. Тие што имаат големи достигнувања и самодоверба не го сатанизираат противникот.

Имам впечаток дека ако Груевски се одлучи да оди на предвремени ��збори, иако јавно изјавува дека не размислува за предвремени избори, тоа ќе го направи не за да добие постабилен мандат, бидејќи има уште три години за владеење и апсолутно мнозинство во парламентот. Тоа нема да го направи и поради тоа да ја порази уште еднаш опозицијата, таа и онака е во длабока криза. Туку, во Македонија се подготвуваат предвремени избори само за Груевски да го победи и да го отстрани од политиката Бранко Црвенковски. Тоа навистина би било преголем, прескап и ризичен влог за една сиромашна држава каква што е Македонија. Во последните три години во Македонија се потрошени, според некои пресметки, над двесте милиони евра за избори, главно, пари на граѓаните. Нема ниту една таква инвестиција, ниту странска ниту домашна. Навистина демократијата е скапа работа, но што е многу, многу е. Кога се коле вол за килограм месо, казната може да биде драконска и за касапот.


#
Статијата е прочитана 4702 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 18.09.2009 00:35:16
Ovie mladi momcina od Ohri izgleda znaat ,deka se rodbinski povrzani so nivniot pradedov brat ,Blgarskiot Heroj ;Ohrigjanec Aleksandar Protogjerov,a za zal negoviot Pra Vnuk , desnata raka na Grujo Nese vika Protogjerov nego Protogjer.-Baba laze ama trag ne laze!
Од: mitko za surovata vistina
Датум: 18.09.2009 00:41:29
Prvo i prvo Makedonija i Makedoncite treba da se poglednat sebesi i da si priznaat deka ja falsifikuvaat istorijata i deka toa e golema glupost i greska. Procesot na Bukefalizacija e nesto najstetno sto se javuva vo ovaa drzava. Toa e golema precka vo razgovorite koi gi vodime so Grcite, em nepotrebno gi iritirame Grcite em celiot svet ni se smee, a na klovnovi ne se dava diplomatska podrska vo intergraciite. Seto toa se pravi zatoa sto Grujo najde ubav nacin da gi manipulira svoite glasaci. Tie se luge so mala dusicka koi mnogu se srekni koga nekoj gi laze deka potknuvaat od slavniot Aleksandar. Se dodeka se negira svoeto slavjansko poteklo koe e ocigledno i e prifateno vo site naucni institucii vo site zemji rabotite nema da pojdat na dobro.
Од: Acko
Датум: 18.09.2009 01:00:22
A koj bese toj Vlado Dimov????mislam deka bese od tvojata maticna partija.I Erole jas da ti kazam se vo 2-3 zbora Prvo Bugarija e drzava bila i ke bide i vo dvete svetski vojni bila vo sojuz so Germanija sto i pomogna sega da stane i clen na EU inace Bugarite gi mrazat turcite do smrt sto e povod i ti da pisuvas protiv niv .Tamu se znae koj e koj vo Bugarija oni na turci i na muslimani ne davaat pasosi ti moze da kritikuvas vlast samo vo nasava Пинџур drzava koja ti ovozmozila da bides novinar a vo Bugarija ke bides nikoj i nisto so nekoja amalska rabota zatoa dosta taguvas po Branko pa so sto te zadolzi toj covek aj pisi kolumna objasni ni veke ednas.
Од: Mene do Vas
Датум: 18.09.2009 01:01:41
Razlikata pomedju Slovenija i Grcija e vo toa sto Grcija ima krvavi race od genocidot nad Makedoncite vo okupiraniot del na Makedonija sega vo Grcki resor i tiranija. A Bugarija samo inspirira novi potopuvanja na brodovi i kajcinja so bugarski turisti bilo kade niz M. Sekoj spasitel ce se nagradi so pasosh. Zarem ne? Vredi obid.
Од: Goce
Датум: 18.09.2009 01:29:44
Kaj moze TURCHIN da se raduva na bugarski pasosh ? Da ne se sheknal ovoj? Neka se raduva na pasosh od negovite, koga ke vlezat vo Evropa ! A toa ke e na Kukovo leto !
Од: Makedonec vo EU
Датум: 18.09.2009 02:27:00
Vo vremeto na SDSM, Bugarkite doagjaa vo FYROM da zarabotat po "tri chrveni". Vo vremeto na ovcarot, Makedoncite sonuvaat da stanat Bugari. Se ostvaruva sonot na DPMNE :))
Од: Pavel
Датум: 18.09.2009 02:37:24
"Македонија ќе стане рамноправна членка на ЕУ оној ден кога тоа на нејзините граѓани ќе им биде сеедно. А, за да им биде сеедно треба да имаме невработеност под 10 проценти, а не како сега близу 40 отсто, национален доход по глава на жител барем десет илјади долари, да имаме правна држава каде што сите ќе бидеме еднакви пред законот, чиста човекова околина, пристоен личен и општествен стандард, добри комуникации и инфраструктура. Малку од тоа остваривме за изминатите 20 години". Ех коментарот ви е на место господине Ризаов. Додека ние се вракаме 2000 год. назад со мислењата и бараме некои си корења од пред Христа светот оди напред а и нашите соседи исто. Тие немора да ја уништат Македонија, ние самите ке си го направиме тоа подобро од било кој од нив. Да се биде член на десницата не е само барање роднинска врска со Александар Мак. туку и ред други реформи на економски, стопански и социјален план. Браво уште еднаш за коментарот иако сум како што би кажале `десно - ориентиран`
Од: Историчар
Датум: 18.09.2009 04:02:38
Г-н Ризаов, не држат вашите ставови дека букефализацијата е некаков десничарски концепт, измислен од ДПМНЕ. Да не забораваме дека УДБА уште во 70-тите години, меѓу емиграцијата во САД, Канада и Австралија, ја лансираше теоријата за античкото потекло на жителите на географска Македонија. СДСМ, како наследник на КПМ, и ДПМНЕ се само две лица на еден ист УДБА-шки медалјон, создаден да фалсификува истории на соседни народи, и симбиозата да украдените истории да ја прикажува како свој метафизички времеско-просторен непроменлив концепт од антиката па до денес. И двете партии подеднакво енергично ја искривуваат историската реалност за етичкото и културното потекло на жителите на Македонија, при што се разбира, се употребуваат истите методи: академско-полициска пропаганда, говор на омраза кон соседите, секојдневно плукање кон Бугарија и Грција, премолчување на вестите од Албанија. Заклучок: се додека постои овој медалјон, нема да се интегрираме во НАТО и ЕУ.
Од: nacional-patriot
Датум: 18.09.2009 04:37:01
Se zabelezuva kako novinarite bliski do SDSM se obiduvaat da go obezvrednat ukinuvanjeto na vizite.Pausalni se tvrdenjata deka i ponatamu ke se baraat bugarski pasosi.Podatocite pokazuvaat deka takvi baranja recisi nema.Ne moze Erol da bara od nas da priznaeme vina zaradi sporot so Grcija.Taa prvo pocna so antikvizacija i taa ja krade nasata istorija.Antikvizacijata vo Makedonija e opravdana i gi pokazuva korenite na makedonskiot identitet.Dokolku nemase antikvizacija,Grcija sekako i ponatamu ke ne blokirase.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 18.09.2009 07:00:13
So novite izbori Branko Crvenkovski kesi gi potrosi i poslednite pari samo da dobie . Podobro dasi gi zacuva parite ke mu se najdat za staros a izborite ke gi izgubi 100% i posle em bez pari em bez partija
Од: kristo
Датум: 18.09.2009 07:14:27
Нема толкава цена што не вреди да се плати за Б Ц да се одстрани од политика.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 18.09.2009 08:53:02
За каква „политичка елита“ говорите?! Таквата елитност во Македонија воопшто не постои, посебно со оние кои Знаењето го обезвреднија до степен на Малоумност! И постојано се повторува истата приказна - на МК сите други и се виновни, иако реално гледано: Најголемата Вина за Состојбите и (Не)успехот на Македонската политика е токму во нашата КвазиЕлита!! Уште да го изгласаме Амди за претседател и да го прогласиме за Елитен! И уште нешто - Зошто никој не ги спомнува Масакрите врз грчкото и негрчко население во Драма и Серез, (II Св. Војна) направени од „нашите“ патриоти облечени во Б`лгарско руво! Б`лгарскиот пасапорт, како награда го добија многу „наши“ „елитни“ герои: Љубчо Георгиевски (бивш премиер), Владо Димов (бивш министер), Доста Димова (бивш министер)... (!?) Какви се нивните заслуги за Б`лгарската Кауза во МК и колку „наши“ сегашни политичари се Кандидати за пасапортот на кој „с`единението прави силата“ може само да претпоставиме!
Од: Mene
Датум: 18.09.2009 09:16:50
Odlicna kolumna! Navistina na mesto. I ovie plukaci dezurni (za toa si se plateni, da se razbereme) gi razboram sto go ocrnuvaat Rizaov i mu prepisuvaat SDSM linija. No obicniot citatel (onoj koj ne e platen od VMROvcite i e bez rabota, koj e del od onie 40 posto), mislam deka si stava prst na celo i razmisluva za seto ova! Od Makedonstinata ce ostanat crkvata i Aleksandar, a Makedoncite ce stanat Bugari.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2009 09:23:24
Се сложувам со вас потполно со девалвацијата на племенитата акција на спасувачите.Па добро бе луѓе зошто го прифативте невидено омаловажување од страна бугарската влада ,тоа лие цената на племенитоста да ја материјализирате со бугарски пасош.Па уште се јавуваат и други ,,спасители,,кој во моментот биле дома но ги куражеле во акција,па нормални и ним им следува истото.До Љуботан алијас вратничанин,егзистирате во моја близина и знам дека сте исти со посочените само разликата е во тоа што вие би барале српски пасош.
Од: BulgarMak
Датум: 18.09.2009 09:41:20
Posledno se razbra deka od sajtot na makedonskata perodba vo wikipedia.mk se izbrsani site iminja na Ohrigjanci, ocigledno priznavajki deka se Bugari i nemaat mesto tamu
Од: vani
Датум: 18.09.2009 09:52:31
a pametniot ti se ofajdi od ova drzava kao albansko partiski poslunik a ova drazava sto dade na ovoj narod pametniot bugari bar nesto dadoa
Од: Стар внимателен читател
Датум: 18.09.2009 10:51:59
До Ацко, до Историчарот,до Национал Патриот и Гоце . Ацко не си го разбрал текстот. Таму нема ниту еден збор против Бугарите. Ке мора уште еднаш да читаш ако пак не разбереш имаш проблем со себе. До Историчарот. Изгледа ти си самонабеден историчар. Не, Удба, туку иселениците и дијаспората ја лансираа аткивизацијата многу одамна, а оваа власт ја прифати. Во комунизмот имаше амнезија за античкото наследство, тогаш бевме словени. Абе Национал патриот, Ерол не бара да признаеме вина за спорот со Грција, туку да признаеме дел од вината што не го решивме наметнатиот спор а уште повеке што не направивме просперитетна држава за 20 години. Гоце, Турците не се радуваат на Бугарски пасош, туку Македонците. Ти си добро бугарофилче.
Од: Трпе
Датум: 18.09.2009 10:59:16
Од ова понижување поголемо здравје.Иако соседите се фалат дека први името ни го признале а од друга страна гроб ни копат.А нашите лашни патриоти,името не го менуват но друго државјанство земат.А во врска со предвремените избори,нашиот мистер Рејтинг неможе да биде во ова кондиција ,во вечна предизборна кампања,кога касата е празна.Затоа ке настојуват ако се може уште со еден лажен напор да се продолжи мандатот уште за некоја година.А после ова цунами,кој ке дојде на власт,нека му ја мисли како ке ја средува ова направена катастрова.Но народот се сам си прави.Се од нас зависи.
Од: Koreni
Датум: 18.09.2009 11:18:53
G-dine Rizaov !Najgolem del od vinata za naseto nazaduvanje vo evrointegrativnite procesi lezi kaj nas i naseto kontinuirano vodenje na drzavata vo ambis i korsokak.,a tek posle toa kaj Grcite. Grcija nemase tolku ni da zapne protiv nas,i verojatno ce se najdese povolno resenie,ako nekoi politicki anonimusi,sarlatani i diletanti od tipot na Todor Petrov , so cel da licno profitiraat ne pocnaa razni provokacii vo ranite 90 ti godini, od tipot , blokada na grcka granica, zemanje na potpolno za narodot nepoznat simbol ( zvezdata na Virgina) kako nacionalen simbol, a posle toa postepeno se razvi edna "zaraza" na antifikacija i sramno falsifikuvanje na Istorijata. Samo uste Isus go nemame proglaseno za Makedonec.Potpolno gi svacam ludjeto sto ce si zemat Blg. pasos, bidejci site znaeme deka viznata liveralizacija e lizavce za podlazuvanje na deca, a pasos od Eu e sosema nesto drugo.A na kraj kraeva videte go posledniot popis vo Otomanskata imperija kolkav procent se izjasnile kako Blg
Од: забелешка
Датум: 18.09.2009 11:31:04
Претпоставувам дека авторот на текстот е запознат, но премолчува во врска со спорot ХР-СЛ. Сеуште никој ништо не знае што е договрено помеѓу двете земји и поради тоа нивниот главен преговарач (некој универзитетски професор за поморско право) си даде оставка
Од: Amsterdam
Датум: 18.09.2009 11:45:54
BUGARIJA VETI BORBA PROTIV KORUPCIJATA SO STO I SE OSLOBODENI DEL OD FINANSIITE NA EVROPSKA ZAEDNICA ?? BUGARSKA METLA: Bugarija veti deka ke otpustit 550 Korumpirani carinarnici ,koji dozvoluvale sve i sesto za svoj interes,..,...no megu seto toa KADE E BUGARSKATA KORUPCIJA SO BUGARSKITE PASOSI ,KOJI SE DEL OD EVROPSKI ZAKON, zo koj Bugarija pred nekoj den veti deka od sega ke pocne nova strana vo borbata protiv korupcijata ???
Од: terezija
Датум: 18.09.2009 11:53:38
Ish,ish,ish...muvi kolku da sakash...?!Nema ni tolku kapi ,kolku shto se ishkaat muvi...?!Ne e ni chudo shto vaka ni se zasmrdela Drzavava.Nejse,Narod ko' Narod -megju koi sekako i jas ...Ne sakam da "solam pamet" NIKOMU,ama imam vpechatok deka ima komentari od nekoi koi nedovolno go razbrale textot a bogami i nekoi koi VOOPSHTO i ne go PROCHITALE...G-dine Rizaov neznam kako da Vi se"izvinam"deka ste Turchin...??!Kakva ironija...mislam se razbirame?! Tie koi na sekoj vtor zbor uptrebuvaat PEDER ili HOMOSEXUALEC a se poklonici na ALEXANDAR the Great...ha,ha,ha.P.S./Mozite da se potpishete i na text od nauchna fantastika--komentarite ke se isti...Pozz.
Од: Сиромав патриот
Датум: 18.09.2009 11:57:36
Со бугарски или со било каков друг пасош не е важно: Македончиња глејте само да ја збришете оти овде нема иднина. Со оваа незрела гласачка маса нашата политичка мафија ќе прави што сака. Тие што имаат трошка памет при првата можност ќе си отидат а оние што ќе останат подоцна ќе лелекаат што ги снашло.
Од: читателка2
Датум: 18.09.2009 12:08:21
Фала Богу да постои некој како Стар внимателен читател и Корени, кои рекоа се што јас мислев, па не морам многу да додавам. Инаку вие десничарите во колумниве, како тоа не сфаќате колку многу омраза има во вас кон бугарското, српското, албанското, турското? Не се оди братија така напред во ЕУ. Затоа е јасно зошто ја подржувате оваа власт, едноставно си ја препознавате во неа таа срамна националистичка, да не кажам и расистичка црта. Затоа оставете го Ерола на мира во однос на неговото потекло и разберете го исправно тоа што го пишува.Тој е 100 пати поголем македонски патриот од вас.
Од: devicanecot
Датум: 18.09.2009 12:35:33
Ероле, Од каде знаеш дека тројцата станале лојални и благонадежни Бугари? Навистина си носиш еден нехуман заклучок. Луѓето спасувале животи, разбираш. И тоа го правеле од хуман аспект, а не со цел за да добијат пасоши.А можеби воопшто и нема да ги користат тие пасоши, оти знаеш, за да се излезе надвор од државата, треба подлабок џеб. Друг е случајот со нашиот ни министер за здравство, кој од криминален аспект, за да ги сокрие проневерите како министер и да го избегне судот на правдата, молел и добил Бугарски пасош. А да му ја прочиташ молбата, сигурно дека во неа напишал оти ќе биде благонадежен бугарин... Затоа хуманоста не ја споредувај со алчноста.
Од: Vane
Датум: 18.09.2009 13:01:37
Bugarski pasosi....vlegoa vo moda za polesno da se stigne do poeftin avtomobil. Zatoa sto avtomobilskata mafija im gi placa izborite na partiite i koj i da dojde na vlast im vraca so toa sto ne gi ukinuva davackite za kolite. Imaat dvojna dobivka. Se polni drzavnata kasa i se turkaat gragjanite da kupuvaat skapi avtomobili od avtomobilskata mafija (dilerite za koli). Redno e Makedonskoto gragjanstvo da se krene protiv vakvata situacija i da se otstranat davackite za uvoz na avtomobili. Ova, kombinirano so viznata liberalizacija od prvi Januari 2010, drasticno ce gi namali baranjata za Bugarski pasosi. Koj , na krajot na kraistata , e tolku lud da potpise deka ima Bugarski korenja !!!???
Од: do Vane
Датум: 18.09.2009 13:39:07
Antichkite makedonci se topat kako aprilski snega,a bugarskite se mnozat. ludite sekoi den sa se po malce
Од: realen mkd
Датум: 18.09.2009 14:28:30
erol e potpolno vo pravo 20god. tapkame vo mesto, drzavata stagnira,golema nevrabotenost, site mladi izbegaa vo stranstvo so bugarski pasosi,poradi nemastijata i ne moznost od kupuvanje golem del so pasosite kupija i koli. eve eden predlog do premierot pokraj viznata liberalizacija da napravi nesto dobro i so kolite.neka napravi da plakaat minimalna taksa okolu 200-300eura kako vo bg. za sekoja vnesena polovna kola od stranstvo, za da mozat da vozat lugjeto podobri koli i da ne se pisuvaat bugari. zosto kako minuva vremeto vo mk ostanavme samo penzioneri i bugari, i drzava bez mladina, a koga togas tie ke gi iskoristat pasosite protiv nas.
Од: Kiril
Датум: 18.09.2009 14:34:54
Retko taka kritichen tekst kon vlasta. Retko ne samo vo utrinski, toa e retkost vo site makedonski mediumi. Retko vtora gledna tochka vo Makedonija, ovoj tekst e toa. Makar shto nekoi delovi se ushte mi se "pomakedoncheni" - vo loshata smisla na zborot, golem del e izraz na seriosno nekompelksirana gragjanska pozicija.
Од: титаник
Датум: 18.09.2009 16:10:06
Значи,овде во оваа држава,не смее да ја критикува,да ја брани,владата дали на НГ или на БЦ,кој нее е чистокрвен Македонец.(Кој е тој сигурно знае најмногу Ацко,зашто секогаш си се вика нагалено-а никако,инаку што би подсетило на Антиката).Добро елаборира се и кажа.Ако е така таквите имаат проблем,живета во живот со измешани секвенци.Време е да таквите јасно се поларизираат и кажат што сакаат.Инаку некој како,Турчинот веќе кажуваат,и останатите барем знаат со кого си имаат реабота.Со Ацка наш и слични како него,тешко да се дојде до сознанитето што сакаме од оваа држава.А за двојните пасоши,џабе се крева прашина,тоа ќе стане задолжително,таков проект веќе се спорема.Експериментирањето успеа,особено кај нас,и вроди со плод.Сега нема националности,наскоро ни нации...Одиме сите во бавчата на Адам и Ева и во п.мат...
Од: cile
Датум: 18.09.2009 17:36:12
sta da ne podobro se organizirat kako nacija site imat raota besplatno zdravstvo,skolstvo za site studentdki dom,stipendija,plata na dedo baba ako cuvat vnuci i pokrakj sto site imat penzija,se grizat za nevraboteni 20000den sociala za familija,griza za invalidi i hendikipirani ne samo panzija tuku i centri i domovi,site cigani vraboteni zarem treba uste da nabrojuvam.........
Од: bubica
Датум: 18.09.2009 18:13:45
Erol i eden kup kako nego koi se svesni deka se del na edna zavrsena istoriska karika vo Makedonija,grupa koja seuste cvrsto se drzi za takanarecenite kasnosocialisticki recepti za opstojuvanje vo ova seuste matno vreme.Sekoj uspeh (drzaven)ili pak bilo kakov progres napred e uste edna opasnost za nivnoto isceznuvanje.Toj i negovata grupa nemozat da svatat deka nekoi novi decki sega se na vlast i deka fazonite od nekogasnata SFRJ-policiskokodoski veke go gubat sjajot.Dobro e sto pokazuvate zagrizenost no sekoja pregolema griza pokazuva i deka vi e krivo sto ne ste na vlast.No zivotot e takov denes ste tuka utre kojznae kade,denes sme vlast utre opozicija i taka so vreme.
Од: miki
Датум: 18.09.2009 19:02:04
mu se zablagodaruvam na g. erol za ubavo napisan tekst no mislam vo nasava drzava ima malku luge sto ja razbiraat sustinata sto ja pisuva covekot.

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (5)
„Владата“ на СДСМ ќе излезе од сенка по Нова година
Зденко
Избори со референдум - мамка или реалност
Бесплатни учебници, сепак, нема за сите
Обама се откажа од ракетниот штит во Европа
Работниците нема кој да ги заштити
Претседателот Иванов ја чека Грција на полпат
Срамни ветувања
Маглива идила
Кој нема ХАСАП - од 1 октомври казна или клуч