Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Обама се откажа од ракетниот штит во Европа

Американскиот ракетен штит се очекуваше целосно да биде оперативен до 2012 година

Соединетите Американски Држави ќе го напуштат планот за развој на ракетниот одбранбен систем во Полска и во Република Чешка, според „Волстрит џрнал“. Весникот објави дека тој ќе биде напуштен поради тоа што иранските планови за ракети од долг дострел не биле толку напредни, како што се предвидуваше. Чешки официјални лица изјавија дека Барак Обама разговарал со нивниот премиер, додека, пак, полски официјален претставник наведе дека постои можност штитот да не биде поставен во Полска.

Планот ја налути Русија, која тоа го гледаше како директна закана. Претседателот Обама нареди ревидирање на одбранбениот систем, претставен од неговиот претходник Џорџ Буш. Во август 2008 година САД потпишаа договор со Полска за стационирање на пресретнувачи во база во близина на Балтичкото Море, а со Република Чешка за изградба на радарска станица на нејзина територија. Портпаролот на чешката влада изјави дека Обама во средата разговарал со чешкиот премиер Јан Фишер, но одби да открие други детали.

Ракетниот штит се очекуваше целосно да биде оперативен до 2012 година. Вашингтон соопшти дека европските локации биле потребни за да се заштитат европските сојузници и американските сили во Европа од Иран и од други земји. Меѓутоа, „Волстрит џрнал“ објави дека „САД ќе го темелат своето решение на одлуката бидејќи иранската програма за ракети од долг дострел не напредувала толку брзо како што претходно се проценувало, намалувајќи ја заканата кон континенталните американски и големите европски метрополи, според сегашни и поранешни американски официјални лица“. Весникот, цитирајќи анонимни извори, наведува дека Белата куќа би наредила „промена кон развојот на регионални ракетни одбрани за континентот“ за да се одговори на заканата од иранските ракети со краток и среден дострел. Најавата се очекува подоцна да биде дадена од страна на секретарот за одбрана, Роберт Гејтс, и воениот персонал, на конференција за печатот, според Асошиетед прес.

Иран соопшти дека неговата програма за развој на ракети е целосно за научни, набљудувачки или одбранбени цели, но на Запад и меѓу иранските соседи постои загриженост дека ракетите би можеле да ��е употребат за носење нуклеарно оружје.

Како дел од долгорочните напори за решавање на овој проблем, Иран на 1 октомври ќе разговора за својата нуклеарна програма со Русија, Кина, САД, Франција и со Велика Британија, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија. „Волстрит џрнал“ објави дека администрацијата на Обама „се очекува да ја остави отворена опцијата за рестартирање на полскиот и на чешкиот систем ако Иран во иднина направи напредок во однос на ракетите со долг дострел“. Русија го гледаше американскиот ракетен план како директна закана по неа, и покрај уверувањата од САД дека тој за своја цел ги има „непријателските“ земји, како Иран. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи беше цитиран од новинската агенција Интерфакс како вели дека Русија чека потврда на информациите. „Во принцип, таков развој на ситуацијата ќе кореспондира со интересите за развој на нашите билатерални односи со САД“, изјави портпаролот.

Во ноември Русија ги премести своите балистички ракети во Калининград, меѓу НАТО-членките Литванија и Полска, за „да го неутрализира, ако биде потребно, американскиот антиракетен систем“, изјави во тоа време рускиот претседател Дмитриј Медведев. Медведев, исто така, посочи дека Русија електронски ќе го блокира американскиот антиракетен систем. (Би-Би-Си)




#
Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 18.09.2009 14:54:06
Ете му ја шансата на Г-динот Стевче Пендаровски да си ги земе ракетите во сопствениот двор. Под услов ако си има сопствен двор. Само дали прочита со каква радост, жителите на населеното место Редзиково во Полска ја дочекаа оваа вест. Нажалост, нашата сервилност, нема да не одведе до никаде.

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (5)
„Владата“ на СДСМ ќе излезе од сенка по Нова година
Бугарски пасош како награда
Зденко
Избори со референдум - мамка или реалност
Бесплатни учебници, сепак, нема за сите
Работниците нема кој да ги заштити
Претседателот Иванов ја чека Грција на полпат
Срамни ветувања
Маглива идила
Кој нема ХАСАП - од 1 октомври казна или клуч