Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Претседателот Иванов ја чека Грција на полпат

Во интервју за ДПА, Иванов вели дека Македонија го изодела својот дел од патот. Сега е ред на Грција

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изрази уверување во перспективата за преговори за членство во Европската унија по овонеделната средба со неговиот германски колега Хорст Келер во Берлин. Иванов изјави дека неговата посета се случила во момент кога „државата очекува позитивен извештај од ЕУ и Македонија со нетрпение го очекува одредувањето на датумот за почеток на преговори за членство“.

Скопје се надева дека ќе се остварат најновите планови на Македонците за укинување на визите за патување во земјите од т.н. шенгенска зона на ЕУ од почетокот на 2010 година. „Оваа посета има многу симболика“, изјави Иванов во интервју за ДПА.

Македонскиот претседател изјави дека во исто време со 20-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид неговата земја одбележува 18 години од својата независност. „Германија беше главниот партнер во исполнувањето на реформите поставени како услов за членство во ЕУ“, вели тој.

Во врска со спорот околу уставното име, претседателот Иванов изјави за ДПА дека компромисот е како танго. „За да се постигне компромис, секогаш се потребни двајца. Ние го изодевме нашиот пат. Сега очекуваме Грција да го изоди својот пат и да најдеме заедничка точка и да се сретнеме во средината“, изјави Иванов.

Четириесет и деветгодишниот претседател, кој ја презеде должноста во текот на мај, изјави дека е оптимист по минатонеделното решавање на повеќегодишниот граничен спор меѓу Словенија и Хрватска, наведува ДПА.

„Очекуваме нашите пријатели во ЕУ да посочат дека Грција треба да го следи примерот на Словенија и да можеме да започнеме преговори за членство“, рече Иванов. Тој изјави дека Македонија заслужува да има приоритет за прием во ЕУ, бидејќи ја докажа својата решителност и покажа дисциплина во спроведувањето на неопходните реформи. „Не сакаме да добиеме подарок или награда од кого и да е. Едноставно, сакаме да видиме резултати за тоа што го сработивме“, рече Иванов.

Тој нагласи дека разочарувањето од минатогодишното невлегување во НАТО е видливо во Македонија. „Но, и покрај тоа, Македонците не искажуваат омраза спрема грчките соседи“, дополни Иванов. „Независно од тоа ��али сте во најмалото село во Македонија или во Скопје, луѓето го пијат грчкиот национален пијалак узо, јадат грчка салата и понекогаш слушаат грчка музика“, изјави Иванов.

Според ДПА, односите на Македонија со некои од соседите се затегнати. Бугарија го обвинува Скопје дека лошо го третира етничкото бугарско население во земјата. Односите беа уште повеќе загрозени со инцидентот со бродот во почетокот на септември, при што загинаа 15 бугарски граѓани. Други 40 патници беа спасени, пред се', благодарение на помошта од луѓето, кои се наоѓаа во близина, наведува ДПА.

Во вторникот, Бугарија им издаде пасоши на тројца Македонци во знак на благодарност за нивниот придонес за спасување на жртвите. Овој потег сигурно ќе ја погоди Македонија, имајќи ја предвид бугарската политика за издавање пасоши на Македонци, која во Скопје се смета за поткупување на националниот интегритет. Но, Иванов посочува дека секојдневните грижи се причината што ги тера луѓето да земаат странски пасоши за да можат да патуваат по работа во странство во време кога Македонија се наоѓа на црниот список.

„Колку повеќе наближува 1 јануари, кога ќе стапи во сила визната либерализација и Македонија ќе се најде на белата шенген-листа, толку помало ќе биде значењето од поседување бугарски пасош“, вели тој. „Со сигурност“, признава Иванов, завршувајќи го интервјуто, „добар гест е на тие луѓе да им се даде награда од која ќе може да имаат полза само уште неколку месеци“. (Д.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 1921 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 18.09.2009 00:39:21
Gorge, Gorge, zarem mislis deka EU e tolku naivna i veruva na tvojte odnosno na lagite na Grujo deka Makedonija gi ispolnila uslovite? Zemjata ja vrativte 50 godini nazad, kradete se sto ostana , ja unistivte demokratijata, 100 pati ste polosi od SDSM!
Од: Mene do Vas
Датум: 18.09.2009 00:52:25
Pa ne mi se veruva deka bash ovakva izjava dal Horhe: Скопје се надева дека ќе се . . . . . bla bla bla. Vie novinarite vitoperite se od red. Istorija, pripadnost, izjavi. A DPA veli: односите на Македонија со некои . . . . bla bla bla. A toa so pasoshite kako nagrada, pottiknuva samo povece brodovi da pocnat da tonat. Spasuvanjeto dava pasosh.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 18.09.2009 02:24:21
Pasko ja prekopa FYROM. Sega uste Grcite da se raskopaat i ja naredivme rabotata :)))
Од: Bern-CH
Датум: 18.09.2009 08:16:38
Golje nema sto da se filozofira, Makedonija kje vleze vo EU koga kje go smenime imeto, a so BG kje se podobrat odnosite, kogja kje se revidira nastavata po istorija vo ucilistata vo MK.
Од: dedo dimo
Датум: 18.09.2009 08:39:03
Bravos za predsedatelot na MAKEDONIJA .Jas mislev deka TRAKOVSKI beshe navistina dobar ali na zalost negoviot zivot beshe za kratko odzemen , ali sega gledam drug chovek ( odnosno Predsedatel )koj se dvizi po prav pat, iako pred izborite se somnevav. Dali e ova samo pochetok na napredokot na nashata zemja ili ne ke se vidi vo bliska idnina.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.09.2009 09:40:29
Некои и тапкањето во место, со Опинци во Кал, го нарекуваат Напредок! Еве, Дури и одењето наназад, за нив е „наш“ прогрес! Каква невидена креативност! Навистина Хорхе II Миноре се движи по прав пат: На чекор сме до Амбисот!
Од: prjatel
Датум: 18.09.2009 09:43:14
Ѓоре-Ѓоре што направија овие Вмроци од тебе,никогаш за нштоне е касно спакувај си ги куферите ов водно и врати си се дома за твое добро и доброта на Македонија.Ако тоа не ти одговара тогаш послушајме не ја отварај тогаш си најдобар.
Од: realen
Датум: 18.09.2009 10:09:40
Vakvi izjavi moze da si gi dozvoli samo nekoj od zemja kako MKD. Ovoj covek-nasiot Pretsedatel ne moze da se oslobodi od povtoruvajeto (ucel latinski pa se drzi do izrekata). Aber nema od politika, za zalenje sme vo komparacija kade drugi zemji imaat mnogu poveke i mnogu pokompetenti i avtoritativni licnosti za sef na drzavata. Nie go izbravme naturenoto i sega ke slusame pesnicki i ke gledame neprofesionalni nasmevki koi, za zal, ne reflektiraat kako zemja. A takvi bogami ne sme.
Од: Grcka salata +uzo= ?
Датум: 18.09.2009 11:51:05
Vidi majkata kakov pamet i kakvi aocijacii. Makedoncite pijale uzo, jadele grcka salata i ponekogas lsusale grcka muzika , pa od toa se izvlekuva zakljucok deka ne mu se lutima na Grcite za nivnata blokada.. Vakov primer na induktivno zakljucuvanje nemam sretnato. Pieme uzo= gi sakame Grcite?! Askolsun Djole!? A so se odnesuva do viznata liveralizacija, najprvo da pocekame pa da vidime..a i pasos od Eu i vizna liberalizacija ne e isto Djole.
Од: Vane
Датум: 18.09.2009 13:09:17
Но, Иванов посочува дека секојдневните грижи се причината што ги тера луѓето да земаат странски пасоши за да можат да патуваат по работа во странство во време кога Македонија се наоѓа на црниот список.....ili vo prevod...visokite davacki za uvoz na avtomobili i viznata liberalizacija. Sega koga vizniot rezim ce padne, ostanuvaat ekstremno visokite davacki za uvoz (koi sega iuznesuvaat enormno visoki 40% od vrednosta na avtomobilot) na avtomobili i nenormalno visokite davacki za zelen karton za patuvanje vo stranstvo. Sega koga ce padnat prangite od vizite koi ni gi postavija strancite, vreme e i nasata sopstvena Vlada da ne' oslobodi od nivnite prangi, koi se uste poteski od onie na strancite.
Од: Dejan
Датум: 18.09.2009 14:07:24
Hari,sto treskas be ti gluposti-ko Frcko da go slusam..... Dosta so malodusnosti,nekoi lugje se obiduvaat da ni go razubavat gradot i zivotot,no ne mozat se.Treba da rabotite po 8-10 casa dnevno pa posle da se zalite ako nemate dovolno,vaka......lezi lebu da te jadam.
Од: Скопјанец
Датум: 18.09.2009 14:16:45
Браво претседателе. одлична е вашата изјава, продолжете така
Од: Мудар Претседател на Мкедонија
Датум: 18.09.2009 15:05:09
Претседателот е еден од најмудрите политичари во Македонија...критиките не држат место.Позз Претседателе..ПС.прочитајте ЕГО број 1 од 9.септември 2оо4 година....ке видите кои и мисли добро на Македонија...немаме срека и другите политичари да се како него.

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (5)
„Владата“ на СДСМ ќе излезе од сенка по Нова година
Бугарски пасош како награда
Зденко
Избори со референдум - мамка или реалност
Бесплатни учебници, сепак, нема за сите
Обама се откажа од ракетниот штит во Европа
Работниците нема кој да ги заштити
Срамни ветувања
Маглива идила
Кој нема ХАСАП - од 1 октомври казна или клуч