Директен учесник во новата изборна трка повторно ќе биде и привремениот претседател на СДСМ, струмичанецот Зоран Заев
Главен предизвик за опозицијата е да ја освои скопската општина Центар и да ја поврати контролата во Карпош
Александра М. Митевска
За тројца од досегашните градоначалници на СДСМ речиси е извесно дека ќе се обидат да добијат втор мандат на мартовските локални избори. Покрај Александар Петревски од Охрид и Зоран Дамјановски од Куманово, директен учесник во новата изборна трка повторно ќе биде и привремениот претседател на СДСМ, струмичанецот Зоран Заев.
Кога ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе ги поддржи кандидатурите на досегашните градоначалници на Битола, Прилеп и на Пехчево – Владимир Талевски, Марјан Ристески и Јованчо Станоевски, во сдсмовската база течеше постапката за евидентирање и за самокандидирање на можните кандидати за градоначалници и за советници. Процедурата заврши минатиот викенд, а по разгледувањето на дел од материјалите од општинските организации, се наѕираат можните градоначалнички кандидати за некои од скопските општини. Сепак, од информациите што доаѓаат од штабовите на власта и на опозицијата, тешко може да се утврдат ривалските двојки, бидејќи и едните и другите прво ги соопштуваат имињата на своите кандидати во општините во кои се надеваат на најсолиден резултат.
Главен предизвик за опозицијата е да ја освои скопската општина Центар и да ја поврати контролата во Карпош, каде што десницата го презеде мнозинството кога Андреј Петров ја напушти градоначалничката функција и се пресели во парламентот. Социјалдемократите од Центар ги предложиле како можни кандидати Дамјан Манчевски од Извршниот одбор на партијата, Јани Тагасоски, претседател на партиската општинска организација и актерот Петар Арсовски. За Карпош, пак, ќе се избира меѓу Јован Деспотовски од ИО на СДСМ, поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, и лекарот Тихомир Матовски. Во некои месни организации како можен претендент за градоначалничката функција бил предлаган и либералдемократот Стевчо Јакимовски, ама преовладало мислењето дека социјалдемократите треба да настапат со свој кандидат.
СДСМ има тројца потенцијални кандидати и во Аеродром, каде што ќе се одлучува меѓу поранешниот студентски лидер Диме Велков, амбасадорот Тихомир Илиевски и архитектот Никола Велковски. За Кисела Вода, пак, како најсериозен предлог се споменува Чедомир Саздовски, кој беше градоначалнички кандидат и на претходните избори.
Адутот за главниот град ќе се чува во тајност до февруари, кога СДСМ веројатно ќе ја составува и советничката листа за Скопје, за каде што, наводно, имало најголема навалица од звучни имиња кои останаа без функции по губењето на власта. Не е исклучено дотогаш да тактизира и владејачката десница, имајќи предвид дека победата во Скопје, всушност, го одредува изборниот победник.
Од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини како посигурни за уште еден мандат се споменуваат Петар Латиновски од Бутел и Коце Трајановски од Гази Баба, кој се споменува и како еден од фаворитите во битката за главниот град.
ВМРО-ДПМНЕ неодамна соопшти и дека во Кичево ќе ја поддржи кандидатурата на претседателот на тамошниот општински комитет, Благоја Деспотовски. Во Кочани, пак, владејачката партија ќе му даде нова шанса на пратеникот и стопанственик Ратко Димитровски, кој во 2005 година ја изгуби градоначалничката битка. Но, овој пат Димитровски ќе има друг ривал од СДСМ, бидејќи Љубомир Јанев, кој неодамна стана потпретседател на опозициската партија, наводно, се откажал од можноста за трета градоначалничка кандидатура.
Во битка за уште еден мандат најверојатно нема да влезе ниту штипскиот градоначалник Панде Сарев, бидејќи социјалдемократите овој пат сметале на претседателот на општинската организација, Ванчо Коцев. Од друга страна, големи се шансите либералдемократот Аце Коцевски, со поддршка на СДСМ, трет пат да се обиде да ја добие довербата на велешани. Социјалдемократите во Велес заклучиле дека во изминатиот период одлично соработувале со Коцевски и дека не им пречи да го поддржат и на претстојните избори, и покрај одлуките на централите на СДСМ и на ЛДП за самостоен настап на претстојните избори. За возврат, пак, не се исклучува можноста либералдемократите уште во првиот круг да ги поддржат кандидатите на СДСМ во некои „покритични“ општини, иако поголема соработка меѓу некогашните коалициски партии се очекува во вториот изборен круг.
sdsm ovaa godina nema da ima nitu eden gradonacalnik vo makedonija pa treba da vladee vladeackata partija vo makedonija a zaev nema sansi vo strumica
Од: demokrat
Датум: 11.12.2008 02:23:01
e kolku sakam da ve bide more sdsm ama uporno pamet ne vi doaga...uporno se vrtat lica koi stvarno ne moze da se iznacudam kako ---na primer ovoj despotovski , kolku da se lapnelo nesto. edinstven sto vredi e tihomir ilievski mada toj spored mene e kapacitet za pretsedatel a ne opstinski tatko. zaev zasrami se sto ne izleze da dades poddrska za buchkovski, toj bese vo prv red da ti dade tebe poddrshka
Од: Iko
Датум: 11.12.2008 08:07:42
Zaev se falese deka ce nastapele so svoi kandidati, a od tekstot ubavo se gleda deka ni kandidati nemaat, pa "ne im precelo" da podrzat i drugi.
Од: sdsmovec
Датум: 11.12.2008 08:39:17
Nie od SDSM povtorno gresime, bidejki i ponatamu kandidirame stari isvirkani faci , sto narodot ne saka da gi vidi. So ovie kutuci pak gubime. SDSM kako da e stvoren samo za niv. Zalno e , no mpram da konstatiram deka nie sme partija vo odumiranje so ovie isti politicarcinja.
Од: Sandra
Датум: 11.12.2008 08:49:48
Dragi drugari SDSM-ovci,
Dali ste svesni deka unistuvanjeto na partijata prodolzuva?
Dali ste spremni da go slusnete obicniot clen?
Dali ke prestanete da "gi povreduvate" svoite?
Dalis te spremni na izbornite listi da stavate ludje od BAZATA, a ne od onie koi NAMENSKI ja promenile licnata karta za da se kandidiraat a novoizmislenata adresa na ziveenje ne znaat kade se naodja?
Koga veke me ponizivte kako clen ili covek , dali bi mozele barem da se obidete , da odglumite "POCIT" i vo mene da gledate brojka, "GLAS", i toa ne samo eden, barem 4...5.... a ako umeete .... mozebi i 10 pa i poveke?
Ako Vaseto golemo "NIE", se spusti malu podolu i na site gorenavedeni prasanja dade edinstven odgovor "DA", USPEHOT E GARANTIRAN.
Vo sprotivno, ke Ve ima vo tolku "GOLEM" broj, sto ke imate nedostatok na clenovi za sostavuvanje na kandidatski listi.
Za tatkovinata, so BRANKO
NAPRED!!!
Од: vlatko Angelovski
Датум: 11.12.2008 08:51:43
SDSM sigurno ke dobie 30 gradonacalnici,a Delcevo e sigurno sino zolto so crvena ruza.
Videte narodot veke nema da se fati na istata finta,ne moze da se zivee od rozovi reklami i da se rasfrlaat narodni pari G-Grujco.
Од: Strumichanka
Датум: 11.12.2008 09:13:53
Zaev e favorit vo Strumica, a site shto mislat razlichno od ova imaat problem. Ke go izglasame povtorno za Gradonachalnik, bidejki nikoj dosega nema napraveno tolku za Strumica. Cela Strumica e so Zaev i nemora da pisuvam mnogu samo prasajte za negoviot rejting vo gradot i se ke vi bide jasno !!!!
Од: igor
Датум: 11.12.2008 09:44:40
vaka treba. novi lugje. dosta e so stari, izguzvani faci. sdsm forever! i neka ne treska mnogu "demokrat" za koj treba da bide. znaeme deka deteto si e vmrovce
Од: andrej
Датум: 11.12.2008 10:37:22
Me ohrabruvaat iminjata na sdsm!!Koj i da bide od licata spomenati so cista sovest ke glasam za niv!Toa se cesni i rabotlivi lugje, koi postignale nesto vo zivotot za razlika od vmrovskite kadri od koi polovinata nemaat fakultetet i den rabotno iskustvo!
Од: ВМРО НАРОДНА
Датум: 11.12.2008 11:22:59
Ратко не поминува во Кочани, не направи ништо за градот иако е две години Пратеник. Не се победува на избори со отплаќање на маалски вересии. Конечно во Кочани кормилото ќе го преземе ВМРО Народна. Да живее Љубчо!
Од: nikola
Датум: 11.12.2008 11:33:33
Ne se zanesuvajte dajte novi luge , Zecevic koj e toj covek na Branko, ustvari i nemaye drugi site vi izbegaa, na zalost nasata segasna opozicija e na nivo na DPMNE do 1998g. koga nemaa kadar , zalno ama realno!!!
Од: Izbor
Датум: 11.12.2008 12:10:19
Koj go odrede ovaj mediokritet za privremen lider na SDSM. Covekot e bez harizma i ne go biva ni za privremena zamena.
Од: ljupco,bitola
Датум: 11.12.2008 13:07:36
Jas na ovaa"gradonacalnicka trojka"ne bi im dal ni kuken sovet da vodat,kamoli celi opstini.
Од: Mare
Датум: 11.12.2008 15:55:20
Јас сум од општина Карпош, за ВМРО нема шанса, немаат човек а па СДСМ ако се сериозни за Зечевич и лекаротТихомир што беше директор во претходниот мандат ич нека не ми доаѓаат на врата. Дајте бе нешто ново, а не исплукани фаци, веќе видени. Може ќе подразмислам за Деспотовски...
Од: glasac
Датум: 11.12.2008 16:17:45
Ja sum levicar ama ovie od SDSM stvarno go izgubile konpasot imaat li um deka ovie kandidati koi gi preglagaat se izlitena fraza i veruvam deka svesno odat vo poraz na celata teritorija na RM smeneitegi tie iminja edni isti sekogas, ovoj pat ce gi izgubite i Ohrid i Kumanovo