Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Владата ќе набави лаптоп-компјутери и за основците

Жаклина Хаџи-Зафирова

Секој ученик од прво до трето одделение, како и нивните наставници ќе добијат лаптоп-компјутери, најави вчера министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, обраќајќи се на вчерашната четврта Меѓународна конференција на тема „Информатичко-комуникациски технологии во образованието“ што ја организираше Фондацијата „Метаморфозис“. Како поголеми проекти за подобрување на македонскиот ИТ- пазар, министерот ги спомна проектите компјутер за секое дете, студентските ваучери за компјутери, намалувањето на ДДВ и компјутерските обуки на над 30 илјади граѓани.

Владините претставници вчера ги демантираа информациите за пропустите во проектот „Компјутер за секое дете“, реплицирајќи дека никој не им е виновен на наставниците што не ги користат компјутерите. Тие најавија дека до крајот на јануари се очекува комплетирање на компјутеризацијата и во основните училишта.

Според Ивановски, македонскиот ИТ- пазар е зголемен за околу 63 проценти.

„Најзначаен проект е компјутер за секој ученик. Средните училишта се опремени, во наредниот период ќе се доопремат и основните училишта. За секој ученик од прво до трето одделение, како и за наставниците ќе бидат набавени лаптоп-компјутери. Набавката на опремата е во тек, како и набавката на видеопроектори, печатачи и мултифункциски уреди за училиштата“, рече Ивановски.

Тој најави дека започнале и со проектот за електронско поврзување при полагање на стандардизираните тестови. „Станува збор за 100 илјади ученици кои во ист момент ќе имаат пристап до овој систем кој се' уште не постои на Балканот. Очекуваме системот да придонесе за подобрување на резултатите со кои ќе бидат оценувани учениците, професорите и самите училишта“, вели Ивановски, но не открива колку ќе чини системот. Идната година,додаде Ивановски, ќе се воспостави систем за управување со документи во сите министерства, а ќе се изгради и единствена база на податоци на државните институции. План на Владата е да формира и Национален совет за информатичко општество.

Министерот за информатичко општество вели дека се немоќни да се справат со крадењето „мауси“ во училиштата. Според него, неупотребата на компјутерите во училиштата е вина на наставниците.

„Во средните училишта ги ко��истат компјутерите. Но, има извесен број директори кои од нејасни причини не ги користат компјутерите под изговор дека обуките не се завршени. Тоа не е точно, бидејќи 200 информатичари ја завршија обуката и тие имаат капацитет да помогнат и на своите колеги“, смета Ивановски. Тој додаде дека наставниците поминале и обука на УСАИД пред неколку години.


Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 11.12.2008 00:59:16
ajdee..pak ovie mesetarive na guevski nasle vo nekoj belosvetski otpad nekoe gjubre za da go donesat ovde...se razbira so debelki proviziicki..batalete bre vekje vasi kompjuterizacii so drveni kompjuteri koi se nefunkcionalni na drzavava i trebaat i lugje za motika
Од: nabavuvac
Датум: 11.12.2008 02:47:44
a be za nabavki i nema ramen , samo sve ispaga jalovo. ke kupat kompjuteri a zaposluvaat nepismeni vmrovcinja sto ne znaat da gi upotrebat posle istite. pa posle tender za softver i slicni smeshki. ja ne znam lugevo koga ke se osvestat od masovnava hipnoza
Од: Трпе
Датум: 11.12.2008 09:36:04
По завршувањето на овој проект,на ЕПП владата на РМ,за компјутеризација на секој ученик и учител следното ке биде воведуванје во интернет технологијата,поточно набавка на компјутери на секоја крава и овца за да можат да дават повече млеко и волна.И на крај на светот че му отвориме компјутерска војна.Е тогаш светот ке дознае која е таа александрова македонија.
Од: citatelka
Датум: 11.12.2008 09:38:13
Е ова дефинитивно веќе не личи на ништо. А ние пак родителите упорно си молчиме и што ќе ни сервираат тоа си сркаме. Замислете, вчера бев во книжара за да го набавам “новиот“ учебник по математика за шесто одделение, а да не заборавиме дека за дваесетина дена завршува првото полугодие. Цената на учебникот е 350,00 денари. Срам да ви е, кратам од устата на сопственото дете за да го набавам демек новиот учебник. А кога ќе дојдат и другите учебници пак по некоја фрапантно висока цена, морници ме лазат како ќе ги купам. Дајте учебници без пари, не ми кажувајте за компјутери и ред други глупештарии. Школите ни се распаѓаат, а вие компјутери па компјутери. Немам зборови веќе. Ова е страшно. Кого “фарбате“ бре. На кој треба да му завршите работа за да си ги продаде учебниците до крај на годината. Ми доаѓа да се иселам од оваа луда држава. До редакцијата:- испитајте како помина божемната средба на министерот за образ. во Струмица со граѓаните. СМЕШНООО, МНОООГУ СМЕШНО.
Од: Zivko od Skopje
Датум: 11.12.2008 09:41:17
Ne se gradi kuka od krov
Од: ијас сакам лап топ
Датум: 11.12.2008 10:36:31
Охохо .изгледа им се сладија провизиите од компјутерите за средните училишта па сега ќе продоплжат и со основните ,нема да ме зачуди аку до година го прошират проектот и на градинките. Остваруваме.Преродба.
Од: srednoskolec
Датум: 11.12.2008 10:37:35
da, gi koristime kompjuterite-ZA IGRI
Од: Весна
Датум: 11.12.2008 16:59:07
А наместо да троши пари за глупости и да пере пари преку купување компјутери притоа богатејќи само мал криг на луѓе кои добиваат тендери преку партиска книшка, да земе Владата да им даде пари да купат леб на тие 35% невработени во земјава? Kај нас има деца кои страдаат за леб, а не за лаптоп компјутер кој ке се изискрши низ нашите руинирани училишта многу од кои се уште се топлат на дрва.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ДИК го почна проектот за фер избори
Црвенковски- Тешки времиња доаѓаат за Македонија
И СДСМ со своја градоначалничка тројка
Универзалната декларација е многу повеќе од список на права
Како пратенички од Свети Николе ги бранат општите и п��ртиските интереси
Граѓаните „чекаат“ јавна информација и до една година
Брисел го признава напредокот
Подобра позиција на немнозинските етнички заедници
СОНК во преговори за колективните договори