Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Како пратенички од Свети Николе ги бранат општите и партиските интереси

Иван Бојаџиски

ШТИП - Јавноста има можност преку телевизиските екрани да ги следи седниците на собраниската Законодавно-правна комисија, која дебатира за амандмани на Буџетот. Владејачкото мнозинство молчаливо, без дискусија, ги одбива сите предлози од опозицијата. Во еден миг се случува судир на две пратенички од иста општина и од иста изборна единица - Свети Николе, Станка Анастасова од СДСМ и Јаготка Иванова од ВМРО-ДПМНЕ. Интересно е како тие ги бранат општите и партиските интереси.

Пратеничката Анастасова бара од Комисијата да прифати амандман со кој ќе се обезбедат пари за асфалтирање пат од 1,3 километри од село Црнилиште до село Сарамзалино, кое е поврзано со магистралниот пат Штип - Велес. Опозициската пратеничка образложува дека со малку пари ќе се олесни сообраќајното поврзување на двете села во општината Лозово.

Мнозинството го одбива амандманот, а така гласа и пратеничката Иванова. Колешката Анастасова јавно ја потсетува Иванова да не заборави дека граѓаните на Лозово ја избрале за пратеник и дека е обврзана да гласа за одлуки со чија реализација ќе се подобри квалитетот на нивното живеење.

Иванова го обвинува градоначалникот на Лозово, Јордан Павлов (од СДСМ), дека не направил проекти, а бара пари, дека не работи ништо корисно за општината, дека само раскопува улици и пак ги поправа, но само во центарот.

Градоначалникот Јордан Павлов ги демантира обвинувањата на пратеничката од власта. Тој тврди дека неколку години со ред Општина Лозово изготвувала проекти за кои побарала пари од Министерството за транспорт и од Буџетот.

„Три години конкурираме, три години власта не' одбива. Имавме проекти за канализациски мрежи во Милино, Каратманово, Дорфулија. Имаме и пресметка за доасфалтирање на патот Црнилиште - Сарамзалино. Изгубивме секаква надеж дека Владата, министерствата, институциите ќе се сетат дека и на овој простор живеат граѓани на Македонија кои имаат комунални потреби. Казнети сме, бидејќи во Лозово власта ја има СДСМ. Болно е кога избирачите ги казнува пратеничка за која тие го дале својот глас“, нагласува Павлов.

Според него, со нефинансирање проекти од капитално значење власта ги казнува опозициските општини. „Размислуваме дали да трошиме пари на проекти за ко�� однапред знаеме дека во собраниските тела нема да поминат“, вели градоначалникот Павлов.


Статијата е прочитана 570 пати.

Испрати коментар

Од: valentina
Датум: 11.12.2008 09:05:42
eeeeeeeee jagodo, jagodo izgleda si zaboravila od kaj si, pa taka e, daj mu vlast na covek i ke vidish kolku vredi, a gradonacalnikot shto da pravi koga ne moze da realizira ni eden proekt pozdrav do site lozovcani

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ДИК го почна проектот за фер избори
Црвенк��вски- Тешки времиња доаѓаат за Македонија
И СДСМ со своја градоначалничка тројка
Универзалната декларација е многу повеќе од список на права
Граѓаните „чекаат“ јавна информација и до една година
Брисел го признава напредокот
Подобра позиција на немнозинските етнички заедници
СОНК во преговори за колективните договори
Владата ќе набави лаптоп-компјутери и за основците