Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Црвенковски: Тешки времиња доаѓаат за Македонија

Црвенковски се сретна и со претставниците на зелената коалиција и Одборот за спас на Велес од Топилницата

ВЕЛЕС – „Сиромаштијата и невработеноста се зголемуваат, дефицитот е рекорден, странски инвестиции нема, буџетот во однос на 2006 е зголемен за 50 проценти, тешки времиња доаѓаат за Македонија“, рече претседателот Бранко Црвенковски на трибината „Македонија - предизвици и перспективи“ завчера во Велес.

„Цел свет презема мерки за да и' помогне на економијата и на граѓаните, единствено нашата не' убедува дека ќе нема последици. Според неа, дури светската криза е голема шанса за Македонија оти инвеститорите ќе бегале од несигурните земји и ќе оделе во стабилните каква што е Македонија“, рече Црвенковски. За спас на македонската економија Владата излезе со пакет од десет мерки за кои претседателот вели дека се нова, груба манипулација со јавноста. „Кога сите меѓународни институции најавуваат дека поради кризата парите ќе поскапат, кредитите ќе станат понеповолни, каматите повисоки, токму во тој период Владата најавува земање кредити за изградба на инфраструктурата, а во 2007 година однапред ги исплаќаше многу поповолните кредити и се фалеше“, истакна Црвенковски.

„Оваа Влада во изминатите две години потроши помеѓу 70 и 100 милиони евра да се рекламира и да не' лаже, а со истите пари можеше да се отворат десетици фабрики во кои ќе се вработат дваесет илјади луѓе и со тоа, на пример, ќе беше решен проблемот со невработеноста во Велес“, рече Црвенковски. Црвенковски смета дека со новиот Закон за исплата на бруто-плата, кога ќе се плаќа данок и на хранарината и на превозот, работниците повторно ќе осиромашат оти тие или ќе се укинат или ќе бидат намалени.

Според претседателот, земјава веќе нема меѓународен имиџ, а влезот во ЕУ и во НАТО целосно е блокиран. Токму во оваа ситуација, вели Црвенковски, решил да се врати во СДСМ, со единствена намера да ја порази оваа политика.

Непосредно пред трибината, Црвенковски се сретна со претставниците на зелената коалиција и Одборот за спас на Велес од Топилницата. „Со самото тоа што се сретнав со вас, значи дека ве поддржувам“, им порача претседателот на велешани, притоа велејќи им дека им стои на располагање за помош која е во рамки на неговите ингеренции. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 1279 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 11.12.2008 00:51:47
kako ne mu e sram na crvenkovski da napaga nekoj drug i da zbori deka ,,teski vreminja,,doagaat za makedonija...zarem nee toj eden od onie sto se ,,najzasluzni,, za toa? sekoja vlada sto toj ja vodese od proglasuvanjeto na nezavisnosta pa do denes,pravese katastrofalni raboti za drzavata.a i kako pretsedatel nisto arno ne ni donese.si zemase i uste si ja zema pretsedatelskata plata,gi koristi privilegiite,a se odnesuva kako politicki trup.
Од: novoselec sando
Датум: 11.12.2008 01:09:30
B C da si pravi politićar i pošten treba da rabotiš kako predsedatel na državata za makedonskiot narod kako ne partijski po što državata e so poveke partijski sistem pomina vremeto edno partijski komonizmot prpadna a vie kako predsedatel rabotite za S D M S sram da ve bide
Од: portparolka :)
Датум: 11.12.2008 02:45:15
se slagam deka megunaroden imidz na rm moze samo sdsm da donese i toa se dokaza i pokaza. vo toj imidz imase golema uloga prof buchkovski. sepak od branko ocekuvam da ni go vrati dostoinstvoto na site intelektualci i normalni luge sto rabotevme pozrtvovano za drzavnite interesi a sega sme marginalizirani zatoa sto ne se palime na hunzi i na aleksandar makedonski. no pred se branko mora da ja sredi partijata od ligushi koi kako sto rece radmila , prvi vikaat ura i prvi vikaat ua, odnosno sekogas se na strana na liderot. licemeri i liglinja nema da pomognat nikogas.
Од: leshnik
Датум: 11.12.2008 06:10:50
Teshko na Makedonija so tebe.
Од: Iko
Датум: 11.12.2008 07:59:38
Abe sto e ovoj B.C.? Pretsedatel ili pratenik na opozicijata? Za toa li e izbran i za toa li zema od nasite pari? Mesto da trca niz svetot da ja promovira Makedonija vo ovie istoriski momenti toj se utepa borejki se za podiganje na katastrofalniot rejting na negovata partija. Pa neli treba da ja ostavi partiskata kniska dodeka e pretsedatel?! Vaka i samiot pokazuva deka ne e pretsedatel, tuku obicen gragjanin. Ogromen broj od Makedoncite veke odamna ne gledaat vo nego kako na svoj pretsedatel. Toa i samiot toj go znae i zatoa resi da ne izleze na izbori.
Од: makedonce
Датум: 11.12.2008 08:33:31
se kladam deka branko znae deka drzavata ni se vika makedonija(a ne severna grcija)..pa uste se sekira za drzavata....
Од: Zane
Датум: 11.12.2008 08:53:25
Branko Crvenkovski e povtorno staven pred predizvikot da izvojuva golema nova pobeda za Makedonija. Samo napred, Branko, so tebe sme!
Од: andrej
Датум: 11.12.2008 09:07:26
Treba malku ovoj narod da oseti na svoja koza sto e ovaa politika pa posle da se svesti!!Vo sprotivno pak ke go lazat so reklami, hunzi, nacionalizam..Treba da postrada malku od ova sto go pravat fasistite na vlast!
Од: Skopje
Датум: 11.12.2008 11:00:49
Тешките времиња со СДСМ поминаа, промените дојдоа. За Македонија има надеж.
Од: Trajko
Датум: 11.12.2008 11:31:16
Dpmne-ovcite se vistinski mali deca.Sakat i koga greshat da bidat faleni.Ako ne veddnash plachat.Od vakvi dechishta nema kar ni koga ke porasnat.Nivnata maka e vo toa shto vo nivnite redovi nemozat da najdat kandidat za pretsedatel.Ke pobedat edinstveno ako go predlozat gospodinot Kerim.
Од: marjan od kumanovo
Датум: 11.12.2008 12:27:57
Crvenkovski vcera na Alsat uste ednas dokaza deka vo Makedonija mu nema ramen vo pogled na harizmata i politickoto iskustvo,nasproti populizmot i diletantstvoto na ovaa Vlada i Gruevski.
Од: isteruvanje od rabota
Датум: 11.12.2008 13:28:12
Samo kolku da znaat citatelite. Moj blizok od familija bese isteran od rabota koga BC bese premjer so obrazlozenie deka bil visok , a vednas potoa na istoto rabotno mesto bea vraboteni dvajca partiski vojnici od sedeseto.
Од: kapitalist
Датум: 11.12.2008 15:03:05
Uste eden dokaz deka BC e komunist. Vo koe vreme on zivee pa da posocuva deka drzavata treba da otvora fabriki. Ocigledno vakov tip povekje pripagja vo stara Jugoslavija. Mnogu jaka drzava ke bideme ako lugje kako nego pocnat da se zanimavaat so biznis. Ajt sea sedi madro.
Од: Brian, Canada
Датум: 11.12.2008 16:27:21
kakov non-sens, kakvo nepoznavanje! G-din pretsedatele podobro ne kazuvajte za ekonomijata, izgledate popametno koga molcite. Vo vreme na recesija kamatite pagjaat, poradi padot na investiciite, pri ista ponuda na parite. Od kade gi crpitye tie informacii ne znam, a sto li vi pravat sovetnicite? Vo Kanada sekoj mesec kamatite na bankite pagjaat, taka da doagjaat do recidi rekorno nisko nivo. Plasmanot na kreditite e povnimatelen poradi kreditinata kriza vo SAD, no toa nema vrska so visinata na interesot. Ponudata na pari e pogolema od interesot za investicii. odnosno zadolzuvanja. Toa nosi inzvonredno niski kamati. Vo momentite na pridvizuvanje na ekonomijata, kamatite ke pocnata da rastat. Predviduvanjata se deka do krajot na slednata godina kmatite ke ostanat na nisko nivo.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ДИК го почна проектот за фер избори
И СДСМ со своја градоначалничка тројка
Универзалната декларација е многу повеќе од список на права
Како пратенички од Свети Николе ги бранат општите и партиските интереси
Граѓаните „чекаат“ јавна информација и до една година
Брисел го признава напредокот
Подобра позиција на немнозинските етнички заедници
СОНК во преговори за колективните договори
Владата ќе набави лаптоп-компјутери и за основците