На „Бетон“ не му се откажани проекти
Градежното претпријатие „Бетон“ вчера преку соопштение доставено до Берзата ја демантира информацијата објавена во некои медиуми за откажани проекти. „Во врска со веста дека на ’Бетон‘ му се откажани проекти во вредност од 112,2 милиона евра од страна на странски инвеститори, изјавуваме дека веста е погрешно презентирана“, се наведува во соопштението на „Бетон“, објавено на веб-страницата на берзата. Од компанијата најавуваат дека наскоро ќе излезат со подетални информации. (Ек.Р.) |