Фармерите бараат пониска основица за придонесите
Фармерите бараат измени на Законот за задолжително социјално осигурување. Тие предлагаат придонесите, наместо на цела плата, да се пресметуваат на основица од 30 отсто. „Според овој предлог, фармерите наместо 27.507 денари, како што беше минатиот месец, треба да уплаќаат 8.250 денари бруто-плата, пресметано согласно со месечната просечна плата за јануари, односно да уплаќаат по 3.900 денари за придонеси“, рече вчера на прес-конференција претседателот на Федерацијата на фармери (ФФРМ), Ѓоко Данаилов. Според него, треба да се пролонгираат и роковите за плаќање на придонесите, зашто земјоделското производство има сезонски карактер, па не дозволува пресметките да се прават секој месец. (МИА)
|