Нов софтвер против перење пари
Најновата верзија на системот за анализа ај-ту (И2) ќе се користи за спречување перење пари и финансирање на тероризмот и во Македонија, при што ќе ги подобри стандардите за истрага на надлежните институции. „Софтверската апликација во голема мера може да придонесе во поедноставувањето и брзината на откривање на сите сомнителни трансакции“, информираше директорот на Управата за спречување на перење на пари, Ване Цветанов, на вчерашната промоција на апликацијата. Британскиот амбасадор во Македонија, Ендрју Ки, оцени дека се зголемува можноста за откривање на криминалните текови и во државава и надвор од неа. (А.С.)
|