Планот на Обама ќе им помогне на многумина, но не на сите
Администрацијата истакнува дека програмата ќе им помогне на девет милиони луѓе да избегнат запленувања
ЊУЈОРК - Програмата за спречување на запленувања од 75 милијарди долари, што ја најави претседателот Обама во средата, ќе помине долг пат за да им помогне на милиони загрижени зајмувачи и да го спречи надолното спирално движење на пазарот за станбен простор, посочуваат експертите. Сеопфатниот план, со кој се бара модифицирање на заемите за зајмувачите, изложени на ризик или веќе соочени со недостиг, и да им се дозволи на оние кои имаат малку или немаат станбен простор да рефинансираат во подостапни заеми преку намалување на каматните стапки, доведе до некои чудни сојузи.
„Го пресече Гордиевиот јазол што им бегаше на сите“, рече Скот Талбот, висок потпретседател за владини прашања во лобирачката група Дискусија за финансиски услуги. Тој го опиша планот како „солиден пристап“ да се спречат запленувања. „Тоа е огромен, огромен чекор во вистинска насока“, рече Кетлин Деј, портпарол на Центарот за одговорно зајмување, организација за застапување на потрошувачите. „Наменет е за луѓето во различни фази на загриженост, и навистина се обидува да ги насочи сите во вистинска насока“.
Тоа се многу различни реакции од оние со кои беа поздравени повеќето обиди за спречување запленувања од страна на администрацијата на Буш, кои главно опфаќаа доброволни програми за модифи��ации на заеми без поддршка од владата. Критичарите често пати велат дека претходните напори не биле доволни за да се одговори на запленувањата и тие веројатно биле во право. Помалку од половина од заемите модифицирани во јануари 2008 година се' уште беа тековни во ноември, главно поради тоа што со повеќето приспособувања не се намали месечниот товар на исплата, се истакнува во извештајот на Ален Вајт, професор по право на Универзитетот „Валпараизо“.
За разлика од претходните мерки, планот на Обама користи владини средства за да обезбеди иницијативи за зајмувачите, службите за заеми и инвеститори во хипотеки, со цел да се модифицираат заемите во достапни месечни исплати. Исто така, нуди помош за зајмувачите изложени на ризик пред да престанат да плаќаат. Администрацијата истакнува дека програмата ќе им помогне на девет милиони луѓе да избегнат запленувања. (Си-Ен-Ен) |